Прво и основно,оставете политики,националности и тие срања-ова е фудбал.Сите што играат за репрезентација го презентираат Македонскиот народ а Македонија е мултиетничка држава.
Се бараат дела а не зборови-Се надевам дека ликови како Попов и Ристич никогаш повеќе нема да заиграат за репрезентација.Нека научат прво што значи Македонија и што значи да се игра за репрезентација.
Инаку,за играта.Македонија победи многу силна Србија.Тоа што играше Србија слабо е плод на нашата добра игра.Србија во цел меч не направи една конкретна шанса,нити една(а тоа говори многу за стратегијата на селекторот и желбата за победа на момците).Затвораа простор и се отвораа максимално.Се слагам дека нити ние не створивме стопроцентни шанси(но тоа е плод на нашиот карактер-повеќе бевме ориентирани на затворање на средниот ред од Србите отколку да ги напаѓаме).
Македонија вечерва играше со желба и разумно,пред се тактиката беше да се гуши играта на србија и брзо откривање со брза акција да се креира шанса преку против напад.Србија ако забележавте немаше нити идеа како да нападне.
Ова е огромната разлика помеѓу натпреварот со Хрватска(каде свесно им ја препуштавме играта) и Србија.
Србија не беше очајна,Македонија играше премногу добро.
Поединци нема да издвојувам,сите играа над своите можности и со целосна желба за победа.
Единствена негативна работа што морам да ја истакнам е :Откако ќе се постигне гол тотално испаничуваат,се губат малку во просторот.Треба да се поработи на психолошкиот дел и да се исфрли тој менталитет и став во играта.
Се на се ,многу важна победа.