Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Да бидеме реални Германија е сила. Се виде како ги создаваа шансите, за разлика од нашиве кои 3 додавања не можеа да врзат. Квалитетот е несомнено на нивна страна.

Сепак да се примат 4 гола во едно полувреме, па макар и од една Германија е навистина предмет за анализа.

Стратешка грешка е што не останавме со Мрме, туку промената ја направивме одеднаш. Ако ништо друго, требаше да остане и да дава консултации.

Од играчиве Алиоски, дефинитивно не е за во репрезентација. Едноставно човекот прави голем број на грешки при додавања. Разбирам дека порано му се даваше шанса дека играше во англиска лига.
Но сега веќе кога не е таму, сериозно мислам дека треба да се направи анализа за неговата игра и да се избројат грешките кои ги има направено.
 
Не Милевски, Пеп Гвардиола да е на чело, играта и резултатите ќе бидат идентични. Едноставно, овој тим зенитот го достигна на Европското првенство. Толку. Фудбалерите се лоши, потпросечни и просечни. Еден Адеми е добар фудбалер и еден Елмас е демек добар фудбалер, нешто кое сите го чекаме уште од Работнички. Настапот на ЕП претставуваше илузија во очите на навивачите и јавноста.

Па кога ќе прочитам, да се врател Мрме. Мрме не треба да ги пизми, Мрме како потпросечен тренер (способен, рака на срце, да мотивира соблекувална и да држи распашана банда заедно со Пандев малку подисциплинирано) треба секој ден свеќа да му пали на Сејдини и бандитите од ФФМ. Му ја продолжија кариерата со отказот, барем некој Катар може ќе лапне во иднина, ќе спечали денар. Сега слободно може да рече дека игравме на ЕП со него и победнички ни крив, ни должен, да го затвори тоа поглавје.

Кога сме кај благодарниците, да му се заблагодариме и на Чеферин и идејата за пласман на ЕП преку Лига на Нации. Во стандарден формат, никогаш, ама баш никогаш немаше да се квалификуваме на некое големо натпреварување.

Инает, атмосфера, лош ден на противник, понекогаш ќе изненадиме некоја силна селекција и тоа е тоа. За повеќе и сериозен континуитет, си треба системска работа. Од инфраструктура, описменување на тренери во сите категории, коректна домашна лига и најважно - луѓе на врвот кои всушност имаат поим за играва. А не партиски дрипци и лопужи корумпирани.
Додека не се промени ова, а нема никогаш, да си жив и здрав Чеферине за пружената шанса.
 
Велковски , Чурлинов и Костадинов дефинитивно не се за репрезентација ...
На крај 4-ти ќе завршиме , наредна од Ерменија таму губиме .
 
Не знам вие кој очекувате да играат, па Чурлинов беше наше "чудо од дете", барем така во медиумите беше најавуван, најдобар играч од У21 и логично е да биде префрлен во првиот тим.
Е сега ако тој е наш најдобар млад играч, тогаш другите воопшто не се ни за коментирање.
 
За џабе правиме муабет имаме играчи само за едно полувреме во сите области од спорто било фудбал било ракомет итн на
 
Натпревар за разочарување беше тој со Исланд, не е срамота да загубиме од Германија која играше со 6 играчи од слободно можам да кажам најдобриот клуб во светот Баерн.
Реално, играчите на Челзи не натагарчија.
 
Тие се играчите дечки, нема што да бидеме изненадени и депримирани, напредок има и тоа е факт, тоа што е проблем е што јавноста имаше преголеми очекувања поради тоа што обезбедивме пласман на Европско првенство , ама реалноста е дека тоа што се најдовме на Европско првенсто, не значи дека имаме тим за на Европско првенство. Ко во 2006 Светското каде што имаше рендом селекции ко Саудиска Арабија, Ангола, Тринидад и Тобаго, во кои не знаевме ниту еден играч или максимум еден, така бевме и ние на Европсково, тотални аутсајдери, уживавме во моментот и тоа е тоа. Дајте да уживаме во реалниот напредок, што очигледно го има, ама не е толкав каков што сакаме да е, за споредба ние губевме од Андора 1:0, бевме заковани 5то и 6то место во групи и сега на 2 кола пред крај уште сме во игра за второ место и бараж, а 3то место ни е и те како реално. 3то место ние никогаш не сме ни завршиле. Тие се играчите, освен Трајковски што не доби минутажа, нема некој кој може да се каже дека требало да игра и што би можел нешто да смени, Милан Ристовски може ќе добиеше да можеше да настапи и да не беа жолтите, ама разликата во квалитети е минорна, ни збор од тоа дека некој играч ќе направел голема разлика и дека изборот на играчи е погрешен за натпреварот, па тоа да бил проблемот. Уживајте во добрите моменти, бидејќи памтиме и многу лоши од не така одамна, да не дозволиме да не изедат преголемите очекувања.
 
После крајот на овој циклус следниот месец, нема репрезентативен фудбал на пролет а? Тек во летото ако почне новата Лига на нации...
 
Убаво реков, победа со Лихтенштајн, потоа следи потоп со панцирите. Некои ме распнаа тука зашо го кажав тоа и ме претставија ко Бугарофил. Ај прво навлезете длабоко во фубалот пошо е наука тоа, а не народни песни за Гоце Делчев.

Нема да се пласираме на светско, ете вчера видовте зошто дудуци едни.
 
Денеска што кур бараа Чурлинов, Елмас и Алиоски на една страна, а на другата бевме со Боби Николов и Костадинов ??? Поголем дисбаланс не може буквално.
И ја ова прашање вчера го поставив. После тоа, ноќеска а и сабајлево го размислував истото. Да бидам искрен не знам зошто, Конте и сега Инзаги не сум ги размислувал толку после некои нелогични потези али ај, и така не праам ништо.

Ја вака размислувам за потегов.
Чурлинов, Елмас и Алиоски се брзи играчи и способни да изиграат контра, а на таа страна кај германците играше Клостерман плус Суле како дефанзивци кои се тромави и спори, па ваљда очекуваа при брза транзиција таму да ги изгорат. Плус офанзивец кај германците беше Гнабри кој е класично крило и е пребрз нели а овие 3ца наши се брзи играчи плус гризаат у одбрана, Чурлинов и Елмас повеќе од Алиоски кој иако е бек е тапа дефанзивец нели. :D

На спротивната страна кај германците работеше Хаверц кој не е класично крило и кој повеќе влага према средина па затоа малце згуснати везњаци постави Боби таму, Николов и Костадинов. За тој Раум ваљда немаа спремано ништо пошо никој не го ни знае него, а влагаше дечкото секоја акција до наш 16ник пошто имаше еден тон простор што му го отвараше Хаверц.

Ваљда не е до толку очигледен и лимитиран Боби со ваква поставеност. Али друго објаснување ја неам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom