Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Веројатно на ЛАСК повеќе му одговара да игра на позајмица во норвешка втора лига отколку во прва наша лига, инаку кога веќе го праќаат на позајмица можеше да продолжи во Шкендија или во друг прволигашки македонски клуб многу лесно.
 
Елези во Бохум, се исплатеше форсирањето во репрезентацијата.
 
Денес во 18:00 во Париз - ждрепка за Лига на нации 2024/25.

1707378248963.png

TBD = победникот од плеј-оф натпреварот Литванија-Гибралтар.

Словачка, Северна Ирска и Кипар не можат да ни се паднат.

Јас ги сакам Ерменија и Бугарија - пак, а од последниот шешир било кој, сеедно е. Ете, Латвија нека биде. :P

Оваа Лига овој пат е поврзана со квалификациите за Светското првенство 2026 во Канада, Мексико и САД. Но само 4 најдобро рангирани победници на групи кои не завршиле на прво или второ место во нормалните квалификации (ќе се одржат до година) ќе играат во плеј-офот за Светско заедно со 12 второпласирани во групите од регуларните квалификации. 16 репрезентации ќе бидат поделени во 4 групи од по 4 репрезентации во кои ќе се играат по 2 меча само: полуфинале и финале. Победниците на финалните 4 натпревари одат на Светско. Значи не ни значи којзнае колку на нас оваа Лига на Нации во тој поглед, но сепак убаво би било да бидеме првопласирани во група и да се надеваме дека останатите 11 првопласирани во група (или барем 8 од нив) ќе обезбедат учество на Светско или плеј-оф преку нормалните квалификации.
 
1707414077574.png
Автоматски споено мислење:

Време е за одмазда против Ерменија.
Имаме позитивен скор против сите 3 репрезентации:

против Ерменија: 6 победи, 3 нерешени, 4 порази
против Фарски О.: 1 победа, 0 нерешени, 0 порази
против Латвија: 3 победи, 0 нерешени, 0 порази
 
Доста лесна група добивме. Сакав можеби повеќе во Ц групата да паднеме, ама и оваа е добра. Со Ерменија нонстоп играме (на Милевски па му лежи Ерменија некако) и дури и ми смета (нивниот квалитет е малку опаднат, ама се копачи на терен). Некако очекував дека ќе ни паднат Фарските Острови - така тоа ни оди во некои спортови неколку пати по ред ти паѓа една екипа (претходно со Украина игравме во фудбал, женски ракомет, кошарка.. Норвешка ракомет мажи/жени, кошарка). Летонија е поволен противник, иако и тие имаат малку мрднато од мртва точка. Ама па ако ги добиеме сите 6 натпревари, може да бидеме во пол позиција за минимум бараж за СП, а плус и да добиеме добар шешир за квалификациите за СП.
 
Како и што се очекуваше - Аријан Адеми се пензионира од репрезентативните обврски.

Еден од најдобрите и најтехнички потковани играчи во историјата на македонската фудбалска репрезентација.

Човек што поради неверојатен склоп на ситуации заврши кај нас во репрезентација и човек што реално можеше воопшто да не ни игра репрезентативен фудбал и тоа ќе беше сосема разбирливо (или пак да чека повик за Хрватска)

Иако е фала богу повеќе поврзан со Македонија и не е 100% странец како Лестер Бо Мекејлеб на пример, ако збориме зa "натурализирани" играчи, дефинтиивно Адеми е на исто елитно ниво како и Мекејлеб во мојата книга. Клучен играч за настапот на ЕП. Играч што ако постоеше многу порано сигурен сум дека нашата репрезентација ќе имаше многу подобри играчи. Баш беше тоа што ни требаше.

Изгледа како можеби да планираше повлекување и после ЕП, ама ете, Боби можеби го убедил со лажно ветување дека ќе
се бориме пак за пласман и дека ќе ни треба (што реално требшае да се случи). Плус во меѓувреме ете и имаше чудна авантура со трансфер во Азија, па така очигледно беше дека е време за повлекување од репрезентацијата, а се поизвесно е дека и е при залезот и на фудбалската кариера општо.

Ќе биде добро ако се исполни планот за испраќање негово со уште еден настап, мислам дека заслужи нешто такво со се што направи за репрезентацијата.
 
Доказ дека на нас Македонците не ни сметаат Албанци туку односот на одредени спрема државата. Адеми и те како заслужува полн стадион и овации за испраќање во пензија, да не беше таа суспензија од 4 години ќе изградеше многу подобра кариера ама тоа е животот
 
Ќе има пренос од младиве со Гибралтар?
 
Овој Шемовски е интересен играч.
 
Миовски ги здрви на Молдавија. :)
Серафимов одлично полувреме одигра.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom