Ние озбилна репрезентација не ни имавме,односно ја имавме во некои наши фантазии,да бидеме реални да не беше Лига на нации немаше да помирисаме Европско,уште и коронава добро ни дојде во таа ситуација,пошто со публика којзнае како ќе поминевме со Косово,посебно на гостински терен.
Ако ја погледнеме пошироката слика во последниве 5 години немаме победено натпревар кај што не сме биле фаворити,освен тој со Германија,само такво чудо се случува еднаш во 30 години.
На секој натпревар во овие неколку години кога игравме со по озбилни репрезентации сме губеле,доволно кажуваат и резултати на Европското,а и преходните квалификации кога губевме од Полска,Австрија итн.
Денеска ни Пандев ни Мрме ни не знам кој да беше немаше да победиме,едноставно Германците дојдоа да победат и не гледаа многу по озбилно за разлика од претходниот пат.
Можеби ќе изигравме малку подобро ама далеку од тоа што го очекуваше цела јавност.
Кривицата на Боби и играчите може да ја бараме во трите нерешени што ги изигравме,посебно со Исланд,тука ни завршија сите надежи.
За жал многу далеку сме од Светско првенство,не мислам само на ова туку општо,едноставно немаме квалитет за такво нешто,имаме неколку играчи што играат во сериозни клубови и тоа е тоа,другите се шлепаат покрај нив,малку се подобри квалитетот кога во сениори влегоа играчите 94/95,ама сепак не е доволно за да бидеме редовни учесници на големи првенства.
Најверојатно во наредниов период ќе паднеме уште повеќе,односно ќе видиме дека воопшто не сме биле напреднати колку што замислувавме.