Многу ме нервираше муабетов после утакмицата во студио. Ок е коментатори, луѓе на интернет, идиоти во кладилница да вадат вакви работи, ама каде бе со оној муабет "toa e, mozebi ne odigravme nisto posebno, ama ponekogas treba i srekata da te saka"
Фактот е дека 99% од просечни гледачи не сфаќаат уште дека дефанзивен фудбал е составен дел од фудбалот и дека да играш одличен дефанзивен фудбал е подеднакво тешко како што е да играш офанзивен фудбал.
Ова денеска беше можеби најдобрата партија на Боби како селектор на Македонија. Со Италија бевме изгубени, лошо поставени и таму имавме среќа и тоа голема, каде што ако среќата беше наклонета за таљаните лесно можеше 3-0 да заварши таа.
Ама ова вечерва беше маестрална партија на Сер Боби. Одлично поставени играчи, одлично доделени обврски, одлично скоцкано се од почеток до крај. Да, помогна тоа што Белгија има повредени играчи, и да, имаше пар моменти каде што паднавме со интензитетот, ама генерално 80% од натпреварот беше според планот на Милевски. Ама па, тоа е, пола екипа не ни игра во своите екипи и секако дека физички ќе бидеме помалку спремни од Белгијците, па очекувани беа тие мали падови. Генерално, Боби денеска лагано го среди Хави Гарсија

Морам да го пофалам кога е за фалење, браво!
Целата дефанзива (+средњаците со дефанзивите обврски) одиграа топ, ама за фалење е Столе, кој денеска одбрани толку добро, што да требаше да го брани и Миле Јанакиевски сега ќе имаше споменик Св. Миле на плоштад. Штета што е на клупа во Валенсија, се надевам ќе се сврти некако ситуацијата го негова полза до крајот на сезоната некако.
Секоја чест за бодот и сега следува уште еден тежок меч, бидејќи Казахстан е далеку од боса репрезентација и ќе биде тешко да се победи со нив освен ако не сме на навистина високо ниво (што мислам фер е да се има страв дека можеби се преморија вечерва психички и физички). Ќе видиме.
Генерално, сум скептик т.е. реалист дека би можеле прво место да сме во групава, ама ајде, ќе видиме, фактот што во последно коло многу веројатно ќе имаме математичка шанса за тоа е и повеќе од добар успех со оглед на се. Плејоф не ни бега
