Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Мислев адреса ако можеше да пишеш?

Известување за Трансакциски сметки

АЛКАЛОИД АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 16.05.2012 година ќе врши исплата на дивидендата за 2011 година.

Право на исплата на дивиденда за 2011 година имаат сите акционери на Алкалоид АД Скопје кои се евидентирани во книгата на акции на ден 03.05.2012 година.

Се повикуваат сите акционери (физички и правни лица) со право на дивиденда за 2011 година, кои не доставиле фотокопии од своите трансакциски и жиро сметки и документ за идентификација, да ги достават истите до компанијата најдоцна до 11.05.2012 година, на адреса:

АЛКАЛОИД АД Скопје
Бул. Александар Македонски Бр.12
1000 Скопје
Република Македонија
За Реферат за Акционерство и имотни прашања

АЛКАЛОИД АД Скопје
 
Да не знае некој каде можам да најдам квартален извештај за ТНБ, ако воопшто Јанезите вадат квартални извештаи.
 
Да не знае некој каде можам да најдам квартален извештај за ТНБ, ако воопшто Јанезите вадат квартални извештаи.
За 2011 P/E ratio од 2.39 и П/Б ратио од 0.32... Акцијата е потценета по двете мерки. А.. 770 денари нето добивка по акција.(po IFRS). Башка сопствениците во словенија не се во најдобра ситуација па можи да одлучат да ја продадат банката а тоа сигурно ќе биде по цена над 3600 ден за акција.
Технички можно е да е постигнато дно во цената на акцијата поради високо истргувана количина (1000+ акции во еден ден).
Ако вратат дивиденда од 400 денари во 2015 дивиденден принос ќе биди 400/1850=21.6%..Како што се ближи 2015 така ќе расти цената на акцијата поради дивидендите.
Акцијата е супер само треба да се почека неколку години..
 
„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација:
Податоци за органи на управување
Комерцијална банка АД Скопје известува дека Г-н Хари Костов, Главен извршен директор и Претседател на Управниот одбор, се стекна со 1.000 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје.“

Овие акции сам си ги купил или му се дадени заради „успешниот“ квартал на банката?
 
Пад на нето добивката на „Македонски Телеком“ за 45 отсто во првиот квартал од 2012

„Македонски Телеком“ објави објави пад на консолидираната нето добивка на нивото од 761,4 милиони денари (12,4 милиони евра) во првото тромесечје од годинава, наспроти износот од 1,38 милијарди денари во истиот период лани.
Приходите од продажба бележат пад од 12 отсто во првиот квартал до износот од 3,36 милијарди денари, додека оперативната добивка падна до нивото од 700,3 милиони денари од претходните 1,3 милијарди денари.
Телекомот бележи и раст на оперативните расходи од 5 отсто и тоа од 2,56 милијарди денари во првиот квартал лани на 2,71 милијарди денари годинава.
 
Ова се остварените промети на дел од брокерските куќи за минатиот месец (без блоковите)

ИЛИРИКА ИНВЕСТМЕНТС АД Скопје 139.601.398
Комерцијална банка АД Скопје 55.468.827
Еурохаус АД Скопје 24.665.259
НЛБ Тутунска банка АД Скопје 11.298.174
ИНВЕСТБРОКЕР АД Скопје 10.389.194
БИТОЛА БРОКЕР АД Битола 4.146.079

Сигурно има причина зошто КБ имала 5 пати поголем промет од НЛБ ТБ.
 
Што мислите за амерички долар? да почне да се купува под итно или??? јас мислам дека ќе има тенденција за раст барем во наредниов месец, и очекувам да порасне за 2-3 денари... совети се добродојдени.
 
sega e na 1.27 EURUSD silen support level, ocekuvam korekcija do 1.30 pa posle pravac dole do 1.20
--- надополнето: 18 мај 2012 во 20:34 ---
preku komercijalna banka da kupam akcii na komercijalna banka kolkavi se berzantskite troskovi , nekoij da mi kaze podetalno sho kupil preku nivniot broker
 
preku komercijalna banka da kupam akcii na komercijalna banka kolkavi se berzantskite troskovi , nekoij da mi kaze podetalno sho kupil preku nivniot broker

Брокерската провизија е 0.75% за купување. На тоа имаш и 0,1% за ЦДХВ такса и 0,2% берзанска такса.
 
sega e na 1.27 EURUSD silen support level, ocekuvam korekcija do 1.30 pa posle pravac dole do 1.20
Не би шортал евро малку е касно за тоа да ставил кога беше 1.44 ОК ама сега е веќе преризично. Може уште да паѓа ама не многу. Не очекувам Грција да излезе од Еврозоната. Дури и оној Ципрас од Сириза е за Евро. Може ќе има нови преговори со повеќе за раст а помалку за штедење. На никого не му е во корист Грција да излезе од Евро Швабите ќе мора да попуштат. Глеј сега да лапнеш некоја ефтина акција или стока.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom