јасна е работата, оваа крими држава уште пред 20 години си измисли Закон за трговски друштва а со кој се овозможува тој што има во АД друштвото 51% од Гласовите ( не сопственост) во потполност да Располага со ЦЕЛИОТ профит...
Или како по старода имаме 3-ца ортаци кој имаат некој бизнис, тој што е менаџер да не им дава на другите двајца ништо... значи не само дебела плата што зема туку и профитот да им го зема а тие да се сликааат со својот УДЕЛ, акции или било каква форма..
А не дека НЕМА и во обичниот, (неакционерски), бизнис секакви измами, затоа се палат коли по паркинзи и слични работи...
Упорно ќе го одржуваат акционерскиот крими закон за да им биде легално место за корупција...
Се знае начинот, кој не сака малцински акционери да им ги купи поштено акциите и нека излезе од берза, ете скопска пивара на крај така направи, а во почетокот свето ги излажа мнозинство од вработените и им ги зема акциите за голфови...
..Законот си е одличен, меѓутоа тие што го спроведуваат воопшто не се. Членот 399 јасно пропишува дека Слободан не смеел да гласа за точките, ама „нашиот проактивен регулатор“ КХВ не му изрекнал забрана нему и на поврзаните лица да гласаат за тие точки. Исти пропусти се случуваат и сега со овој Коки и фамозниот швајцарски фонд:
не, џабе и да не гласа тој ако друг пион гласа како него му одговара ... никаде во свет не може да се делат несразмерно големи менаџерски награди, посебно ако не дава фирмата дивиденда, напротив има менаџери кој без плата водат фирма.... освен тоа само тука во ех Ју може слободно да се крадат и перат пари од профитот, па му се иисплаќа да не дели дивиденда дури и тој да е акционер, повеќе краде од друго...
Едноставно во нормален свет ако се дознае дека акционерска фирма платила некоја набавка астрономски од некого или продала некому нешто испод цена, однадвор ќе има големи реакции а и правни консеквенци, без обзир што е приватна фирма, ама не е 100% на поединец, повеќе пати го давав примерот од УК..
Една кратка дебата ако сте расположени. Најголем пад предвидувам за Реплек во наредниот квартал. Целиот бран тргна со наговестувањето на новиот закон за легализација и релаксација на пазарот на марихуана во медицински цели, но со паѓањето на оваа влада, секако дека од тоа нема да има ништо. Ќе се врати на ~ 70,ooo. Лош тренд предвидувам и за МП и Гранит. Додадете што мислите кој ќе расте кој паѓа, со ваквиот развој на настаните
Се знае начинот, кој не сака малцински акционери да им ги купи поштено акциите и нека излезе од берза, ете скопска пивара на крај така направи, а во почетокот свето ги излажа мнозинство од вработените и им ги зема акциите за голфови...
Автоматски споено мислење:
не, џабе и да не гласа тој ако друг пион гласа како него му одговара ... никаде во свет не може да се делат несразмерно големи менаџерски награди, посебно ако не дава фирмата дивиденда, напротив има менаџери кој без плата водат фирма.... освен тоа само тука во ех Ју може слободно да се крадат и перат пари од профитот, па му се иисплаќа да не дели дивиденда дури и тој да е акционер, повеќе краде од друго...
Едноставно во нормален свет ако се дознае дека акционерска фирма платила некоја набавка астрономски од некого или продала некому нешто испод цена, однадвор ќе има големи реакции а и правни консеквенци, без обзир што е приватна фирма, ама не е 100% на поединец, повеќе пати го давав примерот од УК..
Па можеби најинтересната група во акционерската структура ми се тие вработени акционери инсајдери на коишто којзнае зошто досега не им ги откупил акциите. Не би било коректно да ги прозивам по имиња кој колку поседува сега, ама еве јавен податок од предлог-одлука за член во Одбор на директори на тоа фамозно собрание во 2019. година е дека во тој момент овој Дарио Кадиев поседувал 190 акции. Сега можеби има исто, можеби повеќе, можеби помалку, а можеби и нема воопшто.
Слободан ќе ги земел истите 72 миљони доколку наместо бонусот поделел дивиденда од околу 2.800 денари по акција, а тогаш некој акционер со 190 акции би добил цирка 532.000 денари дивиденда. Овој Кадиев е уште и супер, пошо претпоставувам дека како директор од втор ешелон зема плата од 2-3.000 евра којашто го компензира, ама има други од таа група за коишто се сомневам дека штетата поради неделење дивиденда им била поголема од годишната нето-плата што ја примиле у фирмата! Практично, ем испаѓа дека таа година му работеле за џабе, ем им бил врзан капиталот да не можат да го користат
Искрено, токму овие луѓе заслужуваат да земаат солидна дивиденда или да ги откупи по некоја реална цена од 40-50.000 денари/акција дури и повеќе него ние малите акционери аутсајдери, пошо тие за сите овие години вложувале и труд и капитал во изградбата на фирмата. Навистина не го разбирам тој садо-мазохизам што ниту тие бараат, а ниту пак тој им нуди да ги откупи.
Една кратка дебата ако сте расположени. Најголем пад предвидувам за Реплек во наредниот квартал. Целиот бран тргна со наговестувањето на новиот закон за легализација и релаксација на пазарот на марихуана во медицински цели, но со паѓањето на оваа влада, секако дека од тоа нема да има ништо. Ќе се врати на ~ 70,ooo. Лош тренд предвидувам и за МП и Гранит. Додадете што мислите кој ќе расте кој паѓа, со ваквиот развој на настаните
Da se ubacam okulu naftashive.
Ke mora da promenat cel biznis model. Danska objavi deka se otkazuva od vadenje nafta od severno more. vo uk nema da se prodavaat vozila na fosilni goriva do 2030 itn. Toa e trendot.
E sega kaj nas toa ke kasni,normalno, ama trendot od tuka ke bide samo downhill.
okta gleam cepkaat nesho vo toj pravec, struja , obnovlivi itn. Makpetrol nisto.
Celiot proces na prestruiktiranje na cel toj naften biznis ke kosta mnooogu pari.
Годинава, а веројатно и следниве 1-2 нема брзи коњи на берза (освен хајпот со РЕПЛ годинава) па да се дебатира кој е побрз. Така што интермецово го искористив да удрам сефте во KOMU со 100ка пред некој ден. Лани промената на управата, полето на делување, визијата на компанијата и резултатите од годинава се ОК. За почеток доволно е ако се има предвид дека е компанија во развој и ептен неликвидна.
Помислата дека нешто е вкалкулирано во цената на Македонската берза е чиста навреда за математиката
Овдека ништо не се калкулира, туку само се пумпаат пари во индексни акции, а грото мали акционери немаат појма што купуваат па слушаат совети од брокери. Тоа е толку евидентно затоа што бараат валидација у секој коментар. Кој знае што купил, нема мува да го лази која е цената туку ќе се моли да отиде подолу за да купи уште повеќе.
Кој нема појма што купил, цело време ќе ја следи цената дали пораснала како што му кажале „советниците“. Само овојпат тие што си играат берза и пумпаат први ќе искешираат и ќе скокнат од бродот оставајќи ги клиентите на цедило, а нема како во 2007. година со свои пари да се заглават бранејќи го неодбранливото.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.