- Член од
- 25 септември 2011
- Мислења
- 6.448
- Поени од реакции
- 18.283
„Загубивме тесен меч, не можам да кажам дека не заслуживме да победиме, зашто се боревме. Но Унгарија е цврста селекција, со силни играчи, со големо искуство и добро подготвени. Можеби тие имаа повеќе играчи за ротација од нас и тоа беше пресудно. Одигравме само 60 проценти од нашите можности, не сакам да именувам играчи, кога победуваме – победуваме заедно, кога губиме – губиме заедно. Имаме големи резерви, ова е најизрамнета група од сите квалификациски за ЛОИ во Лондон. Не го сметам ниту Бразил за аутсајдер, дури има теоретски шанси ќе се бориме. Ако малку се размисли подлабоко, ништо не е загубено, победа од еден разлика и пораз од еден разлика ќе ни се фатеше исто. Утре одиме на мегдан со домашните, ќе се бориме, се надевам дека и другите резултати ќе одат во наш прилог. Секој прв меч на големите натпреварувања го играме во грч, тоа се покажа уште еднаш. Денеска дадовме само 60 проценти од нашите можности, не е загубено ништо, главите горе. Нема да дозволиме да преовлада нашиот менталитет, до утре да се дигнеме на високо ниво и да ја израдуваме цела Македонија“, изјави по мечот Лазаров.