Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Како не сменивме? Цел концепт на игра и формација го смени Милевски во однос на Мрме. И колку и да бев против Боби, посебно поради подмолниот начин на кој се догура до селекторското место според мене, за што и сум се контрал на темава, сепак мора да му се признае дека со резултатите си го оправдува ангажманот до сега.
Големи импровизации не се можни затоа што моментално го имаме најлошиот избор на играчи во историја, за прв пат со пола репрезентација без минутажа во клубови и веројатно за прв пат каде што ниту еден единствен играч од последната У-21 генерација не е калибар за да биде повикан во А-тим. Станковски полека пропаѓа и во Раднички Крагуевац. Ете можда Рамадани да покажува некој потенцијал за во иднина.

Ова на хартија делува ужасно и повторно и јас сум бил контра тоа, ама резултатите се главното мерило за работата, а за сега Милевски има коректни резултати.
Може многу да се замери поради тоа што си има миленици кои ги повикува без разлика во каква форма се.
 
Дарко Велковски сеуште и Муслиу ? Човек дај олабави со некој печени за пензија
 
Дарко Велковски сеуште и Муслиу ? Човек дај олабави со некој печени за пензија
Муслиу ни е најдобар штопер, лидер е на тимот кој е на врвот во Белгиската лига.
Најчудно е што Велковски има добиено повик, стварно не ми е јасно зошто.
Фетаи од Шкендија беше печен да добие шанса, гази братот во одбраната.
 
Муслиу ни е најдобар штопер, лидер е на тимот кој е на врвот во Белгиската лига.
Најчудно е што Велковски има добиено повик, стварно не ми е јасно зошто.
Фетаи од Шкендија беше печен да добие шанса, гази братот во одбраната.
Ili Mladenovski
 

Гледам Барнли, го нема Чурлинов, не е пријавен никаде или што е работата ???
 

но мислам нема да биде во составот против Селтик денес, има процедура.... Но има Ренгерс и Европска лига, на 25септември против Генк
 
Последно уредено:
Што мислите за ова, ќе бидне ли работата?
 
Па овој Милевски изјави дека имал сличен профил као Илоски, што значи не му влегува у шемите (читај да му земе место на некој од неговите миленици, кои немаат ни минута одиграно.)
 
Па овој Милевски изјави дека имал сличен профил као Илоски, што значи не му влегува у шемите (читај да му земе место на некој од неговите миленици, кои немаат ни минута одиграно.)
Нека си играат за УСА :cool:
 
Не знам зошто уште го вика Милан Ристовски. Нема потреба да докажува дека нема ништо против Стефан Ристовски за да го вика брат му кој ништо не игра веќе 3 години (мислам дека е тоа причината). Нема да му замери јавноста ако не го викне. Ете тој што игра во Америка може на негово место да биде викнат. Мило ми е што и Барди, Елмас и Миовски си се сместија во клубови кои им одговараат. На Елмас ќе му беше подобро да останеше во Торино, ама и вака е океј. Криво ми е за Столе, се надевам ќе најде клуб - а може и подобро да бега од Шпанија.

Глупо е што ќе се игра утакмица со Саудиска Арабија и тоа на неутрален терен. Требаа да организираат со некоја апла слаба утакмица пред Лихтенштајн, да земат да се растрчаат и да вежбаат голови да даваат. 7+ триумф против Лихтенштајн може да биде на сама граница доволно за прво место во случај на ист број бодови со Белгија.
 
Ќе има некаде пренос утре против Саудиска Арабија?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom