Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Што се случува со КМБ, до пред еден месец на 1700 денари никој не купуваше, сега на 2000 тепачка.
 
A koja bankarsta institucija zema najmala brokerska provizija? Jas imam broker od stopanska banka mi zima 500 denari na transakcija? Mnogu e?
 
Берзава побудале последниве недела дена! Денес само КМБ +10%....
Сега веројатно и Макстил!? Неверојатно ова Фактор што објавува:
Добивката на „Макстил“ зголемена за повеќе од осум пати
Во првите три месеци од годинава, гигантот за челик „Макстил“ остварил нето добивка по оданочување од околу 7,8 милиони денари (126 илјади евра), покажа најновиот извештај што компанијата го достави до Македонската берза.

Оваа добивка е за повеќе од осум пати повисока од онаа што компанијата ја оствари на почетокот на минатата година. Периодот јануари-март 2013 Макстил го заврши со нето добивка по оданочување од само 936 илјади денари (околу 15 илјади евра).

Приходите од продажба на компанијата во првото тримесечје од 2014 година се намалиле на домашниот пазар, но пораснале на странскиот.

http://faktor.mk/archives/104491
 
Последно уредено:
Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација:
Во врска со Барањето за информација од страна на Македонска берза за хартии од вредност АД Скопје доставено до Комерцијална банка АД Скопје на 08.05.2014 година, а во врска со актуелниот пораст на цената на акцијата, Ве известуваме дека Банката нема никакви дополнителни ценовно чувствителни информации кои не ги објавила, а кои би имале влијание врз порастот на цената на акцијата.

Воедно, нагласуваме дека инвеститорите своите инвестициски одлуки треба да ги базираат на јавно достапните и официјално објавени информации од страна на Банката.[DOUBLEPOST=1399538229][/DOUBLEPOST]Инаку ова е доказ дека некој со 1-200.000 евра може да ја изремети цела берза
 
Последно уредено:
Анализа на билансот на успех

на НЛБ Тутунска банка АД Скопје

за периодот 1.1. - 31.3.2014 година




Во периодот од 1.1.2014 година до 31.3.2014 година НЛБ Тутунска банка работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2014 година, прилагодувајќи го тековното работење на економските и пазарните услови во земјата.


Во првото тримесечје од 2014 година, нето каматните приходи се повисоки за 15,5% во однос на истиот период претходната година. Приходите од камати се зголемени за 2,0%, во најголем дел поради зголемување на кредитното протфолио кај сегментотнаселение, подобрување на квалитетот на кредитното протфолио и повисок износ на наплатени претходно отпишани камати. Расходите од камати се пониски за 13,6% што се должи на намалување на каматните стапки на депозитите соодветно на пазарните услови, пониски состојби на депозити од банки и обврски по кредити.

Нето приходите од провизии се зголемени за 5,0%. Приходите од провизии се зголемени за 7,0% како резултат на зголемување на обемот на работа што резултираше со остварени повисоки приходи од домашниотплатен промет, од картичното работење и од услугите преку деловната мрежа на Банката.

Расходите за провизии се повисоки за 13,6%,главно поради повисоки расходи од картично работење, од кеш центарот и домашниот платен промет, при пониски расходи по провизии за обврските по кредитните линии.


Останатите некаматни приходи изнесуваат 54.750 илјади МКД и се пониски за 51,4% во однос на претходната година, поради повеќе пресметани резервации за вонбилансна изложеност во однос на истиот период од минатата година.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 773.047 илјади МКД и се пониски за 2,6%.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 406.092 илјади МКД и се повисоки за 10,1%.


Во првото тримесечје од 2014 година беа издвоени исправки на вредноста на финансиските средства, на нето основа во износ од 144.860 илјади МКД. Издвоените исправки соодветствуваат на структурата и на квалитетот на пласманите на Банката.


Нето добивката на Банката изнесува 197.453 илјади МКД и е повисока за 38,2% во однос на 2013 година.




 
Нето добивката на Банката изнесува 197.453 илјади МКД и е повисока за 38,2% во однос на 2013 година.


А што правиме со субординираниот долг од 18 милки и зградата што ја купија за 20 милки?
 
Зарем ве има уште што тргувате со акции?
 
Sto mislite za bilansot na TNB. za prviot kvartal vo sporedba so drugite banki pred se KMB.?
 
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија денес даде дозвола на друштвото за уравување со фондови КД Фондови АД Скопје за формирање на нов отворен инвестициски фонд, КД ТОП БРЕНДОВИ.

КД ТОП БРЕНДОВИ е глобален инвестициски фонд, чија примарна цел е да се постигне сигурен и долгорочен раст на вредноста, врз основа на капитални добивки и стабилна дивидендна политика која ја имаат светските топ компании. Преку глобалната инвестициска стратегија средствата ќе се инвестираат во акции на компании кои работат со најсилните светски брендови.

Фондот е наменет за инвеститори со среднорочен или долгорочен инвестициски хоризонтот и умерено ниво на толеранција на ризик, кои веруваат во идниот развој на глобалните “Blue chip” компании и сакаат надпросечен износ на дивиденти.

Инвеститори во фондот може да бидат физички и правни лица.

Друштвото за управување со фондови КД Фондови е дел од Словенечката групација KD Skladi, Љубљана и е присутно на македонскиот пазар од почетокот на 2008 година. КД ТОП БРЕНДОВИ е четвртиот фонд со кој друштвото управува и со тоа КД Фондови прераснува во лидер на македонскиот пазар на капитал.
http://faktor.mk/archives/104941#
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom