Јас сеуште не можам да поверувам каква хаварија доживеавме на оваа средба.
А најмногу ме мачи ова:
Какви беа овие замени?
Како бе се најде овој Брдаровски? Која беше поентата со оваа замена? Го вадиш Ашковски кој одлично го чуваше Мудрик, а го ставаш овој гревот кој е виновник за двата гола кои ги примивме.
Овој не е стандарден ниту во Шкупи, а го ставаш со Украина кога се крши резултатот, не е нормално ова.
Избркан е дечкото од Шкупи, најверојатно го ставија во игра за да одигра колку толку и да обезбеди некаде трансфер, не гледам друга логика за измената.
Распад систем беше средината во продолжението без Адеми, па мораше на оваа средба Елмас, Барди, Алиоски и Адеми да имаат комплетна минутажа, кога излезе Адеми имавме непостоечка средина.
Гревот Милан Ристовски

, кога ќе ми текне дека го баравме него после тој гол против Казахстан, демек многу подобар бил од Несторовски

, абе Несторовски за него е Бензема и Кејн во едно.
Не гледам напаѓач во блиска иднина кој би бил подобра опција од Несторовски, овие "надежите" неможат да се состават во Словачка, а камоли да догураат до клуб со реноме како Удинезе.
Оваа замена беше исто тотално непотребна, ќе го бркаат и него од Трнава најверојатно, па го ставија нешто да одигра.
Измена мораше да се прави во одбраната, Муслиу беше невидена катастрофа, плус имаше и жолт картон, шанса мораше да добие Манев, евентуално Велковски.
Катастрофално лоши измени, дали е од незнаење, дали е сосема друга позадината, останува да видиме Италија како ќе помине со Украина.