Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
јас кога ви викам дека ние со квлаитет сме со рамниште на малта луксембург и лихтенштајн вие се смеете епа гледајте го клипот :pos2:
Епа дај една нобелова награда да ти даеме штом си толку паметен...
 
еве еден подобар хајлајтс , има уште 2-3 наши шанси плус овде , вклучувајќи ја стативата на наумоски од метар и пол .
 
Кога ќе биде објавен списокот за натпреварот против Словачка?

Баш ме интересира кои се тие тројца што Јонуз ќе ги исфрлел.... Најверојатно Глигоров, пошто он и онака не беше планиран за Малта, али ме интересира кои други двајца, се надевам ќе бидат или Ибраими, Алими или Георгиевски а не некој друг, пошто мислам дека овие се првите што би требале да летаат од репрезентација...
 
На 18 август ќе биде објавен списокот со 22 играчи на него.
 
еве еден подобар хајлајтс , има уште 2-3 наши шанси плус овде , вклучувајќи ја стативата на наумоски од метар и пол .
:o човече, каква мизерна одбрана во второво полувреме, не ги препознав играчите кои беа, ама така ефтино да губат топки во свој шеснаесетник....
среќа пачоски добро брани, дај боже да остане во форма за словаците.
 
Пачовски е повреден, ја скршил ногата вчера.
 
Ајдеее, значи сеа Нурединовски ќе брани.... Знае некој што голман е Един, добар е или? :/
 
41113_142685285763930_135232483175877_241652_381969_n.jpg

Непријатна вест од Белгија за тешка повреда на нашиот репрезентативен чувар на мрежата Томе Пачовски.
Само што помисли дека оформи голмански тандем за наредните неколку години, на помалку од три седмици пред почетокот на квалификациите за Еуро 2012 селекторот Мирсад Јонуз ќе мора да бара и ново решение.
Бранејќи го голот на Жерминал Бершот во синоќешниот првенствен дуел со Андерлехт, Пачовски се повреди при навидум безопасна интервенција во 7-та минута, кога противнички играч биеше кон неговата мрежа.
Исфрлајќи ја топката со левата нога, незгодно застана на десната, при што се здоби со скршеници на фибулата и на тибијата.
Поради тешката повреда, Пачовски ќе мора да отсуствува од терените најмалку половина година, што значи дека на фудбалот би можел да му се врати дури во вториот дел од сезоната која допрва почнува, или во пролетта 2011.
Како што во моментов стојат работите, ова значи дека прв избор на селекторот Јонуз за голманското место во националниот тим најверојатно ќе биде Един Нурединовски, кој брани за кипарски Етникос Ахна.
 
Any information околу списокот со играчи кои ќе играат против Словачка? Би требало да излезе деновиве... :) Ме интересира кој ќе го викнат како втор голман и кои играчи од овие што играа на пријателскиве натпревари ќе бидат сменети....
 
Изгледа на 20 август ќе кажи.
http://ffm.com.mk/index.php?option=...tid=35:2009-03-18-22-05-19&Itemid=100&lang=mk
 
Втор голман Тофилоски, трет - Богатинов!

На списокот на Јонуз за дуелите со Словачка нема да ги има Лазаревски и Ибраими, од кои македонскиот селектор бил тотално незадоволен по мечот со Малта, но од младите ќе биде прекомандуван Лазевски

повеќе тука
 
Добро е што ги исфрли Ибраими и Лазаревски.
Првиов ќе игра за вториот тим на Шалке у Ш лига,а вториов игра катастрофално.
Тофиловски е млад,и квалитетен голман,и Нурединовски исто,мислам дека нема да имаме проблеми на голманската позиција.
Тодоровски верувам дека ќе се наметне како прв избор на позицијата десен бек.
Само тој Лазевски кој е ?
Не ми текнува моментално.....
 
Александар Лазевски од Партизан има 22 години, игра во одбрана лев бек.. до сега настапуваше за младата репрезентација... сношти го изигра целиот натпревар за Партизан против Андерлехт..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom