Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Офанзивата добра, ама одбранава (посебно Кире) катастрофа. Нема абер чоеков. А и Шиков денеска слабо.
Стјепановиќ малце ме изненади, а и Столе денеска далеку посигурен делува него во ноември кога дебитираше.

Пандев многу активен, со оглед на тоа колку има играно последниве две години и во каква форма е дури ме изненади вака добро што игра, но неможам да разберам што му беше проблемот што не ја пееше химната, сите пееа само он нејќеше уста да отвори, а капитен е чоече...
 
Абе,порано имавме колку толку подобра одбрана со Новески и Седлоски,плус Попов.
Сега имаме подобар напад,одбраната камен до камен.
Овој Ристевски колку е несигурен ни сам не знае моментално.
Жута се труди ептен трча цела страна покрива,не сакам да го кривам ама ептен е ветрушка бе,многу е слаб.

А да,ќе заборавев,Иличич како го излета Кире од десно со лажњак,абе мислам дека се лизгаше до Париз и назад Кирцата :D
 
Ибраими премногу е себичен, а башка тоа што е многу паднат у форма. Тричко исто слабо, Пандев така-така и Трајковски добар.
Одбранава не е лоша, само уште се прашуем што бара Жута у репрезентацијава.

Второ полувреме нека им даде шанса на Илија и Јаховиќ на место на Тричко и Ибраими, сакам да ги видим како ќе функционираа.
 
Ќе ми биде мерак да појдам на утакмица против Бугарија во вторник само заради Пандев, дечкото е класа, единствено добро фудбалско што излегло од државава после Панчев. Седлоски, Новески, Христов беа топ, ама не може да се споредат.
 
Како со шанси за гол во прво полувреме Словенија и Македонија, имаа доста ?
 
kakov cirkuzant e Agim Ibraimi nevidenoo, pet godini mu trebaat dodeka se namesti na leva, srekja sto igra u smesna liga pa dojde do izraz,deckoto nema sansi da napreduva u kariera
 
Како запрежни коли му се впуштија на Брезјак :icon_lol:
 
Леле колку е глуп Шиков бе леле бе зошто Господ не им дава памет на некои луѓе.
Десниот бек ни е излезен го брка играчот,Стефан во случајов одеше по него,овој црепов место да покрие десно на негово место и он у средина застанал.
ПУУУУУУУУУУУУУУУУ ГЛУП!!!!

А ја па се прашувам зошто на менаџер нашиве голмани ја рогаат топката кај противникот во нозе.
Еве зошто,тоа да ти било реалност.
 
Последно уредено:
Е тоа е, сакале да признаеме или не, Пандев е се уште наш најдобар играч. Денес се виде дека не е исто со него и без него. Во прво полувреме бевме стварно рамноправни, Пандев цело време ги разигруваше другите. Во второ полувреме не игравме ништо... Искуството си го прави своето, друго е кога фудбалот си го научил во Италија и си минал „и сито и решето“.
 
Само за информација...

Фудбалска Репрезентација на Македонија
пред 14 минути ·
Пренос од натпреварот на фудбалската репрезентација на Македонија до 21год против репрезентацијата на Исланд која ќе се одигра на тренинг центарот на ФФМ од 14ч ќе можете да проследите на ТВ Сител 3.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom