Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
@beneamata веројатно мислиш на Саша Огненовски кој игра на позиција CB.
Спасе Дилевски мислам дека е контактиран од федерацијата на Македонија, но тој веројатно сеуште се надева на повик од националниот тим на Австралија. Има неколку добри играчи со македонско потекло по светов, дефинитивно најдобри од нив се 18 годишниот Бен Кантаровски кој е најголема надеж на репрезентацијата на Австралија и 19 годишниот Александар Игњовски кој е исто така еден од најголемите надежи на репрезентацијата на Србија. За Кантаровски не знам дали го имаат контактирано иако самиот има изјавено дека Австралија му е на прво место, а за Игњовски од федерацијата наводно го имаат контактирано да игра за сениорите но тој ги одбил. Исто така и првиот голман на U-18 репрезентацијата на Србија е со наше потекло.
 
Освен Вандаир, имаат ли некои други странци настапувано за наша репрезентација (зборам што немале Македонско потекло)? Мене не ми е јасно зошто не увезат некој таков играч... На пример во женската ракометна репрезентација немаше 3-4 чисти Македонки на времето кога беа во најдобрите денови и кога постигнуваа големи успеси... Исто е и со кошарка сега откако донесоа по еден Американец во тимот...
 
Вандаир нема официјални натпревари за нашата репрезентација. Единствен странец кој настапувал за нас е Брага... и тоа едно полувреме, направи пенал врз Бекам и замина во историја :)
 
Вандаир нема официјални натпревари за нашата репрезентација. Единствен странец кој настапувал за нас е Брага... и тоа едно полувреме, направи пенал врз Бекам и замина во историја :)

па за тоа и влезе Брага на таа утакмица..за да го направи пеналот :pos: :pos:
 
па за тоа и влезе Брага на таа утакмица..за да го направи пеналот :pos: :pos:
Многу нормално,местена беше 2 во 1 !!! Уште ке го памтам потегот на Милошевски кога се фрли и ја тргна раката само да не го фати ударот,само незнам дали беше за 1 или 2 гол
 
Изгледа е многу добар дечково.Гледам во статистикава и гледам игра во прв состав на Палермо, има еден настап досега во Серие А, на 10 натпревари во Швајц. лигата има 2 гола и тн.
Незнам зошто не реагираат од федерацијата на "фармери" или многу ги боле Стојко за државата и нејзиниот и репрезентативниот углед.
 
Мислам дека не сака да игра за Македонија, беше спомнат на форумов или на некое друго место мислам овој, ја мислев кога влезе тој Касани за нашиве под 21, мислев дека е тој, али тој да ти бил од Шкендија :)
 
Изгледа е многу добар дечково.Гледам во статистикава и гледам игра во прв состав на Палермо, има еден настап досега во Серие А, на 10 натпревари во Швајц. лигата има 2 гола и тн.
Незнам зошто не реагираат од федерацијата на "фармери" или многу ги боле Стојко за државата и нејзиниот и репрезентативниот углед.
Мислам дека имам напишано тука... Касами е еден од најголемите таленти во Швајцарија, беше дел од нивната U-17 репрезентација која беше првак на светот, така да не верувам дека ќе го добиеме па колку и да го молиме. Минатата година имавме шанси, беше дел од младите на Лацио, наводно изјавувал дека сака да игра за Македонија (тоа го кажуваше Пандев), но сето тоа се случуваше пред неговиот настап за Швајцарија. Дали нешто ќе се промени ќе видиме.
 
Абе не се будали да прифатат да играат тука каде што не се знае кој кај тера. Да е средена федерацијава самите ќе бараат. Нашиве бараат (кој знае колку и како бараат) од нив да играат, но што им понудиле е прашањео? Сигурно нема да дојде од австралија да игра тука каде што ќе му кажуваат да шитка утакмици, а и тамо го нправиле фудбалер, да бил овде тешко дека ќе играле во втора лига.

Не дека не заслужуаат туку немале да ги гураат ако немаат познанство и ќе останеле да трчаат и кршат нозе во регионална лига
 
Абе донекаде и си во право, ама да се надеваме дека нешто ќе се поправи.Јас се надевам.
Сепак надежта последна умира нели?

Јас не очекувам многу од оваа генерација репрезентативци, ни од следната , но од таа што следува по нив како генерацијата на Ристовски,на Бабунски на ред други надежи.(можеби звучам патетично, но е тоа се надевам дека ке се промени нешто, ако не во блиска иднина(мислам на година - две - три макс.) тогаш...)
 
Вандаир нема официјални натпревари за нашата репрезентација. Единствен странец кој настапувал за нас е Брага... и тоа едно полувреме, направи пенал врз Бекам и замина во историја :)

па за тоа и влезе Брага на таа утакмица..за да го направи пеналот :pos: :pos:

Можеше и да се прослави малку повеќе.:)
 
А јонуз пак какви бисери тресе...

- Во првиот дел можевме да им ја наполниме мрежата, а во продолжението се до 80. минута ја имавме контролата на играта и шанси. Во финишот можеа да ни дадат уште два гола, но среќата не послужи. За разлика од дуелот со Словачка кога немавме среќа, овој пат таа беше на наша страна, објаснува Јонуз

- Ова е почеток на квалификациите и мојата работа ќе се види по неговото завршување. Не треба да се заборави дека 13-14 фудбалери за прв пат се во репрезентацијата. Почеток е на сезоната и на многу првенства, ова е нова генерација и потребно е време за да созреа. По тешкиот натпревар и стресот со Словачка, тешко е Македонија да одигра добро два натпревара во низа, додава Јонуз

- Очекувам во паузата од еден месец до натпреварот во Андора, репрезентативците да влезат во форма и да ја забележиме првата победа. Потоа останува таа атмосфера да не се наруши и против Русија, да одиграме добро и да победиме, а потоа да влеземе во форма и да ги вратиме загубените бодови. Како што најавив и пред овие квалификации, очекувам да направиме исчекор и да го избегнеме тоа 4. место, што досега ни беше судено, и знам дека ке успееме во тоа, категоричен е Јонуз.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom