На 2-ри Ноември, 2021 (Q4) за потребите на АНБ владава донела одлука да се купи имот на поранешната Македонија Табак у Кисела Вода во сопственост на некоја од деловните банки. Некој куцна тука дека се работи за НЛБ но нејќе да е така. Пошо во тековните активни огласи за продажба на подвижен, недвижен и оној што е во процедура на присилна наплата, имотов во ниедна банка не може да се најде, пробуричкав малце и уствари дојдов до КМБ. Имотот го продава(л)а Комерцијална Банка по цена од близу 8 милиони евра. Бидејќи истиот не постои на нивната страна по се изгледа дека дилот е постигнат и би требало глатко да ги видиме парите во Q4. Мене не ми е јасно зошо ниту еден медиум ова не го истражи до сеа пошо муабетов трае месец дена а извесно е дека Хари со ова веќе ја има затворено 2021 година (8 миљони од бараните 13 миљони евра добивка во Q4).
П.С. Ако има некој бољи инфо пукајте.. Подолу, ова шо ви зборам..