Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Подршката од државата им овозможи да формираат картел. Огромна галама за фиксирање на цена на лебот, слабо нешто за 35ден провизија ако се доближиш помалку од 2 метри до банка.
Мислам дека состојбава ќе трае до следните избори, после ќе ...

btw: Ако не ми окинал куршумот во глава не значи сум експерт за руски рулет, туку дека сум имал среќа и околностите ми иделе во прилог.

Честит денешна Тодорова Сабота на сите оние кои ја слават.
 
Може ли некој да ја објасни поедноставно првава точка, текстов со распределба на дивиденда во акции преку зголемување на основната главнина по пат на издавање нова емисија акции никако не можам да го измозгам.

Тоа значи дека банката планира да ја исплати дивидендата во форма на акции наместо во пари, во вредност од 67 денари бруто. Цената на акцијата е 1370. Ако имаш доволно акции за да треба да ти исплатат 1370, ќе добиеш 1 акција, ако немаш доволно за цела акција ќе добиеш пари. На овој начин парите остануваат во банката т.е. се зголемува основната главнина, но во исто време ја дели добивката преку зголемување на процентот на сопствеништво на секој акционер.
 
Сите деловни банки во нашата територија треба да го зголемат износот на адекватност на капитал. Некои банки се снаоѓаат подобро, а некои прават магии преку генерирање нови акции и имагинарна вредност на хартија.

koja li je tajna?
 
Фала за опширниот одговор, ова дефинитивно ми ги разјасни дилемите. Репер цена претпоставувам дека ќе биде таа на последниот ден со можност за стекнување дивиденда.

Викаш и овие како ФЕД си штампаат, само не пари, туку акции :eek:
 
Пак ќе напишам, уште инвестирате во берза што си се собрале 5 души и си ги местат цените како што ќе му текне...
 
Фала за опширниот одговор, ова дефинитивно ми ги разјасни дилемите. Репер цена претпоставувам дека ќе биде таа на последниот ден со можност за стекнување дивиденда.

Во моментот на носење на одлуките за дивиденда и за зголемување на капиталот репер цената не може да биде некоја идна, непозната и недефинирана цена.

Ако внимателно се прочитаат двете одлуки може да се забележи дека таа е веќе утврдена и е еднаква на номиналната вредност на акциите која изнесува 1000 денари.
Автоматски споено мислење:

Фала за опширниот одговор, ова дефинитивно ми ги разјасни дилемите. Репер цена претпоставувам дека ќе биде таа на последниот ден со можност за стекнување дивиденда.

Викаш и овие како ФЕД си штампаат, само не пари, туку акции :eek:

Во моментот на носење на одлуките за дивиденда и за зголемување на капиталот репер цената не може да биде некоја идна, непозната и недефинирана цена.

Ако внимателно се прочитаат двете одлуки може да се забележи дека таа е веќе утврдена и е еднаква на номиналната вредност на акциите која изнесува 1000 денари.
 
За да биде појасно како ТТК ќе ја подели дивидендата за 2022, за полесна пресметка да кажеме дека некој има 100 акции и треба да добие по 67 денари бруто т.е. 60.30 нето т.е. вкупно 6.030 денари.
1. Прашањето е дали овој акционер ќе добие 6 акции по 1000 денари номинална вредност и плус тој остатокот од 30 денари на сметка ?
2. Дали од Централен депозитар ќе се добие известување дека има зголемување на вкупната маса на акции ?

Благодарам однапред на објаснување.
 
Одличен претпоставен пример.

Одговорот на двете прашања е ДА.
 
Колку интересна одлука за распределба на добивка на ТТК. Можеби ќе почнат и наградите на менаџментот да ги исплаќаат на овој начин.
 
Знаете зошо ФЗЦ и Пекабеско ги одлагаат годишните извештаи? Нема врска со техничко-софтверски проблеми и слични глупости. Едноставно им се може. Чиста експресија на суета на ,,приватна компанија''.

#Е од такви си патиме
 
Nema denes zainteresirani kupuvaci za UNI,mnogu brzo padna interesot,dali toa znaci deka ke odi nadolu posle toj brz rast.
 
Интересно е колку се зголеми прометот на НЛБ сега, иако немаше голема реакција кога излезе годишниот извештај.
 
Мислам дека само и исклучиво очекувањата за дивиденда ја движат оваа акција, што мене лично ми ја прави интересна за кратки временски интервали на инвестирање (до една година)☺️ Веројатно сега се очекувањата (или муабетите по ходници) дека 1.700-2.000 денари ќе даде дивиденда
 
Мислам дека само и исклучиво очекувањата за дивиденда ја движат оваа акција, што мене лично ми ја прави интересна за кратки временски интервали на инвестирање (до една година)☺ Веројатно сега се очекувањата (или муабетите по ходници) дека 1.700-2.000 денари ќе даде дивиденда
Akcija zdrava akcija,konstantno vo dobivka,so godisno variranje pomegu 20-30000 i so solidna prosecna dividenda interesna i posakuvana e za na podolg period.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom