Јас колку што се разбирам законите не важат наназад, со прости зборови не треба да платат за нешто што однапред не било дефинирано во закон, се зависи дали бизнисмените ги имаат во раце уставните судии, познавајќи го северџанистанскиот менталитет ќе се стави во некоја фиока и ќе се чека некое погодно време да се искористи против некоја непријателска влада и после да се труби како владата се презадолжува за да враќа пари.
Да се разбереме едно е да си фер и да го делиш профитот (што не верувам баш дека сакаат да го делат) и друго е на незаконски начин да ти го одзимаат, ако толку сакаат да биде легално нека изгласаат вечерва дека од 02.03.2023г ќе има 50% поголем данок на тие што ќе заработат повеќе од лани, полани... па така фирмите ќе си прават калкулации како да не го платат тој данок.