Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Помина шо помина, заврши веќе.
Сега се чека октомври, Филип II се полни цел двете утакмици и конечно да проработиме до максимум.
 
Како бе не биле јаки, па Шакири додека играше за Базел не растресе тие 2 утакмици лани... Швајцарија има многу добри млади играчи, полуфинале играа на U21 EURO .
Затоа на Олимпијада гол не можеа да дадат.
 
Добра игра среќата недостасуваше, треба некој подобар напаѓач да дава голови НАЈДОБРИ ПОЕДИНЦИ ПАНДЕВ & ИБРАИМИ & ГЕОРГИЕВСКИ & ХАСАНИ
 
Затоа на Олимпијада гол не можеа да дадат.

Шпанија на Олимпијада ги изгуби трите утакмици. Шпанија се дупки, а!? :)

Шкотска и Хрватска беа на квалитетот на Лихтенштајн, нема шо да се буните за тоа...
 
Затоа на Олимпијада гол не можеа да дадат.

И Шпанија не даде гол на Олимпијада ама знаеме како играат , не можеш да споредуваш фудбал на ЛОИ со првенство. Супер беше групава и реално освен Белгија и ајде де Србија, све другово требаше да го добиеме пошо се беда. Спори репрезентации, Швајцарија има млади и подвижни играчи, ќе не издишеа уште на полувреме. Еве ако не јас и другите ќе ги потврдат.
 
Требаше да земеме 3 бода од овој натпревар ама тоа кога нема кој да даде гол нека го стави на наредниот натпревар некој од Стојков,Наумовски,Мазновна местото на дрвото Ивановски и ако не се оправи Тричко нека му даде шанса на Георгиев и на селдните 2 натпревари одбраната ќе биде максимално концентрирана и нема да прави глупи грешки бидејќи Србија и Хрватска се многу јаки репрезентации и ако сакаме да продолжиме понатаму ќе треба да освоиме минимум 4 бода на Филип Втори ама ако играме на овој начин како против Шкотска и ако одбраната е на ниво и напаѓачите си ги реализираат шансите имаме шанси да се замешаме во борбата за 2-рото место.
 
Демири беше одличен бе.
Ибраими е како хиена, трча насекаде, само ептен физички е слаб и шутот му е бајаги слаб.
Хасани нема натпревари па затоа го нема тој момент на добри пасови и шутеви.

Најслаб на натпреваров, за мене, и покрај голот, беше Новевски. Многу ми е млитав. Топка со тело ја мава, само да се намести треба. Секоја топка во аут ја шутира и не гледа други опции. Некако ептен неинтелигентен играч ми е...
 
Јас задоволен сум. Чеде ( МАЈСТОРЕ !!! ) со репрезентацијата е 10 дена и одма има евидентна промена.
Нема ништо да коментирам ќе видиме за еден месец. Се надевам на 4 бода.
 
Пандев човече кавви топки ... али џабе е све кога немаме добар реализатор,оној па Мирко Ивановски па..:facepalm:на 3 метри од гол подава па шутни бе човек,многу катастрофа играч ко на јајца да гази !!!
 
Како бе не биле јаки, па Шакири додека играше за Базел не растресе тие 2 утакмици лани... Швајцарија има многу добри млади играчи, полуфинале играа на U21 EURO .
Финале
--- надополнето: 11 септември 2012 во 23:22 ---
Затоа на Олимпијада гол не можеа да дадат.
Не можеше ни Шпанија
 
Значи зошто по секој наш добро изигран натпревар,мора да се кења?хрватска била мизерија,шкотска биле слаби,абе ме боли таквоото за нив,ние си изигравмо маестрално,е сеа што не ѓи искорстивмо шансете,тоа е друга работа.Порано ја рокавмо топката од гол до гол бес никаква идеа,гледајте сеа каква пас игра имамо,така да муабетиве ви са бес веза.
 
И словенците имаат среќе со група, ама Босанците како се паднаа во група со Грција (веќе пропали и во фудбал), Словачка (слични на нас со еден добар фудбалер „Пирошка“), Литванија, Латвија и Лихтенштајн.
 
Ако не беше Шиков со неговата мизерна грешка ќе беше некој друг, така е скоро на секој меч тоа е одраз на квалитетот иако има подобрување во играта сепак не очекувам од фудбалов ама баш ништо.




Мора да нападнеме, мора да постигнеме барем еден гол доколку сакаме да обезбедиме поволен резултат, а тоа барем еден бод. Не смееме да си дозволиме да се браниме и од една наивна акција да примиме гол, нешто што се случи на мечот против Хрватска, вели Ванче Шиков.



Што да се каже повеќе...:tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom