Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Толку ракоплескање за Алкалоид, а уствари цената на акцијата пораснала за околу 160% во последните 5 години.
32% godisno, plus dividenda, plus koga sakas mozes da unovcis, ne aplauz nego naklon do zemja...
 
@TENDO
Воопшто не сакам да ти ги кршам филмот, и стварно би се израдувал кога УНИ би ви дале дивиденда, па да се види малку размрдување на цената.
Меѓутоа, и добивката од 2020 година 373,791 илјади ден. е директно ставена во колоната Ограничена за распределба на акционерите. Кога една банка својата добивка или дел од неа ќе ја означи вака, тоа значи дека може истата да ја вклучи во пресметките за адекватност на капитал, што го подобрува коефициентот. Всушност, самата регулатива вика дека банката може да вклучи дел од задржаната добивка, само ако е означена како ограничена за распределба.
Кај УНИ е чудно што отстапува од другите банки кои добивката ја прикажуваат како Расположлива за распределба на акционерите, а потоа еден дел од неа ја префрлаат во делот Ограничена за распределба.
Така да, доста сум песимист дека нешто може да се смени на ова поле.
 
Како еден од најгласните подржувачи на УНИ на овој форум (се возам на неа уште од времето кога беше 600 денари) моите оптимистички очекувања беа дека ќе се скршат 5 милиони евра нето добивка за 2020 година.

Но ете во петокот излегол извештај каде објавиле дека оствариле 6 факинг милиони евра нето добивка.

Можи до сега немале, но по оваа добивка веќе ќе имаат средства да распределат и за таа намена. Како што напишав претходно, првенствено не верував дека ќе исплатат, но по овој извештај веќе не сум сигурен во тоа.

Толку ракоплескање за Алкалоид, а уствари цената на акцијата пораснала за околу 160% во последните 5 години.
Со голем процент на веројатност сметам дека за 5 години од денес, пак Пекабеско и УНИ ќе бидат во 5 топ акции со најсилен раст. И претходно дремеа на некое исто ниво подолго време пред да полетаат во стратосфрата.

П.С. Им се смеете на ВФП, глупи биле, ваков продукт направиле и не знам што уште не, а вакви такви успеале да обезбедат 30 милиони евра под управување. А замисли да беа паметни како вас, кај ќе им беше крајот... :tapp:

Да беа паметни како „нас“, ќе имаа СРАМ и МОРАЛ и немаше да лажат и манипулираат луѓе за да привлечат влогови. Имав пишано искуства од „мистери шопингот“ со нивниот локален агент со какви веројатно кривични средства се служат.

Најинтересното прашање за таа УНИ ми е кој продава па се одржува цената на 2.400? Еве си вадел акционерска состојба, па може да дадеш општ одговор заради анализа, не мора конкретни имиња.

И не го зборам ова да се раскараме да не платам ручек пошо скоро сигурно ќе го изгубам облогот за ППИВ :ајнапиво:
Автоматски споено мислење:

32% godisno, plus dividenda, plus koga sakas mozes da unovcis, ne aplauz nego naklon do zemja...

Оф бе, пак у еден ред кардинална грешка :tapp: Не се пресметува така годишен поврат...
 
@TENDO
Воопшто не сакам да ти ги кршам филмот, и стварно би се израдувал кога УНИ би ви дале дивиденда, па да се види малку размрдување на цената.
Меѓутоа, и добивката од 2020 година 373,791 илјади ден. е директно ставена во колоната Ограничена за распределба на акционерите. Кога една банка својата добивка или дел од неа ќе ја означи вака, тоа значи дека може истата да ја вклучи во пресметките за адекватност на капитал, што го подобрува коефициентот. Всушност, самата регулатива вика дека банката може да вклучи дел од задржаната добивка, само ако е означена како ограничена за распределба.
Кај УНИ е чудно што отстапува од другите банки кои добивката ја прикажуваат како Расположлива за распределба на акционерите, а потоа еден дел од неа ја префрлаат во делот Ограничена за распределба.
Така да, доста сум песимист дека нешто може да се смени на ова поле.

Се согласувам со напишаното.
Сепак изгледа ќе оди во капитал заради подобрување на коефициентот на адекватноста на капиталот.
Автоматски споено мислење:

Најинтересното прашање за таа УНИ ми е кој продава па се одржува цената на 2.400? Еве си вадел акционерска состојба, па може да дадеш општ одговор заради анализа, не мора конкретни имиња.

И не го зборам ова да се раскараме да не платам ручек пошо скоро сигурно ќе го изгубам облогот за ППИВ :ајнапиво:

Немам некоја нова акционерска книга, но претпоставувам дека се работи за една релативно голема компанија во Македонски услови и нејзините сопственици како физички лица (2 ца - 3ца браќа) кои се портфолио инвеститори на Македонска Берза. Ги гледам ги има во скоро сите акционерски книги што јас ги имам. Па можеби некој од „маркет мејкерите“ ги убедил да ја искористат тековната зголемена ликвидност и навреме да излезат и да влезат во некоја друга компанија.

За ППИВ поприлично беше лесна прогнозата дека ќе имаат подобар резултат во однос на катастрофалната претходна година и во овие Ковид услови.
 
Последно уредено:
На толкаво демонстрирано незнаење у секоја прилика, стварно не треба сам себе да си персираш
ok blunder. si go podeliv samo, sepak stoi 21% plus 5 dividendi i super likvidnost i sigurnost.
Nego primetiv nesho si mi se zakachil, epten te muchi izglea jas vaka ne pismen po dobri investicii, a ti se znaes i naj pameten na majka i pak zaglavi u pkb. mora da e so srekja nesho. nemoguce inaku. ;)
 
Веќе и претходно имам пишувано колкав дел од портфолиото ми е ПКБ, а што оваа година имам купувано и продавано, такашто Господ знае на што ги засноваш заклучоциве...

Ретко кој покажува волкаво елементарно незнаење и немање контакт со реалноста на толку мал простор. Се надевам дека ќе продолжиш да пишуваш поопширно за тоа уште повеќе да доаѓа до израз :lolzz:
 
поодамна имав акции на Телеком, ама ги продадов, може има 10 години...лани купив нешто... тука имаше муабет за дивиденда, не е богзнај што, но ме интересира кога даваат, треба да видам, пак да не треба податоци да пратам..
 
Еве јас не знам, може да не подучиш како се пресметува тие кои не знаеме?

Sent from my Alpha 20 using Tapatalk
Се наддава вредноста (експоненцијално зголемување мислам дека беше терминот). За да е поедноставно, ќе дадеме пример за 2 години, не за 5. На почетокот на првата година ако цената била 1000 денари, а на крајот на втората 2000 ден., значи за две години акцијата скокнала 100%, но тоа не значи дека скокала по 50% годишно, туку помалку, околу 40%. Ако скокала по 50%, тогаш ќе испадне дека на крајот на втората година цената би била 2250 денари, а не 2000.
 
Se ke si kazeme ama nikoj ne prasha ako UNI pravi vakvi brojki kolkavi brojki treba da imaat drugite banki :)
T.e. do koga ke ne lazat drugive deka se sposobni so edna ili dve miljardi pa i poveke da napravat 30 miliona evra dobivka :)
Ne e ni cudo zosto sakaat bugarite da ja kupat komercijalna banka ????
 
Иако е малку надвор од темата би сакал да слушнам ваше размислување во врска со растот на цената на акциите.
Иако светот се соочува со економска криза (голем дел од државите се во рецесија), цените на акциите на глобално ниво по првичниот пад, се вратија (некои и надминаа) на вредностите пред Ковид кризата.
Логиката на економските циклуси, укажуваше дека каде и да е ќе се случи рецесија и ќе забави економијата (што и се случи).
Но во секоја економска криза цените на акциите паѓаат, ова беше навистина кратко.
Дали значи дека во наредните години (по претпоставка дека економиите почнуваат да заздравуваат) ќе очекуваме само раст на цените на акциите?
 
Prasanjeto ti e mnogu na mesto,ama mialam deka samo vremeto i idninata ke ni odgovorat.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom