Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Назад е државава у дигитално технолошки поглед. Иначе имаат и кај нас банките OneID, а uslugi.gov има eID.
Сеедно, постарите генерации не можеш да ги научиш, ниту пак имаат волја и верба во дигиталните системи, и донекаде се во право.
Postarite generacii Samo sakaat da prasat Nesto na salter. Ustvari Oni vo cekalnite na bankite, bolnicite I drzavnite institucii se socijaliziiraat I najcesto GI spodeluvaat nivnite maki I naravno usput vmro/ sdsm Branko,ljupco grujo....koj e kriv :)
 
Балфин групацијата( Ист Гејт) ја купи лиценцата за Мекдоналд во Македонија.

Официјално информација.

Наскоро назад пак хамбургери од Мек
 
Како берзава, тргна надолу некако, како добар период за купување е сега ?
 
Мечката ќе игра уште долго време на МСЕ...
 
Sto e pricinata za ovaj vakov pad na mse poslednive denovi?
 
Има некој инфо што се случува со Алкалоид , овие денови се истргуваа акции во вредност од 57 милиони, а денес на самото отварање уште 2,5 милиона
 
Оваа понудата на обврзници од Иуте на 8.5% ја има гледано некој?
Некако немаат првите денови големо исполнување, но можеби и нормално е, баш почеток на август, период на одмори.

Некако многу звучи тоа 8.5
 
Какви се овие обврзници и колку се сигурни? Не знаев дека фирми што прават позајмици смеат да издаваат обврзници.
Мене ме заинтересираа обврзниците на ТТК банка, помал % имаат од овие на иуте - 4.75, а и малку поскапи се, ама нели банка е. Иначе се мислев акции да земам од нив дека прилично им падна цената последно време, исто и на СТБ акцијата отиде доста надолу.
 
Смеат нормална работа е тоа на запад. Само треба да се пази, зошто се бара преку маркетот на акции а не зеле на пример кредит од банка? Што е значително многу поефтин и пофлексибилен. Треба да се види како работи компанијата и дали имаат некои проблеми чим пари прибираат на ваков начин.
Автоматски споено мислење:

Оваа понудата на обврзници од Иуте на 8.5% ја има гледано некој?
Некако немаат првите денови големо исполнување, но можеби и нормално е, баш почеток на август, период на одмори.

Некако многу звучи тоа 8.5
Не беа помалку? Имаш инфо од каде виде дека се 8.5%?
 
Смеат нормална работа е тоа на запад. Само треба да се пази, зошто се бара преку маркетот на акции а не зеле на пример кредит од банка? Што е значително многу поефтин и пофлексибилен. Треба да се види како работи компанијата и дали имаат некои проблеми чим пари прибираат на ваков начин.
Автоматски споено мислење:

Не беа помалку? Имаш инфо од каде виде дека се 8.5%?
Проспект

Еве овде. 5 години, 8.5% годишно, 100 евра една обврзница, исплата на камата годишно, а главницата заедно со последната камата после 5 години.
Чудно е во секој случај, ама земај предвид дека стапката на вкупни трошоци кои тие ја наплаќаат на кредитите што ги издаваат сигурно е 30-40%.

Не ми се верува дека банка би ги финансирала, нема логика да им пласира средства на некој начин на конкуренти или можеби им понудиле полоши услови.

Во принцип не ги сакам друштвата за брзи кредити, искористија декада на речиси никаква регулација од државата, пропратено со неограничена наплата на трошоци, провизии и огромни камати, користење на форми на притисок за наплата + огромно незнаење од населението, особено она склоно кон коцка и пороци.

Мислам дека ќе се мачат да ги соберат тие средства, факт е дека поради тоа понудиле ваква цена.
 
Back
На врв Bottom