- Член од
- 20 јули 2016
- Мислења
- 7.805
- Поени од реакции
- 5.077
Јас не се замарам со инфлацијата сама по себе битно ми е само кои средства ќе растат поради неа. Чисто е индикатор ни може да влијаам ни ми значи многу сама по себе.Секако дека шефовски непромислено и наметнатото замрзнувањето на цените скоро на сите основни намирници ќе има импликации врз економијата и следствено на берзата. Значи за последна цена на пример на зејтинот се зема онаа од 1 декември и се де факто замрзнува. Без разлика шо сончогледот шо се користи како суровина дупло поскапел на светски пазари и без разлика шо увозната цена (мислам и дека веќе немаме сопствена продукција) може да биде 50% повисока од продажната. Истото се однесува и за лебот, млекото, многу битно месото и тн. Ова е погубна мерка за трговијата и бизнисот и несомнено ќе продуцира со огромен дисбаланс во огомната побарувачка и дефицит во понудата на овие елементарни производи кои се нужно потребни и ќе отвори пат кон илегален увоз, намалување на квалитетот на производите и сива економија. Значи коа ќе одите на пат до брокерите ќе гледате редици изнемоштени луѓе чекаат ред да влезат во маркети да купат хранаа а незнаат дека внатре ги чекаат празни полици како во војна состојба.
Остана ли здрава пора во нашава економија шо може да издржи вакви екперименти во време на пролонгирана здравствена и економска криза.![]()
Има одлични средства за хеџирање на инфлација и нема воопшто да ми го намали животниот стандард најверојатно ќе ми го зголеми ако добро инвестирам.