Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Прво и основно,оставете политики,националности и тие срања-ова е фудбал.Сите што играат за репрезентација го презентираат Македонскиот народ а Македонија е мултиетничка држава.
Се бараат дела а не зборови-Се надевам дека ликови како Попов и Ристич никогаш повеќе нема да заиграат за репрезентација.Нека научат прво што значи Македонија и што значи да се игра за репрезентација.

Инаку,за играта.Македонија победи многу силна Србија.Тоа што играше Србија слабо е плод на нашата добра игра.Србија во цел меч не направи една конкретна шанса,нити една(а тоа говори многу за стратегијата на селекторот и желбата за победа на момците).Затвораа простор и се отвораа максимално.Се слагам дека нити ние не створивме стопроцентни шанси(но тоа е плод на нашиот карактер-повеќе бевме ориентирани на затворање на средниот ред од Србите отколку да ги напаѓаме).
Македонија вечерва играше со желба и разумно,пред се тактиката беше да се гуши играта на србија и брзо откривање со брза акција да се креира шанса преку против напад.Србија ако забележавте немаше нити идеа како да нападне.
Ова е огромната разлика помеѓу натпреварот со Хрватска(каде свесно им ја препуштавме играта) и Србија.
Србија не беше очајна,Македонија играше премногу добро.
Поединци нема да издвојувам,сите играа над своите можности и со целосна желба за победа.
Единствена негативна работа што морам да ја истакнам е :Откако ќе се постигне гол тотално испаничуваат,се губат малку во просторот.Треба да се поработи на психолошкиот дел и да се исфрли тој менталитет и став во играта.

Се на се ,многу важна победа.
По кој основ е Србија “многу силна“? На последните 8 утакмици - под Михајловиќ - успеаја да дадат гол(ови) на 6. Многу се силни можеби во пеење на химната - тоа Михајловиќ го среди.
 
Го претеруваме со химнава, најдобро да се остави публиката да ја пее, нема ништо поубаво од тоа, откако ја усра Каролина наместо да вратат ко што си беше почнаа да викаат секакви "естрадни" ликови да се чепатат ко мечки сред стадион.

И олабавете веќе еднаш бе со Ибраими и Хасани, ако даваат 100% кога играат немам јас никаков проблем со нив. Гледам каква корист имаме од Ариевците Ристиќ, Попов и капитенот наш.
:pos::pos:
 
Леле како се изнасмеав, го прочитав следново на Фејсбук:

Причина за дождот денес е тоа што и Господ плаче кога Македонија треба да игра фудбал...:pos:
Koj se kiti so tugji perja? :-) inaku bev na utakmicata, koga ne se nadevas na nishto najubavo izleguva. Atmosferata so pesnite koi grmea od tribini, neopisliva.
 
По кој основ е Србија “многу силна“? На последните 8 утакмици - под Михајловиќ - успеаја да дадат гол(ови) на 6. Многу се силни можеби во пеење на химната - тоа Михајловиќ го среди.

Индивидуално гледано имаат поквалитетен состав(играчи кои играат во топ лигите во Европа).Загубата со Белгија беше искрено несреќна-имаа шанси да ги напунат но куртоа беше брилијантен вечерта.Србија има состав и михајловиќ не е лош тренер(ако гледаме генерално)-има играчко и тренерско искуство во една од најсилните лиги во Европа).
По тој основ...
 
михајловиќ не е лош тренер
.

Те молам не продолжувај.Михајловиќ е еден од најлошите тренери во историјата, го бркаат од секаде.Каде и да бил тренер екипите стагнираат, играат лош фудбал и завршуваат очајно.
Михајловиќ и добар тренер во иста реченица НЕ!
 
За кого како,јас врз база на неговото искуство можам да речам дека е сосема солиден селектор.
Но вечерва Михајлович беше најмалку крив за загубата(исто така и во другите мечеви) ако гледаме од таа перспектива.Едноставно,репрезентативците на Македонија беа многу подобри од “индивидуално подобрите“ репрезентативци на Србија.
 
Ова е неговото искуство:

Total
107​
38​
37​
32​

35.51%​
 
Србиве почнаа да коментираат по интернет порталите како не ни е срам на нас македонците да им ја исвиркаме химната. Па ало бе, вадат грчко знаме и очекуваат аплауз?
 
Јас лично како Албанец се израдував и навивав за Македонија да победи вечерва.Е сеа што се пеат разни песни,знам дека се пеат но гледам дека поголемиот број на членови го осудуваат тој акт,така да сум среќен поради тоа.Се надевам еден ден ќе ги снема таквите песни и ќе се бодри репрезентацијата како што доликува.
 
Србија била силна? Изгледа збориме за две различни репрезентации. Србите не биле толку мизерни како што се во моментов не памтам од кога. Нападот им е катастрофален (ако воопшто може да се нарече напад). Имаат имиња кои воопшто не се залагаат за репрезентацијата што е гаранција на неуспех.

Истото се случуваше и кај нас до пред некое време (мислам за незалагањето не некои играчи). Искрено пред натпреварот мислев дека ќе загубиме, меѓутоа пријатно ме изненади нашата репрезентација. Играа пожртвувано и со срце. Можеби немаме некој којзнае колку голем квалитет, меѓутоа токму ваквата игра со многу залагање го неутрализира таквиот недостаток.

Околу ситуацијата со Попов и Ристиќ нема да коментирам се додека не излезе на виделина што навистина се случило. Имам голема почит кон Попов, кој секогаш го давал максимумот кога играл за нашата репрезентација и една слаба партија (против Хрватска) нема да го смени таквото мое мислење. Сепак доколку се покаже дека е точно трвдењето за недесциплина апсолтно сум за тоа да сноси последици.
Мора да постои дисциплина, која доколку некој ја наруши треба да биде казнет без разлика дали станува збор за Попов, Пандев (го земам само како пример) или некој трет.
 
Ова е неговото искуство:

Total
107​
38​
37​
32​
35.51%​

Многу оф топик тераме али ајде.
Значи статистиката и реалноста се тотално различни.Првата сезона беше тренер на Болоња(негова задача беше да ги спаси од одпаѓање).Значи,неможи да очекуваш од таков тим да има процент на победи како еден Јувентус или друг елитен клуб(нереално е).Другот тим беше Катанија(од кого исто така се очекуваше да избегне одпаѓање)-Катанија заврши 12 или 13(не се сеќавам најдобро) исто така им нанесе порази на Јувентус и на Интер.Значи ги надмина и неговите очекувања.По завршувањето на сезоната си го поништи договорот(очекуваше да биде повикан како тренер на Интер).Потоа подпиша за Фиорентина(која Прандели последно заврши на 11 место).Фиорентина кога ја превзеде беше во катастрофална состојба(цела сезона неможеше да смета на Јоветич,во меѓувреме исто така се повреди Фреј-го немаше цела сезона).Па се врати Муту од допинг банот и уште го купи Бехрами.На крајот заврши 9 место.Вториот дел од сезоната почна слабо и му дадоа отказ.
Вака на кратко неговото резиме.Али како тренер во една од најдобрите лиги во која 2 клуба спасувал од одпаѓање и 1 заврши сосема на реална позиција ,можеме да кажеме дека е сосема солиден тренер.
 
ОК, не сакам да забегам офтопик, тоа е твое мислење и го почитувам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom