Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
А што игра он?
Сметало?
Затоа не може на форумов да се дискутира за играчите после утакмица. Секој има некого на пик, Величе го имаат скоро сите, и може да одигра супер (како со Ерменија), пак по утакмица ќе кажат: најслаб беше.

Ако до сега не знаеш кој на која позиција игра во репрезентација, читни по форумов да му се невиди...
 
Ај те молам објасни ми што игра жити се?
Па слаб е што да кажам? Да го величам или да го бранам браво да му речам?
Затоа нема никад напред да мрднеме, пошто сите ви се најјаки, а најјакиот шиткач и сељак и предавник го праите. Не ги сакате искрените, лиглиљата што лижат и ќутат ги сакате, ви одговараат за мотање ама тоа ти е.
Убав кажа Рамос погоре, да играше величе до сеа како што треба подруго ќе беше. Не може цел живот на стара слава да се шлепаат.
Молимте.
 
Ако до сега не знаеш кој на која позиција игра во репрезентација, читни по форумов да му се невиди...

Не зезај бе па и ти, ќе чита сега, ќе се замара. Книги од школо не чита не постови на форум. Најтрагично е шо се занимава со фудбал а не знае на која позиција игра Величе, играч у репрезентација кој не така кратко време е репрезнтативец.

Деца..
 
Не зезај бе па и ти, ќе чита сега, ќе се замара. Книги од школо не чита не постови на форум. Најтрагично е шо се занимава со фудбал а не знае на која позиција игра Величе, играч у репрезентација кој не така кратко време е репрезнтативец.
Многу не знаат која е задачата на Величе и очекуваат од него да биде Роналдињо. Тоа што треба Шуми да го прави, го прави доста солидно... Можеби е малце (повеќе) препотентен, ама е еден од нашите подобри играчи.
 
Можеби е малце (повеќе) препотентен, ама е еден од нашите подобри играчи.

За позцијата која ја игра е наш НАЈДОБАР играч, сакале ние тоа да го признаеме или не..
 
Ристевски десен бек е иначе,или ете десно крило ептен,кај го тури у средина нез.....
И рано му е уште за у прв тим,18 години има само.
Мислам дека во репрезентација го играат како десно крило, а природна позиција му била десен бек.
 
Ристевски десен бек е иначе,или ете десно крило ептен,кај го тури у средина нез.....
И рано му е уште за у прв тим,18 години има само.

Јас разбрав дека последно со у-21 играл средина.
 
Мислам дека во репрезентација го играат како десно крило, а природна позиција му била десен бек.
Незнам кај ја видов тоа формацијата што беше со Ристевски у средина,ко шо незнам зашо го избришав мислењето,али знам дека у Вардар играше десен бек. И речиси сигурен сум и дека во младинската репр. играше на таа позиција.:toe:
 
Кај шуми беше проблем физичката спремност, а тоа со себе потегнува и други проблеми кај фудбалерите. Еден Мунтари за време на постот беше полош од играч од 4та македонска лига.

За жал на таа позиција немаме некој подобар играч, може да се проба со Деспотовски на таа позиција зашто мислам дека има подобра пас игра, додека Величе и со Андора не знаеше да повлече топка по средина.
 
Марјан-Мики, не дискутиравме за тоа како игра туку што игра... престани да прашуваш: е што игра де, е што игра... смешно е. И не ти одговараме :) Не е организатор на игра и не е голман. Па ти сега види, истражувај малку :)
 
Јас разбрав дека последно со у-21 играл средина.
Moжно е незнам.
Како и да е,премногу му е рано да се уфрли у "оган".
Треба уште многу да се оформи како играч. Се надевам тоа ќе му успее во тим како што е Парма. :)

ЕДИТ: Глеам сеа оние ненормалнине од ФФМ како напаѓач го туриле на списокот....
клик
Иначе ако треба да се пробува со некои од младите,еден од нив дефинитивно е Даниел Георгиевски,22 години има,десен бек.... Нешто што дефинитивно ни треба у овој состав
 
Еве 90% од играчите ги отеравт(м)е во Тунгузија, па може ли секој што ќе напише "ѓуро, петко или станко" не треба да играат во репрезентација да каже и кој играч да се земе место нив/него ?
 
Ондак дај да не учествуваме,да не трошиме пари за џабе.
Зошто ниту има иднина,ниту пак во сегашно време нешто правиме.
Стоиме во место и безвезе се нервираме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom