Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Ve molam za mislenje i sovet okolu kupuvanje na ovaa akcijao_O

Не барај логика во нашава берза, сите трчаат по дивиденди (играат краткорочно).
Нека киксне следната дивиденда на телеком па да видиш како акцијата се струполила на 300 и нешто денара.
Од друга страна пак имаат резерви за уште наколку добри дивиденди, прашање е до кога ќе ги користат резервите.
 
Вредноста на телеком е околу 700-800 милиони на продажба од 350м евра мислам дека беше,ако се случи горното сценарио, падот удолу би можел да биде мошне длабок.
 
падот удолу би можел да биде мошне длабок.

И бидна длабок, падот на профитот за првото полугодие е 40%, што е многу повеќе од очекуваното.
А цената на акцијата расте ли расте :facepalm:
 
Профитот на „Македонски телеком“ се стопил за 11,3 милиони евра
Просечно месечно добивката паѓала за речиси 2 милиони евра додека трошоците за плати на вработените растеле за 150.000 евра просечно месечно.
mkd-69869.jpg

Профитот на групацијата „Македонски телеком“ паднал за 11,3 милиони евра за првите шест месеци годинава во споредба со првото полугодие лани, покажуваат податоците од неревидираниот консолидиран биланс на успехот (по природа на трошоци) што најголемата компанија во земјава за мобилна и фиксна, телефонија, интернет и кабелска телевизија го објави денеска на Македонската берза.
За првото полугодие годинава профитот на групацијата „Македонски телеком“ изнесува 1,066 милијарди денари (околу 17,3 милиони евра). Лани најголемата телекомуникациска групација за истиот период остварила профит од работењето, кој изнесувал 1,763 милијарди денари (28,6 милиони евра).
Приходот на групацијата паднал за 10,3 милиони евра
Според достапните податоци од неревидираниот консолидиран биланс на успех драматично паднале вкупните приходи на групацијата. Лани за првото полугодие тие изнесувале 6,9 милијарди денари (надминале 112 милиони евра), а годинава тие се намалиле 634,85 милиони денари (10,3 милиони евра).
И покрај падот на профитот и на приходите на компанијата, менаџментот на Телекомот ги зголеми трошоците за плати и за набавка на трговски стоки, пишува во билансот. Од достапните податоци се гледа дека трошоците за вработените во 2013 година (јануари-јуни) изнесуваат 821,86 милиони денари на ниво на групација. Во споредба со податоците за истиот период лани овој трошок се зголемил за 51,19 милиони денари (околу 900.000 евра). Лани за таа намена трошоци биле 770,67 милиони денари.
Истовремено со падот на профит растат и трошоците на компанијата за набавна вредност на трговски стоки. На ниво на групацијата за таа намена во првото полугодие се потрошени 810,45 милиони денари (13,16 милиони евра) или просечно месечно околу 2,2 милиони евра. Лани за истиот период за оваа намена групацијата просечно месечно трошела (1,67 милиони евра), односно вкупно потрошила за полугодие 10 милиони евра. Годинава за таа намена се потрошени 3,16 милиони евра повеќе од лани.
 
Не сум многу инфомриран ама според ова телеком е преценета.
 
Dali nekoj ima pretpostavka kolku bi bila dividendata ovaa godina ? Sovet okolu kupuvanje akcii na MSE, ALK. mozebi ? Sto mislite berzadzii ?
 
Dali nekoj ima pretpostavka kolku bi bila dividendata ovaa godina ?

Ваљда намалена за 30-50%.

Stefus Corp. Нешто се мати со Тутунска, извадокот од интервјуто со Богов ми мириса на интервенција на НБМ

„Кои од нив се воздржани?
Стопанска банка во последните неколку години беше доста воздржана, меѓутоа секогаш имаше позитивни стапки на кредитен раст. Никогаш не го намали кредитирањето. Но, кај НЛБ Тутунска банка морам да кажам дека минатата година имавме намалување на кредитниот раст, и оваа година тоа продолжува. Јас имав сериозни разговори со Надзорниот одбор од Љубљана, таму реагиравме дека таквото однесување е несоодветно и може репутациски да се одрази негативно на банката. Добив ветување дека тие ќе ја преиспитаат нивната политика, особено што нема никаква причина НЛБ Тутунска банка да не кредитира во Македонија. Затоа што банката не се потпира на средства за финансирање од матичната банка, целосно се финансира од сопствени извори тука во земјата, има едно од најдобрите кредитни портфолија, профитабилна е, има одлична ликвидност, има исклучително квалитетни системи на управување со кредитен ризик, веројатно едни од најдобрите во земјава.

Зошто тогаш не кредитираат?
Тоа е стратегија на мајката, која мора да направи намалување на својата кредитна изложеност за целата групација, и тие таргети ги наметнуваат за сите банки во групацијата пропорционално, без оглед каква е состојбата во поединечни банки.

Може ли монетарната власт овде на некоја странска банка да и' каже дека мора да го зголеми кредитирањето?
Банката треба да носи рационални одлуки, а таа нивна одлука е нерационална затоа што на тој начин губат профит што тука би го оствариле. Порационално би било тие банки што имаат проблеми да го намалат своето кредитно портфолио, меѓутоа тие што немаат проблеми да вршат експанзија. И секако, НБМ е регулатор што ги оценува постојано акционерите, односно нивната подобност да бидат акционери во нашите банки. Значи, има основа. Ние може да оцениме дека еве, акционерот во Словенија во моментов е во незавидна состојба и не може финансиски да ја поддржи банката во Македонија. Не само финансиски, туку и функционално. Уште не сме донеле таква оценка, но би можеле. Тоа е аргумент што би можеле да го употребиме во секој момент доколку акционерите од Словенија не ја согледаат реално состојбата тука и не носат правилни одлуки за нивната банка во Македонија.
 
Ова со НЛБ дека неможе да кредитира бидејќи централата во Словенија не и дозволувала е сомнителна работа, колку што се секјавам од законот за банки сите во МК се единствено подредени на НБРМ а не на централите. Доколку банка не кредитра неможе да оствари дејноста за која е регистрирана. Се мислам дека имаат некој интерни проблеми околу пласмани во минатото.
 
Имаа доста лоши пласмани во минатите години и сигурно од централата ги имаат затегнато конците и имаат поголема улога во одобрувањето на кредитите со поголема сума.
 
Ваљда намалена за 30-50%.

Stefus Corp. Нешто се мати со Тутунска, извадокот од интервјуто со Богов ми мириса на интервенција на НБМ

„Кои од нив се воздржани?
Стопанска банка во последните неколку години беше доста воздржана, меѓутоа секогаш имаше позитивни стапки на кредитен раст. Никогаш не го намали кредитирањето. Но, кај НЛБ Тутунска банка морам да кажам дека минатата година имавме намалување на кредитниот раст, и оваа година тоа продолжува. Јас имав сериозни разговори со Надзорниот одбор од Љубљана, таму реагиравме дека таквото однесување е несоодветно и може репутациски да се одрази негативно на банката. Добив ветување дека тие ќе ја преиспитаат нивната политика, особено што нема никаква причина НЛБ Тутунска банка да не кредитира во Македонија. Затоа што банката не се потпира на средства за финансирање од матичната банка, целосно се финансира од сопствени извори тука во земјата, има едно од најдобрите кредитни портфолија, профитабилна е, има одлична ликвидност, има исклучително квалитетни системи на управување со кредитен ризик, веројатно едни од најдобрите во земјава.

Зошто тогаш не кредитираат?
Тоа е стратегија на мајката, која мора да направи намалување на својата кредитна изложеност за целата групација, и тие таргети ги наметнуваат за сите банки во групацијата пропорционално, без оглед каква е состојбата во поединечни банки.

Може ли монетарната власт овде на некоја странска банка да и' каже дека мора да го зголеми кредитирањето?
Банката треба да носи рационални одлуки, а таа нивна одлука е нерационална затоа што на тој начин губат профит што тука би го оствариле. Порационално би било тие банки што имаат проблеми да го намалат своето кредитно портфолио, меѓутоа тие што немаат проблеми да вршат експанзија. И секако, НБМ е регулатор што ги оценува постојано акционерите, односно нивната подобност да бидат акционери во нашите банки. Значи, има основа. Ние може да оцениме дека еве, акционерот во Словенија во моментов е во незавидна состојба и не може финансиски да ја поддржи банката во Македонија. Не само финансиски, туку и функционално. Уште не сме донеле таква оценка, но би можеле. Тоа е аргумент што би можеле да го употребиме во секој момент доколку акционерите од Словенија не ја согледаат реално состојбата тука и не носат правилни одлуки за нивната банка во Македонија.
Интересно...Богов сака кредитен раст ТНБ игра козервативно...дури и на моменти звучи бизарно и апсурдно коментаров...како божем акционериве несакаат профит а гувернеров ги тера да праваат профит...Да не ги натера со сила да ја продадат ТНБ или ова е она фамозно „окрупнување“ за кое зборуваше пред некој период. Многу симптоматична изјава за еден гувернер.
 
Богов неможе да ги натера со сила да ја продадат бидејќи овие овде не одлучуваат , а од оваа година не одлучува ниту словенската централа туку санационен тим на Европската Комисија бидејки предадоа суверенитет кога примија помош.то Со други зборови НЛБ е под надзор со конкретен план до 2015 од Европска комисија.

Наум вели дека имале проблеми со пласмани во минатото, што и мене ми изгледаше на прв поглед логично зошто нема кредитирање, тоа веке појаснува дека за секое ново кредитирање треба да се издвојат резервации согласно капиталот кои претпоставувам се изедени со лошите пласмани. Се додека не се продаде или отпише колатералата на старите пласмани која е запленета неможе да се добие назад резервацијата за да има ново кредитирање или дополнителна солуција е докапитализација која веќе 2 пати ја направија.
 
granit i toplifikacija koga ke isplakaat za dividenda znae nekoj?
 
Во последните 5 години од Гранит добивав дивиденда помеѓу 15-25 Септември додека Топлификација најкасно до јули, оваа година закаснија но сигурно ке го запазат рокот до 09.2013
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom