Македонија - Унгарија [ 18.01.2014 - 16:00 часот ]

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе победи?

  • Македонија

    Гласови: 80 66,7%
  • нерешено

    Гласови: 15 12,5%
  • Унгарија

    Гласови: 25 20,8%

  • Вкупно гласачи
    120
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Прибак е Павел Атман за сиромашни! :D

*Шо нели нема логика пошто игра у Вардар кај Самсоненко кој е рибетина за Минчо, али нема веза... :D

*** а осеќам сеа некој ќе ме цитира можда и дека е поарен од Атман.... no way. :)

Цар е Немања. :D Го чекаме ко Рутенка да ни доаѓа во тимот но мислам дека ќе ги оправда очекувањата. Играч од доверба, за мене лично е најмалку на нивото на Миркуловски, со голема предност во поглед на шутот. Знае да ја спука од чекор под зона, нешто што ни фали без Номче во тимот. Единствено во одбрана и во изнудување фаули е Жути подобар, во другите сегменти мислам дека нема некоја голема разлика кај нив.

Накратко, да беше Наумче во тимот ќе добиевме само човек плус во ротацијата, сега добиваме засилување во правата смисла на зборот. А и збори македонски подобро од Пандев :icon_lol:

http://sitel.com.mk/node/119884
 
Ме изнасмеа за ова со Прибак :D
Прибак е одлична опција за лев бек , за дрвото Пецаковски конечно на клупа , инаку може да ротира ако е потребно со Ангеловски . Со Прибак во тимот ќе биде растеретен Миркуловски а исто и Прибак е добар асистент па очекуваме да ги проигрува Ојлески/Манасков.
 
Ај едно претставување за Прибак, каков е во напад и одбрана.

Не ми е поентата колку добар гол, поентата е времето на голот. Шутираше и со Магдебург и промаши, но никој не го критикуваше бидејќи сите други бегаа од топката, а Јовчевски 2 пати по ред промаши зицер позиција. Прибак е играч кој сака да превземе одговорност и превзема, не се плаши да шутне и да одигра ризично, односно Кире за што го критикува брат му индиректно, за немањето муда да се истакне.

Ќе видиме, не е бек шутер, но знае да распали и од 9 метри често, далеку подобар во тој сегмент од Миркуловски, знае и да асистира. Како и да е, секој играч плус, е растеретување на Кире.
 
Ставро, и другите што мешаат кладилница у целиот муабет, последна опомена пред да делам казни.


Која црна кладилница, само кажав дека сигурно ќе изгубиме.

Смеам, или овде пишуваат само дека ќе победиме?
 
Која црна кладилница, само кажав дека сигурно ќе изгубиме.

Смеам, или овде пишуваат само дека ќе победиме?

Еврата и коефициентите сигурно не беа кладилница, и сигурно сите ги интересира ти дал ќе поставиш или не принт скрин од тоа колку пари си земал.
Толку на таа тема, ако имаш нешто во врска со мечот, слободно, без разлика дали мислиш дека ќе победиме или изгубиме.
 
Еврата и коефициентите сигурно не беа кладилница, и сигурно сите ги интересира ти дал ќе поставиш или не принт скрин од тоа колку пари си земал.
Толку на таа тема, ако имаш нешто во врска со мечот, слободно, без разлика дали мислиш дека ќе победиме или изгубиме.


Добро Генерале, договорено. Се надевам ќе бидеш исто толу ревносен да ги бришеш мислењата во кои ми псујат мајка, и да делиш банови на таквите ликови...
 
Унгарија е една репрезентација која дефинитивно не ни лежи...Ги имаме тепано мислам само 2 пати и тоа кога сме биле домаќини за квалификации пред повеќе од 10 години..Е сега зошто не ни лежат?
Тие се едни од оние кои играат одбрана 6-0...И се доста високи и груби...Во последните пресметки против нив одат грубо на Лазаров оти е тој единствен шо можи да напаѓа преку зона,а останатите мора да пробуваат да ја разбиват со влезови шо е многу тешко...Кога ќе се стави и фактот шо до сега сме најслаба репрезентација во однос на реализација од поле процентуално ќе биди ептен тешко...Овде мислам дека ќе треба и голема помош од пикерите со повеќе блокови и отворање на простор за влез на левиот и централниот наш бек...како и крилата мора пак како со Австрија поќе да влегват на 6 метри ама и поќе да реализират...
Наша најголема предност во нападот се нивните голмани...Фазекаш повеќе не им брани - а ни беше ноќна мора секогаш го разбранувавме(а и на Лазаров секогаш ми беше многу тешко против него беа клупски колеги во Веспрем и го читаше).Е сега останаа само со Миклер и Татаи двата бранат во Пик Сегед...Не дека се некој лоши голмани ама не се на нивото на Фазекаш....
Во одбраната посебно внимание треба и ќе посветиме на тројката XSASZAE-(среден бек),LECAI(лев бек),IVANCIK(лево крило) и конечно , конечно да пробаме да ги искористиме одбраните на голманите за да извлечеме барем 4-5 гола од контра...
Ова утакмица зицерите посебно крилата мора да ги реализират за да имаме шанси за победа...
Плус имаме уште еден играч за ротација плус Прибак,па конечно да биди поодморен Миркуловски како би бил поконцентриран и со повеќе сила за во нападот...
 
Добро Генерале, договорено. Се надевам ќе бидеш исто толу ревносен да ги бришеш мислењата во кои ми псујат мајка, и да делиш банови на таквите ликови...
_52272673_crying-baby.gif




Иначе си тепаме оваа утакмица па после полека ќе видиме што ќе биде... Прибрак малку ќе му намали товар на Кире...и очекувам па игра на ниво од одбраната...
 
Мене кај Прибак најмногу ми се свиѓа што е доста паметен играч, лесно не губи топки, не ги шутира во 90 ред од паника (како што им се случува на другиве) знае кога треба да се смири играта, макар и да имаме шанса за контра, одлично асистира и знае да извади шут од нигде и никаде кога нема решение, и како што е горе веќе напишано не се плаши да превземе одговорност, па затоа и кога промашувал не сум се лутел. Очекувам уште подобро да ја разигра репрезентацијата заедно со брзиот Миркуловси и Кире кој сигурно ќе има поголема слобода. Се надевам и Манасков ќе биде подобар (попаметен не може) покрај него. Одлично е што игра супер и на лев и на среден бек. Пред се супер ми е човеков што е смирен со прав спортски дух, не е некој шизофреничар ко оној голманон на Австрија што имаше напад при пеналот на Лазаров :icon_lol:
 
добар играч ќе добиеме во ротација, тоа е сигурно. А инаку е првиот србин што го имам слушнато како зборува македонски!!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom