Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
16.000 гледачи имаше, што и не е лошо за нашиов менталитет и со глупиве скопјани.

Штета што не зедовме бод против Полса, два против Словенија и уште два против Израел, со малце повеќе среќа немаше да биди не реално. Ќе си делевме прво место со Полска човече! :love: :love: :love: :love: :love: :love:

Иначе, третопласираните во групите не играат плеј-оф?

На третопласираните им се заблагодаруваат на учеството и им се посакува повеќе среќа на следните квалификации.
 
Гледаше воопшто ? Една шанса не напрај Словенија, цела одбрана изигра на ниво, посебно Кире Ристески изигра ко Малдини во најдобри денови !

Општо во целина гледано кажувам. Муслиу, Велковски и Ристески се играчи од калибар на прва македонска лига, што значи дека се муви без глај. Ристовски е единствениот класа играч во одбраната но како бек не можи баш да помогни во одбрана. Ни фали барем еден штопер кој е во ранг на Барди, Алиоски, Пандев, итн... За жал ни во помладите категории на видик нема некој перспективен дефанзивец.
 
Од 3 утакмици, барем 2 победи да имаме, мислам дека би стигнале до второ место на табела.
Ако не, тогаш здравје среќа догодина со косове.
 
Имаше 16500 гледачи вчера. Патем поголем дел биле дадени гага карти по Општинските фудбалски сојузи, а плус имаше и многу дечиња од фудбалските школи.
 
Без летање во облаци...
Македонија има многу недостатоци ама и еден најголем, тренерот.
Бев оптимист за Мрме на почетокот од кога дојде, ама сега сфатив дека не е соодветен селектор.
Има генерација каква што сме немале досега и резултатите се само успех на поединечниот квалитет.
Мрме вчера изигра очајно лошо од тактички аспект. Друга поквалитетна репрезентација ќе не расклопеше уште во прво.
Николов на десно како крило или незнам што му значеше тоа беше ужас. За џабе го премори Николов кој и онака немаше ниту еден успешен центаршут а ниту дриблинг по десно.
Се знае кај му е него позиција, близу Спировски и Адеми.
Истотака многу ужас потег беше Елмас на левото крило во прво полувреме. Второ полувреме не сум сигурен која позиција точно играше затоа што трчаше насекаде ама сепак мислам дека поголемиот дел беше пак на левата страна.
Во прво полувреме Елмас беше неупотреблив и секогаш беа многу близу со Алиоски но ретко кога знаеа добро да искомбинираат.
Тоа што Кире Ристевски вчера имаше 10/10 е единствената причина што Македонија прими еден гол само и тоа од пенал по глупоста на дрвото Зајков.
Пак се враќам на Мрме, утка невидена.
Илиќиќ си се шеташе буквално, он упорно Муслиу на Шпорар. Мани го Шпорар он функционира само во шеснаесетник, а вчера сите центаршутеви беа во рацете на Димитриевски кој имаше ретко виден перформанс.
Незнам зашто не проба некоја друга формација каде Ристовски би бил десен бек/крило а не на позиција Ванче Шиков. Он е супер во дефанзива ама добро знае и да нафрли или ослободи простор по десната страна. И Тошевски имаше некои добри потези ма да тешко е да се каже многу за таа минутажа.
Се на се, Мрме 5/10 играчите 10/10.
Имавме среќа малку, а Мрме тие 5 од 10 ги добива за Ристевски во прва постава место Бејтулаи.
Ќе ни треба нова формација и други 11 за да извлечеме нешто позитивно во Полска. Но со оглед на табелата изгледа ќе мора да се иде на победа па така не сум многу оптимист доколку Мрме реши на ист начин да игра.
Штета што ваква генерација е предводена од стратег кој има квалитет за клупски фудбал. Мрме знае да препознае талент...ама тактички е разочарување од типот на Џиџи.
 
16.000 гледачи имаше, што и не е лошо за нашиов менталитет и со глупиве скопјани.

Штета што не зедовме бод против Полса, два против Словенија и уште два против Израел, со малце повеќе среќа немаше да биди не реално. Ќе си делевме прво место со Полска човече! :love: :love: :love: :love: :love: :love:

Иначе, третопласираните во групите не играат плеј-оф?
giphy.gif
 
Не ни требаше среќа, ни требаше храброст.
 
16.000 гледачи имаше, што и не е лошо за нашиов менталитет и со глупиве скопјани.

Штета што не зедовме бод против Полса, два против Словенија и уште два против Израел, со малце повеќе среќа немаше да биди не реално. Ќе си делевме прво место со Полска човече! :love: :love: :love: :love: :love: :love:

Иначе, третопласираните во групите не играат плеј-оф?
Не, нема веќе плеј-оф од квалификации, само од Лига на Нации, што ние го имаме обезбедено секако без разлика кое место ќе бидеме

Од 3 утакмици, барем 2 победи да имаме, мислам дека би стигнале до второ место на табела.
Ако не, тогаш здравје среќа догодина со косове.
Нц, не значи ништо 2 од 3 победи, мора и од други резултати да зависат.

Шанисте да се пласираме без 3 од 3 се ептен ептен мали
 
Не би рекол дека се имаше многу среќа, туку дека баш изигравме добро. И требаше да биде повеќе (можеа 4 гола да дадат). Несторовски некако многу слабо ми делува (иако порано викав да игра за репрезентација, ама тогаш па беше во форма). Нека проба со Тричковски од сам старт во Полска.
Искрено Полска и Австрија не ми се нешто посебно. Полска можат да ја победат на гости со исто залагање како со Словенија (Полска имаше среќа во Скопје).Таа со Австрија дома (баш ја гледав на стадион) изгледаше како циркуз наместен, па се надевам дека нема да им се попушта на Австријците во Виена по ниедна цена. Тие имаат и доста размонтиран тим, што од звезди, што таленти, ама не делуваат како тим изнаат да паѓаат многу лесно (И Салцбург исто така.. во една сезона испаднаа од некој си непознат тим). Баш еден Австриец ми кажуваше за проблемите нивни.
 
16.000 гледачи имаше, што и не е лошо за нашиов менталитет и со глупиве скопјани.

Штета што не зедовме бод против Полса, два против Словенија и уште два против Израел, со малце повеќе среќа немаше да биди не реално. Ќе си делевме прво место со Полска човече! :love: :love: :love: :love: :love: :love:

Иначе, третопласираните во групите не играат плеј-оф?
Ееее да идеше провинција на стадион како што купуваат станови во Скопје и Бернабеу ќе беше мал.

И тоа против Линхенштајн
 
Ееее да идеше провинција на стадион како што купуваат станови во Скопје и Бернабеу ќе беше мал.

И тоа против Линхенштајн
А не оди провинција на стадион? Од тие 16.000, 6.000 не се од скопје ти гарантирам! 10.000 скопска публика од кои незнам колку со гага карти за град од повеќе од пола милион е резил. Во Битола да има утакмица 30.000 ќе се соберат.

Не би рекол дека се имаше многу среќа, туку дека баш изигравме добро. И требаше да биде повеќе (можеа 4 гола да дадат). Несторовски некако многу слабо ми делува (иако порано викав да игра за репрезентација, ама тогаш па беше во форма). Нека проба со Тричковски од сам старт во Полска.
Искрено Полска и Австрија не ми се нешто посебно. Полска можат да ја победат на гости со исто залагање како со Словенија (Полска имаше среќа во Скопје).Таа со Австрија дома (баш ја гледав на стадион) изгледаше како циркуз наместен, па се надевам дека нема да им се попушта на Австријците во Виена по ниедна цена. Тие имаат и доста размонтиран тим, што од звезди, што таленти, ама не делуваат како тим изнаат да паѓаат многу лесно (И Салцбург исто така.. во една сезона испаднаа од некој си непознат тим). Баш еден Австриец ми кажуваше за проблемите нивни.

Кој ќе ги чува Лева, Милик и Пјонтек? :icon_lol:
 
Сите знаеме дека шансата за ЕП е преку Лига на нации. Второто место е достижно ама треба ептен да се поклопат коцките, плус со Полска и Австрија да бидеме реални се доста тешки гостувања. Она што е најбитно е дека репрезентацијата напредува. Ова се најдобри квалификации. Од тим при дното веќе стануваме репрезентација од среден ранкинг во Европа. Трети сме во група и тоа во финиш на едни квалификации, со шанси за пласман. Ова беше научна фантастика пред некое време. Плус вакви победи се огромен буст пред мечот со Косово.
 
Ако го тепаме Косово играме против подобриот од останатиот пар од група Д?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom