Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека само и исклучиво очекувањата за дивиденда ја движат оваа акција, што мене лично ми ја прави интересна за кратки временски интервали на инвестирање (до една година)☺ Веројатно сега се очекувањата (или муабетите по ходници) дека 1.700-2.000 денари ќе даде дивиденда
Оваа акција ја движи пред се константно и конзистентно зголемување на добивката од година во година. Од наменско банкиче на тутунарите со постојан напредок ги достигна и престигна бившите социјалистички гиганти Комерцијална и Стопанска. Со транспарентноста и јасно дефинирани деловни политики, заедно со Алкалоид за мене се единствените блу-чипови на МСЕ.
 
+ KMB непристрасно
 
Случајно отворив извештај на стил за 2022 направиле добивка по акција 74 денари или 17,5 мил евра, а во 2021 58 денари по акција… Кеш расте од 137 на 720 мил, а долгорочен долг паѓа од 1,014 на 540 мил.
При моментална цена на акција од 138… п/е помало од 2
Од кога пратам мсе (2002) немале ни приближни добивки.
 
Коа ќе ги смешаш наводниците :)

Untitled.png

#Ако може број од дилерот #Фала пуно
Автоматски споено мислење:

Уше Каранфиловски во фокус да излезе со натпис. ,,Позитивниот BVPS на CEVI од 375 ден се должи на ..''

Wait, what.. 375 дена book value...? Па лани беше 630...

#банкрот у најава
 
Последно уредено:
Случајно отворив извештај на стил за 2022 направиле добивка по акција 74 денари или 17,5 мил евра, а во 2021 58 денари по акција… Кеш расте од 137 на 720 мил, а долгорочен долг паѓа од 1,014 на 540 мил.
При моментална цена на акција од 138… п/е помало од 2
Од кога пратам мсе (2002) немале ни приближни добивки.

Само нека продолжат така. За 2-3 години, ќе инвестирами и во нив.
 
Колеги,

Во изминатиот период купив нешто ситно акции од неколку наши компании на МСЕ.
Во однос на исплата на дивиденда, кај сите нив треба да доставам податоци во однос на трансакциска сметка, или ги повлекуваат од централен регистар и акционерската книга?
Погледнав на ЦДХВ темплејт од акционерска книга, па гледам има име и презиме, седиште, број на сметка во ЦДХВ, но не и трансакциска сметка.

Се извинувам ако е веќе одговорено, пробав да најдам одговор тука, верувам и на други членови ќе им биде од корист, исплатата се приближува за неколку компании.

Ве молам за одговор.
 
Само првиот пат доставуваш копија од трансакциска и лична карта директно кај исплаќачот, после те имаат во систем. Обично даваат соопштенија со инструкции на нивната веб страна или на Seinet и кај повеќето можеш да го завршиш ова со 2-3 клика преку емаил.
Дури и да не соопштат, нема некој стриктен рок за пријавување, барај контакт за инвеститори и ѕвони им или пиши.
 
Само нека продолжат така. За 2-3 години, ќе инвестирами и во нив.

Да тоа е добра стратегија за безбедно, но во исто време како да чекаш уни да прикаже неколку годишен тренд на добри извештаи и да дојде 4-5000, а можело да ја купиш на 700…
 
Тоа е така, но 540 милиони денари акумулирана загуба немаше кај UNI, ниту кај другите банки.
 
Да тоа е добра стратегија за безбедно, но во исто време како да чекаш уни да прикаже неколку годишен тренд на добри извештаи и да дојде 4-5000, а можело да ја купиш на 700…
Tendo ја има купено УНИ и поевтино од 700, неприкосновен владетел на таа акција :)
 
Ја имам и јас, лесно е да купиш на ефтино тешко е да задржиш до крај, нарочито важи за тие што почнале пред 2007..
 
Според податоците на НБРСМ, на физичките лица во Република Северна Македонија само во декември минатата година по повеќе основи им биле одобрени кредити во износ од 207,2 милиони денари или околу 3,3 милиони евра. Се работи за најголем дел потрошувачки кредити (112 милиони денари или 1,8 милиони евра) и станбени кредити (79,5 милиони денари или околу 1,3 милиони евра). Доделените станбени кредити во 2022 пораснале за 12,7 отсто, а во декември за 1,2 отсто. Потрошувачките кредити во 2022 пораснале за 6,3 отсто, а во декември за 0,7 отсто.
 
Само првиот пат доставуваш копија од трансакциска и лична карта директно кај исплаќачот, после те имаат во систем. Обично даваат соопштенија со инструкции на нивната веб страна или на Seinet и кај повеќето можеш да го завршиш ова со 2-3 клика преку емаил.
Дури и да не соопштат, нема некој стриктен рок за пријавување, барај контакт за инвеститори и ѕвони им или пиши.
Благодарам многу :)
 
Потпишан договоров со Бехтел и Енка

Дали ќе влијае ова некако на некоја локална градежна компанија ? Мислам дека Гранит би можел да искористи парче од колачот доколку е ангажиран во овие проекти, пред некое време имаше таква теза, кога акцијата на Гранит се тргуваше на доста повисока цена и со релативно огромен промет за мсе.

Што мислите ?
 
Веројатно да, ама со оглед на тоа дека сега ќе се почне со проектирање на трасите не верувам градбата и ефектите во билансот да се појават во следните две години.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom