Анализа на билансот на успех
на НЛБ Тутунска банка АД Скопје
за периодот 1.1. - 31.3.2014 година
Во периодот од 1.1.2014 година до 31.3.2014 година НЛБ Тутунска банка работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2014 година, прилагодувајќи го тековното работење на економските и пазарните услови во земјата.
Во првото тримесечје од 2014 година, нето каматните приходи се повисоки за 15,5% во однос на истиот период претходната година. Приходите од камати се зголемени за 2,0%, во најголем дел поради зголемување на кредитното протфолио кај сегментотнаселение, подобрување на квалитетот на кредитното протфолио и повисок износ на наплатени претходно отпишани камати. Расходите од камати се пониски за 13,6% што се должи на намалување на каматните стапки на депозитите соодветно на пазарните услови, пониски состојби на депозити од банки и обврски по кредити.
Нето приходите од провизии се зголемени за 5,0%. Приходите од провизии се зголемени за 7,0% како резултат на зголемување на обемот на работа што резултираше со остварени повисоки приходи од домашниотплатен промет, од картичното работење и од услугите преку деловната мрежа на Банката.
Расходите за провизии се повисоки за 13,6%,главно поради повисоки расходи од картично работење, од кеш центарот и домашниот платен промет, при пониски расходи по провизии за обврските по кредитните линии.
Останатите некаматни приходи изнесуваат 54.750 илјади МКД и се пониски за 51,4% во однос на претходната година, поради повеќе пресметани резервации за вонбилансна изложеност во однос на истиот период од минатата година.
Вкупните приходи од работење изнесуваат 773.047 илјади МКД и се пониски за 2,6%.
Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 406.092 илјади МКД и се повисоки за 10,1%.
Во првото тримесечје од 2014 година беа издвоени исправки на вредноста на финансиските средства, на нето основа во износ од 144.860 илјади МКД. Издвоените исправки соодветствуваат на структурата и на квалитетот на пласманите на Банката.
Нето добивката на Банката изнесува 197.453 илјади МКД и е повисока за 38,2% во однос на 2013 година.