Се прашувам дали има крај оваа лоша ера на фудбалериве, која трае од самото формирање на ФФМ, со минимални позитивни излети.
Место да гледаат и да научат нешто од КФМ и од нивните измени кои ги воведоа и посебно внесувањето на звучно име за спортски директор, што според мене беше една од клучните промени кои ни донесоа успех. ФФМ си продолжува со мафијашката политика. Мене како државјанин и фудбалски национален навивач не ми е гајле за причината за лошава игра дал ФФМ, дал фудбалери, дал судии биле, дал изреволтиран има некој, дал капитенот провоцира, дал треба нови фудбалери сеедно. Самите нека си ја најдат причината и нека си ја променат, зашто крајно време е.
Збориме за константно децениско глупирање во националниот дрес.
Време е за голема промена, но не ја гледам за жал во блиска иднина.
Додека ние се нервираме за резултативе и повторно им плаќаме карти за да гледаме аматерска игра, тие си прават планови и ставаат темелници на новата зграда на ФФМ. А и секако се радуваат ко мало дете на бонбонче за едниот бод против Словачка, што нема никаква вредност.