Македонија VS Шпанија

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonia>>Europe
  • Време на започнување Време на започнување

Тип

  • Македонија победник

    Гласови: 207 43,7%
  • Шпанија победник

    Гласови: 138 29,1%
  • Нерешено

    Гласови: 129 27,2%

  • Вкупно гласачи
    474
Статус
Затворена за нови мислења.
Не би требало да е во врска со Шаќири тоа што пишува 21.30 почеток. Најверојатно ќе има нешто во врска со отварањето на стадионот, или нешто слично. Шаќири треба да игра 15 минути па да излезе, нешто слично како Ќириќ со Хрватска. Цвеќе, едно, друго...

Еве инфо од мојот сајт во врска со ова:

Артим Шаќири се простува со Шпанија

Поранешниот фудбалер на струшки Караорман Артим Шаќири, кој беше и капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, ќе се прости од националниот дрес на 12-ти август, на мечот против актуелниот европски првак Шпанија.

sakiri_artim.jpg

Артим Шаќири има 75 настапи за репрезентацијата на Македонија и останува еден од најдобрите фудбалери кои се појавиле во црвено-жолтиот дрес. Постигна 15 гола а засекогаш ќе биде запаметен по голот од корнер, кој го пензионираше англискиот голман Дејвид Симан.

JavaScript is disabled!
To dsplay this content, you need a JavaSript capable brow

Македонската репрезентација ќе ја пречека „Црвената Фурија“ на 12 Август, на реновираниот стадион „Филип Втори“ кој ќе прими 30 000 гледачи. На 2 Август беше пуштена во употреба северната трибина. Планирано е да се изградат и источната и западната трибина, да се променат столчињата на јужна и да се направи нова атлетска патека, со што стадионот ќе добие модерен изглед.

sever.jpg

Новоизградената северна трибина

Се очекува Артим Шаќири да ги одигра првите 15 минути, а потоа да му го препушти местото на некој од стандардните репрезентативци.

Испадна дека полесно може да се најде карта за финале на Лига на Шампиони отколку за Македонија - Шпанија.
 
Испадна дека полесно може да се најде карта за финале на Лига на Шампиони отколку за Македонија - Шпанија.

Само да не испадне да има одреден дел и празни места на стадионот.. :))
Oд оние што не успеале да ги препродадат...
 
Испадна дека полесно може да се најде карта за финале на Лига на Шампиони отколку за Македонија - Шпанија.

А бе дечки... ве читам 30 страни наназад се јадосувате за картите. Немате доволно искуство.

Кај нас е секогаш (намерно направен) хаос, кога се работи за карти. Еден ден ќе се среди, и ќе си купуваме како цел нормален свет: на означени продажни места, во сите градови, преку интернет... Ќе се знае и колку карти има, каде има, во колку часот ќе ги има и се тоа. Ќе не огрее сонце еден ден.

До тогаш, ако сакате карта, кога ќе најават на тој и тој датум во 09.00 часот, во 06.00 бидете таму. It's the only way. Може и поинаку да најдете. Ама само така нема да ве боли главата.
 
Јас не се јадосувам, јас купив карта уште првиот ден. Криво ми е за другиве. Многу лоша организација, ама тоа е македонска работа.
Иначе и јас имам искуство, за Македонија - Англија уште во темница искочив од дома за да отидам по карта, околу 5 и нешто бев пред билетара и уште тогаш имаше гужва. Никогаш не оставам на случајот, кога има голем интерес за некоја утакмица пред да отвори билетарата сум таму.
 
Не велев за тебе, општо за сите кои останале без карта.

Иначе заедно сме дремеле за Англија и ја бев околу 5 и нешто. Може муабет сме праеле :)
 
Најдов некако за запад ебаго, поарно нешто отколку ништо.
 
Не велев за тебе, општо за сите кои останале без карта.

Иначе заедно сме дремеле за Англија и ја бев околу 5 и нешто. Може муабет сме праеле :)

Хаха може сме правеле муабет:). Дека мене ме цитираше, мислев мислиш на мене, па да одговорам:).
Другиве од сега ќе знаат како е, карти купување уште првиот ден, после се може да се случи.
 
Хаха може сме правеле муабет:). Дека мене ме цитираше, мислев мислиш на мене, па да одговорам:).
Другиве од сега ќе знаат како е, карти купување уште првиот ден, после се може да се случи.
Не брат... нема да имаат потреба од карти, нема да иде повторно Шпанија. Другите имаат потреба од карти само кога играме со некоја силна репрезентација, затоа и се крена толкава паника, да немаше карти за меч со Србија на никој немаше да му биде гајле... ама за Шпанија и тоа за 200 денари, е богами ги боли душата :pos:
 
Да, да, проблемот настанува само тогаш, кога ќе дојде некоја голема репрезентација, во другите случаеви и на плоштад ги продаваат.
 
извини но шпанија игра по втор пат на градски првиот беше далечната 94/5 кога го игравме првиот квалификациски циклус и тогаш изгубивме на градски 2-0 така да не е прв пат
Јас не реков дека е прв пат да игра Шпанија, реков ЕДНАШ... и се однесуваше на постот пред мене :)
Што бидна со картите што ги заплени полицијата ќе ги даваат на навивачи на билетара или ќе ги земат за нив.
Не верувам дека полицијата има запленето некои карти, тоа се само приказни за медиумите.
 
ќе ги растуриме шпанците! има да им дадеме да ни дадат 4-5 гола!
 
Тогаш ке почнеа да викаат, “ајде бе партали ли ке гледам!“!!!

Никој не го интересира за нашите момци, туку сите ги спремаа апаратчињата за Торес, Чави, Рамос ......, нешто слично како со Англија, и оној манекенот Бекам коа беше!:toe:

Ама ајде сега оправдано ке биде, оти нели 100 годишнина ни е на Фудбалот во Македонија, (шо како шо гледам никој не го ни спомнал тоа, а камоли па нешто друго !)

Али ај нема везе, сега не е моментот, битно е да биде добра атмосфера!:smir:
Ауууу , зошто некој овде изиграваат светци?Ти одиш на Македонија-Андора?Па мене од Струмица не ми се исплаќа да одам на Македонија-Андора.Само смешно ми е што некој изигравате во стилот : Ги спревамте апаратрчињата за Торес,Чави,Рамос демек ти секој ден нив ги гледаш , немам ништо против никого , но доста изигрававте свтеци.

Спортски поздррав :pipi:
 
Карта е речиси невозможно да се пронајди па кој сака да најди нека контактира со локалниот штаб на ВМРО ДПМНЕ во својата општина!

Двајца купија 15.000 карти
Се зборува дека карти за атрактивниот фудбалски дуел се делеле по општинските комитети на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, но партијата вчера одби да коментира
740FE4BAA576254E84747758B1F6C529.jpg
По мистериозното исчезнување на картите за пријателскиот фудбалски натпревар помеѓу европскиот шампион Шпанија и Македонија, закажан за 12 август на стадионот "Филип Втори", вчера проструија информации дека две лица ја откупиле главнината од билетите.
Истовремено, се зборува дека карти за атрактивниот дуел се делеле по општинските комитети на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Во партијата вчера одбија да коментираат за оваа тема.
Продажбата на билетите почна и заврши во петокот, иако на билетарницата до стадионот немаше турканици, какви што треба да има за да можат да се продадат толку влезници за така кус период. Официјална потврда дека влезниците се распродадени стигна утредента, кога на веб сајтот на Фудбалската федерација на Македонија беше објавено дека се купени сите 15.000 карти пуштени во продажба на билетарниците во главниот град и во внатрешноста.
Остатокот од влезниците до капацитетот од 25.000 е резервиран за фирми и за спонзори.
Натпреварот со Шпанија е дел од прославата 100 години фудбал во Македонија, и затоа ФФМ реши влезниците да ги продава по цена од 200 денари за Север и Југ и 100 денари за Исток и Запад. М. Илиоски

За препродавање билети законот не предвидел казна

МВР на 1 август, околу 13 часот викнало на информативен разговор едно лице што пред билетарниците на стадионот "Филип Втори" препродавало карти за натпреварот со Шпанија.
Во МВР велат дека, по извршениот разговор, не е констатиран прекршок оти, според позитивните прописи, не постои одредба која го санкционира препродавањето билети.
Претходно од ФФМ апелираа да не се купуваат карти од препродавачи и од неовластени лица, бидејќи се работи за фалсификати.

Извор: Вест
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom