Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Исто така,додека не разграничат нашиве такозвани фудбалери некои работи,ништо.Треба да знаат дека репрезентацијата не е средство за само-промоција и за губење на време.
Треба да знаат дека играњето во репрезентација е гордост и чест,како што знаат сите останати играчи во Англија,Франција,Германија,Бразил,Аргентина.Па ете и некои што се поблиску како Хрватска,Грција,Србија.
Не е писта каде што те чека некој да прошеташ по неа и да си ја завршиш работата.
Ако не им е до играње и ако не знаат,тогаш нека не играат.А не само да ја уназатуваат репрезентацијата и да им го зафаќаат местото на некои други фудбалери кои за сигурно заслужуваат барем да изиграат 10 минути за Македонија.
 
Додека хари со мафијата е во ффм и некои "репрезентативци'' што плаќаат за да играат нема никогаш ништо да постигнеме !
 
Прво, мака ми е што ја играв само Т1 2+. Какви само комбинации можев да направам. :mad:

Второ, интересни ми се некои кои што се надеваа на изненадување(уствари и направивме изненадување, изгубивме само со 3 гола разлика).

Трето, според мене, овие(не сите, дел од нив) не треба ни да се кажуваат како репрезентација на Македонија, оти со тоа ја претставуваат цела држава, а со тоа и мене, па ваљда имам право да се побунам.

Четврто, натпреварот започнав да го гледам од 47ма минута, при резултат 2-0. За играта нема што да коментирам, сите сте гледале. Само ќе ви кажам едно. За прв пат после долго време се радував на меч на којшто игра нашиот национален тим. Да, затоа што сакав Ерменија да победи. Веќе ја имав фатено во кладилница(Т1 2+), ама сакав да ни опнат петарда во најмала рака. Затоа што си ја заслужуваме.
За прв пат навивав за противникот на македонската репрезентација, озбилно. Па вие сега ако сакате прогласете ме за предавник, или било што...

За првпат си навивал против нас?Сакаш да кажеш дека до сега не си навивал против нашите?:eek:
 
За првпат си навивал против нас?Сакаш да кажеш дека до сега не си навивал против нашите?:eek:

Цел циклус одиме на стадион да видиме како ке изиграат другите,за нашите знаеме и плус навиваме за други во случај да им треба бод два или три за да се пласираат некаде :pos: :pos:
 
Па не гледајте толку негативно на работите..гледајте малце позитивно на работите,еве на пример вторник против Словачка изиграјте си ја 2-јка и око да не ви клепа:D
 
Па не гледајте толку негативно на работите..гледајте малце позитивно на работите,еве на пример вторник против Словачка изиграјте си ја 2-јка и око да не ви клепа:D

Сите ги научија што ботови се така да од 1.10 не верувам дека ќе дадат повеќе за 2.
 
Ми се однегледува фудбал веќе. После првата со Ерменија на градски, толку се изнервирав што пред да заврши искочив од северна и седев на тревата на кеј и за малце ќе заплачев од нервоза. Порано едвај чекав да играм фудбал, тепав фифа редовно, со душа ги чекав извлекувањата на групите за квалиф..сеа купив баскет, ја сменив фифа за нба... И додека не се собереме сите заедно сложни( навијачки групи и обични луѓе) да го симнеме овој харалампие, тоа ти е.
 
Тоа е тоа друже кога фудбалски необразовани луге го водат фудбало кај нас.
Треба тоа се од корен да се исчисте да застанат прави луге на чело на ФФМ кој ке мислат за тоа како да иде напред а не назад како шо прае сегашната гарнитура шо е на власт...
Треба да се огледаме на една Црна Гора какви луге застанаа на чело,луге кој биле фудбалери и кој си ја знаат професијата и одма се гледаат резултати кај е Црна Гора на овие квалификации а кај сме ние...
 
Леле Ерменија човече прва во група :vozbud: Барем на крај втори да завршат, а може и како најдобри втори да влезат :)
 
Видов некој пишал ниеден тренер неможе да не оправи...Хмм јас не би се согласил постои еден Сер Алекс Фергусон(моментално најбољи тренер во свет спрема мене).Да дојде 1 утакмица ќе видите разлика има стап од глава да им искрши ако не трчаат!!!:pos:
 
Ми се однегледува фудбал веќе. После првата со Ерменија на градски, толку се изнервирав што пред да заврши искочив од северна и седев на тревата на кеј и за малце ќе заплачев од нервоза. Порано едвај чекав да играм фудбал, тепав фифа редовно, со душа ги чекав извлекувањата на групите за квалиф..сеа купив баскет, ја сменив фифа за нба... И додека не се собереме сите заедно сложни( навијачки групи и обични луѓе) да го симнеме овој харалампие, тоа ти е.

Дој нас да не гледаш коа играме, од аматериве сме 5 пати подобри и поинтересни а и за баскет се договараме :D.
 
Една потсетница да прикажам :D

Кај се боси ко народ, па уште не ни знаат да слават. Што е ова бе? Имаат шанса да влезат на ЕП во фудбал а искочиле 5 коли да свират по улици и 2-3 ца викаат од страна нешто:tapp:. Па ние на ЕП во кошарка повеќе славевме за победите во група, а замислете да ни се укажеше ваква шанса во фудбал. Ништо, гола вода се...
 
Тоа ми е и зборот ние како славевме тие како слават ама џабе ја не се надевам на ваков пласман,ако тоа се случи прв излагам со знаме и шал в град!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom