Искрено не ни очекував поволен резултат во Скадар, ова беше само продолжување на дното кое го имаме допрено одамна. Тотално погрешно беше се со утакмицата, лошо поставени, лоша тактика. Од 2 удари во рамки на голот, примивме 2 гола. Што ќе биде кога ќе играме со Шпанија и Италија, ракомет?
Излегоа со "спуштени" гаќи на терен вчера, како демек со некоја светска велесила играме. Одбраната не знаеше кај тера, Мојсов и Шиков се чукаа еден со еден, Жута си е посебна приказна по себе. Се бранеа како демек којзнае колку посед и шанси ќе ни направат, тие кутрите едвај од единствениот шут ни дадоа гол. Кога го дадовме голот, видоа нашиве колку е саатот, дека имаат некакви шанси и почнаа да трчаат како луди. И голот среќа беше по нивна грешка, инаку ни гол ќе дадевме ни ништо, 1-0 ќе истуркаа до крај.
Тоа денеска беше резил. Да не успееш ти да издржиш 15 минути, капак на се не ни пробуваа нешто Албанците, се беше нафрлени топки од зад центар кон напаѓачите, кои реално добро ги чистеа, се до голот. Захов можеби е киксер, ама нималку не е крив за голот. Како може бе Мојсов да ја остави така онаа топка, ја скри главата едноставно, резил невиден. Имаше после тоа контакт за пенал, ама онде пенал во 90+ единствено ќе ни судеа ако му скршеа нога на некој.
Единствена позитивна работа бар за мене е Алиоски. Алал да му е на детето, се отепа од трчање и борење. Мене само не ми е јасно како може Тричковски и Несторовски да не добијат шанса, посебно Тричко. Во одлична форма е, се отепа од голови клавање, тој зема вахабистот Ибраими го става.
Се на се, не очекувам ништо добро од фудбалов во блиска иднина. Многу работи треба да се сменат, за да имаме некој успех.