Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Грешка си другар 78% е машкиот пол ,а жени се 22 % си се смешал малце
Иначе одговорите се доста реални ...
 
Нормално дека ќе бидат задоволни со цените кога 80% од присутните беа со гратиси на стадион...

Мирсаде доста со изговори!!!
88A637E40194024F9B9CB73D54ED8787.JPG
Македонскиот селектор ја обвинува опозицијата за своите тренерски дебакли
Ако обвинува тоа треба да биде со докази, а не само со кукавички изјави од кои нема ништо конкретно. Мирсад Јонуз во име на Горан Пандев ја обвини фудбалската опозиција дека му праќала заканувачки смс пораки за да не игра против Камерун. Го кажува тоа без ниту еден грам совест по телевизии и весници...

Пандеви демантираат
Која е вистината!? Имавме разгоори на оваа тема со повеќе личности кои се запознати со скандалозните обвинувања на Мирсад Јонуз.
Ристо Пандев, таткото на нашиот најдобар фудбалер, кој е прозван во целата оваа работа не сака да влегува во преписки затоа што според него станува збор за банална работа коај нема потреба да се коментира.
Вистината е следна. Пандев добил смс порака од некои навивачи кои барале пари за да ја "обработат" скопската публика да не му свири на Пандев и репрезентацијата. Хаџи-Ристески е единствениот кој доби свирежи на стадионот пред дуелот со Камерун. Пандеви демантираат дека имале закани, а Јонуз повторно се фаќа во лаги.

Превземено од: http://sport.com.mk/?ItemID=A79453AF8C21BB40A237F7DE28AE4CBA

Овој човек за се го бива, освен за фудбал... Можеби е редно време да им помогне и на тутунарите и лозарите, со својата "стручност" уште таму не се замеша да исправа криви дрини... Што се не ќе измисли овој човек, прво лажеше за конечниот резултат од натпреварот помеѓу младите селекции на Македонија и Србија, сега измислува некои басни од Езоп, баш се прашувам што е следно!? Можеби пред натпреварот со Ирска ќе има обид од вонземјани да го киднапираат за да ја украдат неговата фудбалска генијалност :toe:
 
Можам да замислам каква е атмосферата у репрезентација со дебилов на селекторско место. Како има доблест да лаже и да се бави со невистини а со тоа и потценувајќи ја позицијата која ја има.
Насекаде бара алибија за неговите неуспеси, не знам, не можам да замислам каков идиот имаме за селектор на фудбалска А селекција.
Ко да е тренер на некоја екипа од трета лига запад, сељачко однесување, кога иде на натпревар ко да иде да пасе овци.
Нема елементарно познавање од фудбал, а поставување на тактика за него е невозможна мисија.

Тешко нас со вакви дебили, поголемо зло не можеше да дочекаме....
 
Кога го сменија Катанец од селекторското место , многу души на форумов беа радосни дека конечно Катанец ќе си одел ( дел од муабетите беа во смисол демек кој било нека биде селектор само Катанец да не е ) ... е па еве помина година и пол откако не е Катанец селектор , и како што гледам ептен многу “напреднала“ репрезентацијата ( со Катанец бевме во топ 50 а сега сме на 81 место ) , но да речиме дека ФИФА ранкингот и не е некој репер за квалитет на репрезентацијата ... работата е во тоа што Катанец е Арсен Венгер за овој сељаков што е сега селектор ... проблемот со Катанец не беше толку до самиот Катанец , туку до тоа што дел од нашите репрезентативци беа против него како селектор ( главен противник беше Пандев колку што се сеќавам ) ... единствена грешка на Катанец беше тоа што си имаше зацртано список на околу 20 до 30 фудбалери кои би можеле да играат за репрезентацијата и не отстапуваше од тој список и не се ни потруди да проба некои други фудбалери надвор од тој негов список , за разлика од Јонуз кој донесе неколку нови фудбалери од кои дел се прилично добри и заслужуваат да играат за репрезентација , и тоа е ЕДИНСТВЕНАТА добра работа која ја направи Јонуз досега ... и порано велев а и сега тврдам дека Катанец ( без разлика на ситните грешки што ги направи ) е НАЈДОБРИОТ селектор кој сме го имале досега ... пак ќе кажам дека само странски селектор ни е спас ( најдобро да е некој Германец или Холанѓанец , па ако треба нека бидат и некои менаџери од тамошни третолигаши ) ... исто така мора под итно да се донесе некој добар психолог во репрезентацијата ( пак најдобро ќе е да биде некој Германец :) )
 
Што не знам што чекаме, слушнал овој дека се прават заврзлами и нормално дека си се нуди сам :tv: Како да ќе смени нешто. Селектор менување е најмал проблем, од одговорните лица треба да се започне промената.
 
И Мурињо да ни го даат пак е џабе.
 
Кој и да дојди со овие играчи тешко дека ќе направи голема разлика..:kesa:
Можеби некој моментален блесок(каков шо имавме на моменти Англија на два пати,Холандија)....
Но дека ќе се промени нешто драстично во играта и резултатите ТЕШКО да не речам НЕВОЗМОЖНО...:tapp:
Зошто со играчи,односно ДРВА од калибарот на Величе Шумуликовски..(НЕЗАМЕНЛИВИОТ)...и ред други да не ги редам(да не заборавам некој,ќе се навредат):baeh:,кои не знаат да врзат две додавања,и да погодат оквир на гол....ништо не правиме....:kesa:
Треба од корен да се смени репрезентацијата..
Но за да се направи ова,треба да се почни од подолните нивоа..
Од младинските селекции...
Тука треба да се создаваат нови таленти,да се развиваат и тие некој ден да бидат движечка сила на репрезентацијата...
А кога ќе се види КОЛКУ играчи имаме извадено од нашоте клубови...и кој НАПРЕДОК тие го имаат...СЕ Е ЈАСНО...
Кога ќе видам кај се се продаваат нашите таленти,и во кои петпарачки лиги си ги кршат нозете и затупуваат,јасно е зошто нема напредок....
Па уште и ги враќаат кога ќе одат на проба,нормално дека ќе ги вратат...кога ќе видат дека не се ни физички спремни,ни кондиционо,да играат во некои слаби лиги како Полска,Чешка,Словачка...да не зборувам колку се далеку од критериумите кои ги бараат топ лигите..
Со овие играчи...со овој фонд пласманот е тој..
И нема шо да не чуди,реално толку ни е силата....
Ќе победуваме(барем засега)редовно со репрезентации како Андора,Лихтенштајн...но прашање на време е кога и тие ќе почнат да не толчат редовно...
Зошто со ова темпо,одиме надолу,наместо да се креваме нагоре....
Треба од корен менување се...
 
Со вакво раководство на ФФМ кој и да дојде џабе.:toe:
 
Македонија во решавачки битки за ЕП 2012

Со денешниот попладневен дуел (16.30 ч.) во полското гратче Бјалско Бала против селекцијата на Португалија македонската футсал репрезентација ја почнува втората и решавачка битка за пласман на Европското првенство во 2012 година во Хрватска.

„Се наоѓаме пред голем предизвик. Дел сме од исклучително силен турнир во кој за противници имаме селекции од самиот европски крем. Главен фаворит за првото место се Португалците. Очекувам жестоки борби за втората позиција со домаќинот Полска и тимот на Белорусија. Несомнено тие се фаворити, но ако се има во предвид фактот дека успешно минавме едни претквалификации со максимален ефект и позитивните резултати во подготвителните средби, тогаш со полно право може да бидеме оптимисти и да ја израдуваме македонската јавност воопшто како прва репрезентација што ќе заигра на голем фудбалски настан“, порача селекторот Васко Скендеровски пред интернет страницата на Фудбалската федерација на Македонија.

линк

Значи денеска почнуваат кавалификациите. Да им посакаме среќа на нашите и да се надеваме на пласман на ЕП.
Туку, ќе може негде да ги гледаме ?
 
Иначе нашата У-19 репрезентација изгуби со мизерни 6:0 од второлигашот Локомотива.... Не иде на добро :(
 
Само тука.
Стрим сеуште не најдов. Ако има некој нека сподели...
 
Полувреме губиме 1:0
Стрим никако затоа што ниту една Полска ТВ не врши пренос ,од оваа група единствено во Понеделник ќе биде пренесуван мечот Полска - Португалија
 
2-0 па сега 2-1 Ранготов стрелец уште 10-тина минути. Чудно сме дале гол иако оваа реченица секоја 2 минута се испишува
Todorovski (FYROM) makes a save. :zver:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom