Македонија-Унгарија (6.4.2012, 14:45 ч.),Скандинавиум арена-Гетеборг

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
„Загубивме тесен меч, не можам да кажам дека не заслуживме да победиме, зашто се боревме. Но Унгарија е цврста селекција, со силни играчи, со големо искуство и добро подготвени. Можеби тие имаа повеќе играчи за ротација од нас и тоа беше пресудно. Одигравме само 60 проценти од нашите можности, не сакам да именувам играчи, кога победуваме – победуваме заедно, кога губиме – губиме заедно. Имаме големи резерви, ова е најизрамнета група од сите квалификациски за ЛОИ во Лондон. Не го сметам ниту Бразил за аутсајдер, дури има теоретски шанси ќе се бориме. Ако малку се размисли подлабоко, ништо не е загубено, победа од еден разлика и пораз од еден разлика ќе ни се фатеше исто. Утре одиме на мегдан со домашните, ќе се бориме, се надевам дека и другите резултати ќе одат во наш прилог. Секој прв меч на големите натпреварувања го играме во грч, тоа се покажа уште еднаш. Денеска дадовме само 60 проценти од нашите можности, не е загубено ништо, главите горе. Нема да дозволиме да преовлада нашиот менталитет, до утре да се дигнеме на високо ниво и да ја израдуваме цела Македонија“, изјави по мечот Лазаров.
 
Тееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееехнички грешкиииииииииииииииииииииииииииииииииииииииии!.......No Coment
 
Сигурно му смениле ресор на министеров за одбрана. Него, само ли јас приметив дека на одредени моменти како од клупа (незнам дали Шундо или Андон) да му сугерираа да се повлече од голот и да го остави Диви, а овој не прифаќаше ? Башка и публиката го скандираше името на Диви, но премногу арогантност и самобендисаност има кај министерот. Само прочитајте го интервјуто за Лино и Металург и се е јасно, као отиде во Германија и го фати Бог за...
Таков е бе ГАД. И изјави кога дава,и кога брани арогантен и одвратен.
Ништожник,гледа една топка не може да фати не се трга од гол. Гаден.
 
Како јас го видов мечот.....
Како сакаме да добиеме меч,кога имаме двојно помалку исклучувања од противникот и не знаеме да искористиме?Како?
Со два играчи помалку ни прават вишок,алоооо......
Искусна репрезентација нема да си го дозволи ова,можеби еднаш,два пати,ама речиси во секој напад....нема шанси....
Во напад,посебна приказна...
Од преку 15 напади со играч плус дали 5,6 пати префрливме до крило,ова се однесува посебно на првите 40ина минути,......
Класично како треба да се игра во ситуации со играч плус/минус ни покажаа Унгарците....
Втора работа.....
Не уништија бековите на Унгарија,посебно тие од кои се плашев најмногу..
Часар,Перез не изрешетаа....Перез за само 30 ина мунути колку беше во игра ни закачи 5,6 парчиња...
Капак на се дрво од калибарот на Кривокапиќ ни акна 3,4 гола....:facepalm:
Е па многу е...
Трета работа...
Борко,на средина еден куп шутеви му поминаа,е па голман не смее да си дозволи на средина да го бушат,посебно не на ваков меч....
Мораше Борко да фати многу од тие удари.....
Играта во напад ни беше таа ,стандард...
Штета шо на Кире не му одеше шутот,иначе ќе беше друга песна....
И судијата не исече со пробивањето на Манасков,какво пробивање какви бакрачи....:mad:
Сега останува утре со сите сили да одиме на Шведска,нема друго чаре.....
 
Таков е бе ГАД. И изјави кога дава,и кога брани арогантен и одвратен.
Ништожник,гледа една топка не може да фати не се трга од гол. Гаден.
Затоа на клупа треба да има АВТОРИТЕТ, кој ќе го ЗАКОВА за столче ако не му е ден. Не може да очекуваме Кире и Борко да бидат и играчи и стратези.
 
Него пак ќе се навратам на Шундо...Толку ли човекот нема осет кога треба да се побара тај-маут, толку ли неможе да го уклучи малце мозокот, па на минута ипол имавме напад за израмнување +играч повеќе, у таа ситуација мораше да побара тај-маут за да се договорат како ќе изиграат со играч повеќе, и дебилов не бара и ни се случува пробивање, после на -2 и на 20 секунди до крај го бара.:facepalm:
:pos:
 
Одбраната ни е полоша, ко неорганизирана. Немаме цврста одбрана, а и не ми е јасно зашто преретко се игра фластер. Го гледаш Перез шутира ко луд, абе фластер бе, ФЛАСТЕР!
Штета што на крај свативме дека имаме и крила, кои на почетокот не ги уигравме воопшто, а на крај тие ги дадоа последните голови. Го става Стоилов на позиција на која тој не игра, а има златно неискористено крило З.Мојсовски, бог да чува.
Лазаров треба да внимава малку, да не шутира од каде стигне, капитен ни е, најискусен ама избрзува во завршниците.
Судиите нека си стават очила, ако тоа со Миркуловски не беше прекршок за исклучување јас ќе престанам да гледам спорт воопшто.
И на крај да кажам ,,Шундовски постои и едно дете на клупа наречено ДИВИ" внеси го бе мамата.

Ајде ајде не е изгубено се, можеме. Ние секогаш го губиме првиот натпревар, од вториот веќе ни нема рамен :icon_mrgr:
 
Колку е Бразил, има негде да се следи лајфскор?
 
Затоа на клупа треба да има АВТОРИТЕТ, кој ќе го ЗАКОВА за столче ако не му е ден. Не може да очекуваме Кире и Борко да бидат и играчи и стратези.

Нема бе таков човек ни во Македонија, ни надвор, што може да го направи тоа. Кој и да дојде и да го проба тоа, само полошо ќе биде за репрезентацијата. Дај сфатете го тоа и не го тупете веќе со тој авторитет, сите го знаеме тоа.

Него, и така во прво исто ко да намавме крила, зошто не се проба со двајца пикери? :D Ќе правевме глупости, ама може повеќе шанси ќе имавме така да дадеме гол..
 
Значи Борко ама не е воопшто крив. Немаше ден. Се случува и тоа. Утре ке се поправи ке видите, но има втор голман бе. Го имаме Диви кој знае да ја подигне атмосферата! Но како кога човекот 60 мин седеше на клупа. Ако ништо друго барем ке го одмореше на Борко и ке се смиреше малку на клупата. Но го имаме ние големиот Шундовски на клупа... Но некако имам впечаток дека Кире потпаѓа под притисок. Сака многу бргу да реализира. Незнам зошто, но така некако ми делува. Но верувам дека ке ги изненадиме Швеѓаните некако ми делуваат изгубени во простор и во време...Но ке видиме да не се чуваат случајно за со нас...
 
Не знам од каде ги наоѓате причините за оптимизам против Шведска, но ајде. Лош ден на голман, како денес, е поправлива ствар. Исто и лош ден на некој шутер, што денес не беше случај колку што немаше воиграни акции. Но кај нас, се работи за исклучително лоша ОДБРАНА! Во Србија на крилата на публиката игравме одлично и не добивавме исклучувања. Сега се уплашени, воопшто не одат на противникот пред да се крене па бевме сведоци како Перез само се дига и торпедира. Имаме премал ростер и бргу се преморуваат, Велко Маркоски доби второ исклучување во 40та минута и не играше некое време, за Митков и Ангеловски нема да трошам зборови. Тенки сме, многу тенки. Зашто наместо Никола Маркоски не се зеде еден Кукоски на пример, со кого би имале уште еден човек во дефанзивна ротација. Друго, премногу бавна е транзицијата, се менуваат 3 од 6 ракометари што е премногу против една Унгарија, а камоли за скандинавска Шведска....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom