Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Чудно, корекција од 20 проценти мислам дека не би била оправдана ниту со казната од 3м евра.
 
Денес од СТБ (на високо ниво) не повикаа да разговараат со нас за иницијативата на акционерите иматели на приоритетни акции за укинување на правото на приоритет и конверзија во обични акции.
Од нивна страна ни беше кажано дека ако инсистираме, тие ќе мораат да ја стават точката за конверзија на приоритетните во обични кај СТБ на дневен ред на собранието што ќе се одржи на 27.07.2017. Но, заради краткиот временски период, и обемноста на процедурата не се подготвени, да ја истуркаат...
Беше кажано дека и тие се заинтересирано ова прашање да се реши. Од нас беше побарано да почекаме во наредниот период до собранието тие да се инсконсултираат со NBG, како и со ЦДХВ и КХВ во поглед на целокупната постапка за конверзијата (иницијален проблем претставува недделивоста на 400 со 201,1), но сепак тоа е технички проблем и во соработка со институциите дека ќе се реши. Исто потенцијален проблем, е собирањето на 50% од имателите на приоритетни акции за кворум на одделно собрание. Со оглед дека на нашата иницијатива исконтактиравми или не исконтактираа 30% од имателите укажавме дека останатите 20-30% да ги обезбедат тие од сегашни и бивши вработени, на што беше одговорено дека ќе дадат од себе најмногу што можат.

Тоа е дечки, ќе се почека уште некој месец, но по состанокот денес ако имаше недоумица, веќе потврдено е дека конверзијата ќе биде 2:1 или поточно 1,989:1

П.С. STBP во периодов стана најтранспарентна акција на MSE. :D
 
@TENDO

Абе ајде.. :) . Чекај.. чекај прво незнаат па треба да се консултираат со НБГ па обемна документација па после оп на супердетали за кои има процедура како се прави дури на крај, а тоа они сега ви кажале не се делело 400 со 201,1 ) жити мајка Тендо па не сме ние од вчерашни вести. По која методологија ви ветија 2 према 1 баш ме интересира ние разговаравме на собрание и освен 1:1 нема шанса дури и тоа е проблем кој ке го реши другиот газда . Да не се јавувам да прашувам ако сакаш да ми олесниш.
 
@TENDO

Абе ајде.. :) . Чекај.. чекај прво незнаат па треба да се консултираат со НБГ па обемна документација па после оп на супердетали за кои има процедура како се прави дури на крај, а тоа они сега ви кажале не се делело 400 со 201,1 ) жити мајка Тендо па не сме ние од вчерашни вести. По која методологија ви ветија 2 према 1 баш ме интересира ние разговаравме на собрание и освен 1:1 нема шанса дури и тоа е проблем кој ке го реши другиот газда . Да не се јавувам да прашувам ако сакаш да ми олесниш.

Замената на приоритетните акции во обични акции ќе се изврши сразмерно номиналната вредност на акциите.

П.С. Јави му се на Венко, ќе ти објасни и тој присуствуваше на состанокот.
 
Ако е по номинала 400денари, тогаш тоа не е 2:1 како што напиша тоа е 1:1 . Ако има вкупно 200,000 приоритетни акции и за нив издадат 400,000акции тоа е 2:1 ако останат да речеме истиот број 200 000 наместо приоритетни сега обични тоа е 1:1 чисто да го разјасниме погоре поимот.

Венко стално сакал и 2:1 и 3:1 ако се може ама убаво му се објасни на собрание и него и на постарата госпоѓа банкарка детка не треба баби и жаби да се мешаат . Приоритетните по дефиниција уште не се капитал и имаат издадена вредност сметководствено обврска, а не вредност на запишан капитал. Кој купувал/тргувал без ова да го знае негов/а си е штетата или евентуалната корист.
 
Ти си ми одличен пример колку тврдоглавоста не чини во секојдевниот живот.

Повели директно од Статутот на СТБ:
upload_2017-7-5_23-56-6.png

П.С. Јас уште чекам линк од тие твои фамозни закони за санација на Банки, и санација на СБ, за кои треба собранието да гласа при конверзија или при промена на капиталот на Банката, или што и да беше што пишуваше тука.
 
Без нервоза Тендо .
Мојата тврдоглавост или твојот недостаток на финасиска писменост(намерна се ми изгледа). Тоа што си го постирал не ти оди во прилог за 2:1. Збориме за конверзија СЕГА ако конвертираш 400 денари во 2:1 тоа е Тендо 800денари. Ако конвертираш 400 во 400 денари тоа е ПАР. 1 :1 . Погледни погоре што си напишал и помалце импровизирај факти.

Или не успеа планот утре да почнете да истурате на берза со приказната на фактор ке се мењаат 2;1. Па мораше од 680 денари да се купува до 700+ да се створи перцепција дека недостасува понуда. Е мој Тендо од вакви ефтини трикчиња за р акчиња нас сите не чини секојдневниот живот од последните 25 години транзиција уште ве има никако да се смениме.
 
Доставуваат ли фирмите пресметка за исплатена дивиденда со персонален или треба сами да си пресметуваме.
 
Некако гледам тешко ти одат едноставни математики.
Сегашните 227.444 приоритетни акции со номинала 400 денари ќе се конвертираат во 452.400 обични акции со номинална вредност од 201.1
После конверзијата СБ ќе има 17.912.580 обични акции со номинална вредност од 201.1
 
Доставуваат ли фирмите пресметка за исплатена дивиденда со персонален или треба сами да си пресметуваме.
Доставуваат. Пополнуваш во пријава и поднесуваш копија од пресметката[DOUBLEPOST=1499327564][/DOUBLEPOST]
Доставуваат ли фирмите пресметка за исплатена дивиденда со персонален или треба сами да си пресметуваме.
Доставуваат. Пополнуваш даночна и приложуваш копија од пресметката.
 
Molam bid/ask za OHB, OKTA i STBP. Blagodaram odnapred
 
Имаше сторија во Капитал со директор на НБГ, во муабетот за продажба на банките низ балканот не ја споменува Македонија.
 
Имаше сторија во Капитал со директор на НБГ, во муабетот за продажба на банките низ балканот не ја споменува Македонија.

Па даваше примери во кои земји треба да се продадат филијалите, не значи дека сите држави ги има набројано. Мада на мене не ми смета и да остане непродадена, ако продолжи овој dividend payout.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom