Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Иако е малку надвор од темата би сакал да слушнам ваше размислување во врска со растот на цената на акциите.
Иако светот се соочува со економска криза (голем дел од државите се во рецесија), цените на акциите на глобално ниво по првичниот пад, се вратија (некои и надминаа) на вредностите пред Ковид кризата.
Логиката на економските циклуси, укажуваше дека каде и да е ќе се случи рецесија и ќе забави економијата (што и се случи).
Но во секоја економска криза цените на акциите паѓаат, ова беше навистина кратко.
Дали значи дека во наредните години (по претпоставка дека економиите почнуваат да заздравуваат) ќе очекуваме само раст на цените на акциите?

Берзата не е поврзана директно со перформансите на економијата туку со моменталната ликвидност на пазарот.
Американците иштампаа над 2 трилиони долари минатата година или над 20% од вкупниот оптек на долари во светот. Додади ги на тоа новите 2 трилиони што ги најавува Бајден, додади на тоа уште минимум 10 трилиони што ги иштампаа ЕУ, Кина, Јапан и остали и ќе дојдеш до фрапантни податоци дека лани се пуштени во оптек нови 10-15 трилиони долари во светот.

Овие пари мора да завршат некаде, а во свет во кој моментално обврзниците, штедните влогови и депозитите носат принос близок до 0% истите е нормално да завршат во ассети кои се не инфлаторски како метали, хартии од вредност, биткоин. Јас овој тренд не очекувам набрзо да се смени поготово ако не се смени светскава политика да ги решаваме проблемите со принтање на огромни количини на нови пари.

п.с. Ова воопшто не е чудно и веќе има примери низ историја каде што се случувале вакви работи.
На пример во Венецуела за време на некотролираното принтање на пари и крах на економијата берзата растела со молскавична брзина.
 
парите губат вредност, тотална инфлација
посебно со короната е качена цената на превозот на стоки
има и друг распоред на трошоци, фармација отиде уп, а туризам, кафани и слично довн
 
Берзата не е поврзана директно со перформансите на економијата туку со моменталната ликвидност на пазарот.
Американците иштампаа над 2 трилиони долари минатата година или над 20% од вкупниот оптек на долари во светот. Додади ги на тоа новите 2 трилиони што ги најавува Бајден, додади на тоа уште минимум 10 трилиони што ги иштампаа ЕУ, Кина, Јапан и остали и ќе дојдеш до фрапантни податоци дека лани се пуштени во оптек нови 10-15 трилиони долари во светот.

Овие пари мора да завршат некаде, а во свет во кој моментално обврзниците, штедните влогови и депозитите носат принос близок до 0% истите е нормално да завршат во ассети кои се не инфлаторски како метали, хартии од вредност, биткоин. Јас овој тренд не очекувам набрзо да се смени поготово ако не се смени светскава политика да ги решаваме проблемите со принтање на огромни количини на нови пари.

п.с. Ова воопшто не е чудно и веќе има примери низ историја каде што се случувале вакви работи.
На пример во Венецуела за време на некотролираното принтање на пари и крах на економијата берзата растела со молскавична брзина.
Ете тоа штампање пари може да е причината зошто се качуваат цените на акциите. Но една моја скромна економска логика вели дека при поголема количина на пари во оптег, неминовно се зголемува инфлацијата (кај нас официјално нема такво нешто), плус во оваа економска криза цените на каматите на кредитите не пораснаа (аналогно на тоа и каматите на депозитите), што е карактеристично за една економска криза. Банки нудат кредити со ниски каматни стапки на фирми кои можеби утре нема да постојат.
Ресторани, хотели, превозници на патници и други претрпеа огромни загуби
 
Што се случува со Гранит, може некој да постави бид/аск
 
Најверојатно најавата дека државата ќе продава акции од Гранит, кој мислам дека се малку, ама објавите што кружат по нет се дека "Државата ќе го продава Гранит"...
 
Attachments

  • Screenshot_2021-02-08-12-45-43-380_com.android.chrome.jpg
    Screenshot_2021-02-08-12-45-43-380_com.android.chrome.jpg
    310 KB · Прегледи: 31
Најверојатно најавата дека државата ќе продава акции од Гранит, кој мислам дека се малку, ама објавите што кружат по нет се дека "Државата ќе го продава Гранит"...
Некој знае нешто овде, можеби резултатот за 2020та или некоја голема зделка што ќе се објави.
 
Берзата не е поврзана директно со перформансите на економијата туку со моменталната ликвидност на пазарот.
Американците иштампаа над 2 трилиони долари минатата година или над 20% од вкупниот оптек на долари во светот. Додади ги на тоа новите 2 трилиони што ги најавува Бајден, додади на тоа уште минимум 10 трилиони што ги иштампаа ЕУ, Кина, Јапан и остали и ќе дојдеш до фрапантни податоци дека лани се пуштени во оптек нови 10-15 трилиони долари во светот.

Овие пари мора да завршат некаде, а во свет во кој моментално обврзниците, штедните влогови и депозитите носат принос близок до 0% истите е нормално да завршат во ассети кои се не инфлаторски како метали, хартии од вредност, биткоин. Јас овој тренд не очекувам набрзо да се смени поготово ако не се смени светскава политика да ги решаваме проблемите со принтање на огромни количини на нови пари.

п.с. Ова воопшто не е чудно и веќе има примери низ историја каде што се случувале вакви работи.
На пример во Венецуела за време на некотролираното принтање на пари и крах на економијата берзата растела со молскавична брзина.
Затоа Голф 8 , основна верзија у порше мк е 27к еура со опрема 34к
 
Искрено мислам дека суште ништо не сме виделе од инфлацијата.
Следи масовно обезвреднување на ФИАТ валутите во светот (5-10% годишно).
 
Ете тоа штампање пари може да е причината зошто се качуваат цените на акциите. Но една моја скромна економска логика вели дека при поголема количина на пари во оптег, неминовно се зголемува инфлацијата (кај нас официјално нема такво нешто), плус во оваа економска криза цените на каматите на кредитите не пораснаа (аналогно на тоа и каматите на депозитите), што е карактеристично за една економска криза. Банки нудат кредити со ниски каматни стапки на фирми кои можеби утре нема да постојат.
Ресторани, хотели, превозници на патници и други претрпеа огромни загуби
Штампањето пари само по себе не доведува до инфлација. За да дојде до тоа треба тие пари да влезат во оптек во економијата, а сега тоа е само делумно оти во главно завршуваат на штедни сметки. Но како се оправа економијата тие излегуваат и ќе се трошат. Инаку инфлација као нема оти е просек. Но гледај во клучните полиња во кои се пазарува секојдневно. Food inflation е над 3% со тенденција на раст. Јас очекувам допрва да расте. Солиден дел од портфолио пренасочив во акции сребро и злато. Штета што кај нас нема можност за инвестициско злато-сребро.

Sent from my Alpha 20 using Tapatalk
 
Затоа Голф 8 , основна верзија у порше мк е 27к еура со опрема 34к

Баш вчера ги гледав ценовниците од 1.1.2021. и се фрапирав од скроз истиот факт: си пазарев лани Октавија од 30к, а Голф со иста опрема е над 35к :shok2: Пасат со иста опрема е 50к :shook::shook::shook:
 
@TENDO
Воопшто не сакам да ти ги кршам филмот, и стварно би се израдувал кога УНИ би ви дале дивиденда, па да се види малку размрдување на цената.
Меѓутоа, и добивката од 2020 година 373,791 илјади ден. е директно ставена во колоната Ограничена за распределба на акционерите. Кога една банка својата добивка или дел од неа ќе ја означи вака, тоа значи дека може истата да ја вклучи во пресметките за адекватност на капитал, што го подобрува коефициентот. Всушност, самата регулатива вика дека банката може да вклучи дел од задржаната добивка, само ако е означена како ограничена за распределба.
Кај УНИ е чудно што отстапува од другите банки кои добивката ја прикажуваат како Расположлива за распределба на акционерите, а потоа еден дел од неа ја префрлаат во делот Ограничена за распределба.
Така да, доста сум песимист дека нешто може да се смени на ова поле.
Одлука за распоредување на добивката за 2020 година ќе биде донесена на следното Собрание на акционери, така што, во принцип, сите опции се во игра.
 
Прво нека ја отплатат лихварската обврзница со 9/11% камата, какошто направија и Грците со субординираниот во СТБ пред да исплатат дивиденда. Не знам какви се точно правилата на емисијата, ама видовме од СТБП дека се отворени за толкување од страна на мотивирани судијки...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom