Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Точно дека се дупки сите тројца, ама еве конкретно самиот одговори си го твоето прашање: кои ни се поасални опции од нив? Со исклучок на Дамчевски кој е подобра опција од Мојсов за што сите се согласуваме дека беше грешка на Ѓуровски, еве кажи кои други алтернативи ги имаме за тие позиции? Кој требаше да игра лев бек, Цикарски? Попов? Цуцули? И кој требаше да игра стопер заедно со Дамчевски ако Мојсов и Шиков не се опции? Зајков што игра на младинско ниво? Или Велковски што за Работнички принудно игра на таа позиција? Или Грнчаров кој е 32 и кога и последните години кога беше во подобра форма не беше подобра опција од Шиков, а сега би требало да биде измислен за Ванче?? Или Таневски кој е исто 30 и кусур? Со нив ли ќе градиме репрезентација за идниот циклус?

Пак ќе кажам, не ги бранам Шиков, Мојсов и Алиоски, се согласувам дека сите тројца се дупки, ама реално и со други да настапевме на нивно место ништо поарно немаше да бидат, неаме некои подобри алтернативи... Едноставно мизерни сме во овој дел од теренот, ЕДЕН асален дефанзивец неаме. Ристовски исто реално моментално е слаб, се одразува неиграњето за Парма и се гледа дека е опаднат, во подобра форма беше додека играше во Серие Б. Георгиевски игра во една Австралија, прашање е колку може да се очекува од него. Тодоровски не игра веќе во Австрија, башка 30 и нешто е. Од младите: Зајков, Муслиу, Драгарски, Најдоски (а и Кире Ристевски кој е неконстантен во својот клуб), никој не игра и не делува како опција за репрезентација... За лев бек па да не збориме, Попов 2 години нема играно фудбал, сеа зимово конечно ќе се врати во игра ама и он е веќе при крај на кариера, башка по толку долго неиграње и сега со играње во Мк лига прашање колку ќе биде корисен ко што беше, Глишиќ е повреден, Алиоски пустиот во втора Швајцарска лига игра, не е тој за репрезентација да градиш, Лазевски практично заврши кариера на 27 години, година дена е без клуб и никој нема абер што бидна со човекот и дали е жив уопште, Ашковски во една Норвешка еднаш не успеа да се избори на клупа да седне а не па кај нас да биде стартер, едноставно распад систем сме, еден играч неаме асален за во одбрана, било дали лев или десен бек или стопер. И Дамчевски што сите го буткаат, и јас би го ставил во моментов за стартер, ама и тој не е некое право решение, сите малце се лажат со тоа што игра стандардно во Холандија. Прво не игра веќе стандардно, последниве месец дена е на клупа, второ игра за еден од најслабите клубови кои во просек прима по 5 гола на натпревар, тоа доволно кажува дека очигледно не им е во ред одбраната, башка не е он некој докажан играч па да знаеш дека е сигурен, пред година дена играше во трета лига во Швајцарија, па 6 месеци беше во Бугарија каде испадна во втора лига... Не викам дека не го бива детето, за сега сепак заслужува да биде стартер, но сепак викам дека и он не е најсигурно решение, не е искусен а и за клубот често беше оценет како несигурен во одбраната...

Па тоа ми беше поентата на мене уште од самиот почеток, кога веќе знеме какви дрва ни играат во одбрана, зошто да не се проба со некој друг, било кој. Викаш од младите никој не делува како за репрезентација, па мене и Мојсов и Шиков не ми делуваат воопшто за во репрезентација, посебно првиот. Овие барем се млади, може да се пробаат, полошо тешко дека ќе биде. Крај краева нека пробаат некој и од Мак првенство, што дека Мојсов игра во една од послабите Норвешки екипи (а и норвешката лига што е една "јака лига").
 
Dorijan igra sekoja utakmica prva postava za mladincite na Real,lanska sezona bese prv strelec vo ligata,godinava isto igra i vo mladinskata liga na sampioni.Go gledav so Bazel vleze vo 70 i nekoja i bese dosta opasen.Kaj nas vo reprezentacija si gazi.Treba da mu se dade sansa barem na prijatelska.

Za razlika od Jahovic,Nestorovski e standarden vo InterZ.Kraj krajava i Jahovic igra vtora liga koja ne se razlikuva mnogu od Hrvatskata vtora.
Може од некаде статистика да ми извадиш бројки во лигата сезонава и кој е таа лига?(Дали е младинци, јуниори, итн..)
За младинската ЛШ колку што можев да видам од 3 утакмици има изигра само 12 минути.

Незнам кај си гледал ти, али Јахович секоја утакмица во Русија(која е далеку поквалитетна од хрватската лига, а и повеќе се вложува, како што ги пишаа) ја стартува и игра по 90 минути. Мислам дека е втор стрелец во лигата, иако има изиграно дури 50 посто помалку натпревари од дргуите кои што имаат исто толку голови, бидејќи руската лига почнува нешто порано, а он дојде на крајот на преодниот рок.
Едноставно се гледа дека отскокнува од квалитет, се надевам дека ќе продолжи во таа форма.

Не дека сум против Несторовски или нешто слично, ама факт е дека сега за сега не е решението и не е подобар од другите кои биле повикани. Дај боже да продолжи да дава голови, па и нека отиде во појака лига да го видиме.
 
Јахович кој игра во јака лига како руската која од година во година се развива наспроти Несторовски кој игра во втора хрватска која е и послаба од нашата прва лига е навистина глупа логика . Јахович е меѓу првите стрелци и има неколку асистенции и како да не биде повикан во репрезентација . Дориан е уште дете ,како да се повика кога ова му е прва година во Хувенилс на Реал . Не е физички јак и прилагоден да се прати во високо ниво да изигра за А-селекција . Давид е спротивното и време е да заигра ,ама полека со зголемување на минутажа . Давид игра во втора шпанска лига и патем држи тренинзи со прва екипа секоја втора недела , имате и видеа на Барса-Јутуб да погледнете . Он е физички јак сега ,го исполнува првиот услов, вториот за тактичко прилагодување е делумно исполнето и би било најдобро да го внесуваат во игра со што поголема минутажа . Имајте верба , имаме одлична екипа од фудбалери и млада генерација која доаѓа, проблемот ни е во контунуитетот на пракса на тактички план . Треба да се воиграат фудбалерите,не се познаваат доволно меѓу себе во игра . Секоја година да менуваме тренери е многу лош ефект поради кое сме доведени на ова дереџе . Да останеше Чеде, ќе имавме успех . Малку фалеше да направиме успех лани . Имавме добра игра ,ефикасна сезона во голови давање , но на крај кога се спои и притисок од публика и покажување среден прст на Чеде и хаос во репрезентација и губење на контрола и предвремено напуштање на Чеде, наместо за 3то место против Србија , ни го спопикаа со 5 гола .

Стабилност, долго практикување и поправање на играта , дисциплина и полека средување на она срање со кое се носиме како репрезентација . Имаме материјал од добри играчи но треба подршка и не на секој неуспех само барај оставка од ФФМ и селекторот . Како автоматска секретарка сме на секое јавување . ПИЧКА ТИ МАТЕРИНА БОШКО !!!! Оставете оставка после сето ова и ти и ФФМ у пизду матер !!! бип :вонзем:
 
A што стана со Дарко Велкоски?

Знам пред година-две го фалеа многу, голем талент, вака така, знам и го бараа некои поголеми странски клубови, се спомнуваа цифри и до пола милион евра...
Некако како да се изгуби, гледам сега почнале да го играат назад, централен дефанзивец...

@Архивист Ти знам ги следиш Работнички по темиве :D
 
A што стана со Дарко Велкоски?

Знам пред година-две го фалеа многу, голем талент, вака така, знам и го бараа некои поголеми странски клубови, се спомнуваа цифри и до пола милион евра...
Некако како да се изгуби, гледам сега почнале да го играат назад, централен дефанзивец...

@Архивист Ти знам ги следиш Работнички по темиве :D
Го играат дефанзивец поради недостиг на дефанзивци во Работнички,од другата половина иде назад на природна позиција . Шишковски од зимава во Гент :)
 
A што стана со Дарко Велкоски?

Знам пред година-две го фалеа многу, голем талент, вака така, знам и го бараа некои поголеми странски клубови, се спомнуваа цифри и до пола милион евра...
Некако како да се изгуби, гледам сега почнале да го играат назад, централен дефанзивец...

@Архивист Ти знам ги следиш Работнички по темиве :D
Прво Селекторот на пријателските средби со Кина го проба како дефанзивец и после почна и во Работнички да игра на таа позизија и пријатно ме изненади брзо се вклопи на таа позиција и игра сосема солидно. На дуелите каде Работнички е фаворит игра одлично затоа што знае и со топка и сите акции започнуваат од него. Сепак против посилни репрезентации не би се снашол на таа позиција,но мислам вреди да се проба,од Мојсов гарантирам дека ке биде 100% подобар.
 
Прво Селекторот на пријателските средби со Кина го проба како дефанзивец и после почна и во Работнички да игра на таа позизија и пријатно ме изненади брзо се вклопи на таа позиција и игра сосема солидно. На дуелите каде Работнички е фаворит игра одлично затоа што знае и со топка и сите акции започнуваат од него. Сепак против посилни репрезентации не би се снашол на таа позиција,но мислам вреди да се проба,од Мојсов гарантирам дека ке биде 100% подобар.
А има некој интерес од поголеми екипа сега? Пишав и во претходниот пост, нели имаше бајаги шпекулации, или ништо од тоа? :)
 
Дориан игра за Хувенил А(играчи до 19 години) и нема ниту еден настап во вториот тим кој игра во третата лига. Сеуште е рано за него.
Давид некако слабо добива шанса во Барселона Б на дел од натпреварите е на клупа, а на некои воопшто не е повикан. Грубо кажано добива по 20-тина минути месечно.
Годинава баш мислев дека ќе има солидна минутажа со оглед на тоа дека ги пуштија најдобрите средњаци на позјмици во прва лига и пак ништо.

Иначе за утакмицата све е кажано, во нападот личевме на нешто ама одбраната чорба. (n)
Ако стварно за една пцовка ги исклучил двајцава нашиот селектор треба да си ја чукне малку главата. Не сме ние Шпанија па така лесно да се откажува од битни играчи.
Со Георгиевски ќе бевме доста поцврсти назад, овој Алиоски очигледно е дека го туркаат во репрезентација некојси агенти за да се продаде, ама изгледа ќе си гние цел живот во аматерски клубови.
 
Алиоски ќе заигра за добар клуб од топ лигите. Ќе го биде дечкото.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom