Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Една ебана акција не се направи преку Алиоски речиси. Братот е многу пропаднат, затоа е во трет план во Лидс. Кога би се вратил Елмас, мисалм дека е подобро да го седне Џани на клупа и да игра Кирче Ристевски лев бек против Грузија.

Навалната линија освен Пандев и Елмас, останатово е не просечно, туку подрпосечно. Тричко, Трајковски, Хасани, Нестогол немаат одиграно асална партија за репрезентација 5 години. Мора да се макне овој Несторовски од прв тим, боље Крсте Велковски од Сараево да игра него овој, типичен селски фудбалер, ги сјебува сите шанси шо ги има, и прв се буни на соиграч или на судијата демек не е он крив, муфљуз.


Toj Кире Ристевски заедно со Велковски е еден од најнеписмените играчи шо заиграле за репрезентацијата...појма нема од фудбал не заебавај :D
 
Само што ние во Ерменија ќе изгубиме 15-0, како што не потопија минатиот пат (а богами не надиграа и во Скопје). Реално, на овие три утакмици апсолутно ништо не покажавме. Освен што сме посигурни од порано (до душа, ќе треба да се види како би играле против посилни, ова се боранија групи).
Не се важни овие утакмици, само нека победат во Грузија во ноември.
Ја се тешам со тоа дека во Ерменија беше само лош ден, едноставно една од најлошите партии што било кога сме ја имале беше тоа, меч што не може а да не си кажеш "...а да не е местена бе?" :D

Шо знам, не верувам дека би не потопиле пак во Ерменија, и таму би бил израмнет меч како овој ваљда пошто очекувам во тоа коло да играме со прв тим.

Ботом лајн: Гајле ми е за групава, битно е на ЕП да отидат, секако лигава на нации не ни носи ништо оваа сезона
 
Toj Кире Ристевски заедно со Велковски е еден од најнеписмените играчи шо заиграле за репрезентацијата...појма нема од фудбал не заебавај :D
Просто неверојатно е како одбрана со Велковски и Кирче, надополнето со очоболни голмани, прима толку малку голови и личи на гранитна одбрана (да го занемариме денешниов излет со мешан состав).
 
Ја се тешам со тоа дека во Ерменија беше само лош ден, едноставно една од најлошите партии што било кога сме ја имале беше тоа, меч што не може а да не си кажеш "...а да не е местена бе?" :D

Шо знам, не верувам дека би не потопиле пак во Ерменија, и таму би бил израмнет меч како овој ваљда пошто очекувам во тоа коло да играме со прв тим.

Ботом лајн: Гајле ми е за групава, битно е на ЕП да отидат, секако лигава на нации не ни носи ништо оваа сезона
Најверојатно на неутрален терен би играле со Ерменија ради војната со Азербејџан.. ЕВе гледам денес на неутрален против Грузија играле.. ОСвен ако не се среди све до тогаш..
 
Просто неверојатно е како одбрана со Велковски и Кирче, надополнето со очоболни голмани, прима толку малку голови и личи на гранитна одбрана (да го занемариме денешниов излет со мешан состав).

Јас просто се чудам како направи онаква полукариера и толку пари Кирче....секоја чест на некои луѓе како му се склопваат коцките во животот...какви деца од неговата генерација што биле ултра талентирани не станаа фудбалери за сега да се келнери и молери низ Малта/Германиј, додека дечкото си чука во Унгарија....алал нека му е , уште појако ми е што упорно го викаат за репрезентација.
 
Сега имаат 4 во 21 утакмица...

Самиот вика дека дале 1 гол во 20 утакмици, и после утакмица кога заврши ГГ3+ демек смешни биле клаџиве што ставиле квота 3.50 на таа игра.
Убаво си рече сабајле дека ги измешал апоите, јас незнам што е упорен со коментариве.
 
Не очекував од Игор дека толку ќе ја промаши работата, па не сме англија или германија да имаме три постави за да одговорат еднакво на секој натпревар..... Можеби пандев беше истрошен од последниот натпревар каде даде Се од себе и заработи многу удари, ама другите.... Не се работи за пријателска да излези со ваков комбиниран состав
 
Може е случајно, ама во прво полувреме изгледаше како да излезе репрезентација на играчи што не играат во своите клубови, па ај да се разиграат малку. Како тимот да го составувале менаџери, а не Мрме.
 
Ova e dokaz deka ne sme nekoja velesila sho mozi da si igra kurtashak so nekoj, t.e ako ne sme kompletni i so maksimalen pristap ne mozime sa pobedime nikoj, fudbal e ova se igra segde se raboti i se ima zelba. Ograniceni sme, ne mozi da imame 20 igraci na isto nivo.
Da se molime da ne se isporazbolat za barazot ili da se isporazboli protivnikot :D
ligata na nacii mislam mozeme da bidime prvi i so samo edna pobeda nad estonija doma.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom