Македонија - Русија, (меч за третото место) 18.09.2011, 16:30 часот

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе победиме ?

  • Да!

    Гласови: 236 86,8%
  • Да!

    Гласови: 36 13,2%

  • Вкупно гласачи
    272
Поразот од Шпанија ептен ме шокираше а најмногу од се ми е криво што неможев да ја гледам утакмицата. Од тоа што го видов како статситика и дел од играта убеден сум дека можевме и можеме во некоја друга прилика да ги победиме. Нашиот најголем проблем е тенката клупа, но и тоа го надокнадиве со лавовска борба.
За денешната утакмица имам позитивно чувство , особено затоа што Русите ниту во еден елемен не се подобри од нас. Најмногу ме радува што после повредата на Гечевски, Самарџиски успева повеќе од коректно да го замени дури сум и изненаден од неговата самодоверба.
Ајт со среќа денес да го прославиме првиот медал за Македонија.
 
Денес е голем ден за Македонија како за спортот така и за самата држава.Покажавме во два наврати дека можеме да им парираме на Русите така да денес одиме на медал.
 
Нека играат кошаркарите денеска за себе да освојат медал,немора за нас и онака веќе сторија многу за нас!
 
Се надевам дека ке земеме медал и ке напишеме ИСТОРИЈА !!
 
Само смирено и без притисик треба да играат и мислам дека се способни(а тоа го докажаа во повеќе случаи) за медал! И да не освојат медал, секој ќе биде горд на овие момци
 
Перо Антиќ, Бо Мекејлеб и Владо Илиевски се најдоа на списокот од 12 играчи кои конкурираат за најдобриот состав, а за кој може да гласаат спортските новинари кои известуваа за натпреварите.

Заслужуваат момците! Само напред!

:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
 
Кој ја направил анкетата горе хахахахахахахахах браво
 
Многу го зборите тој Николовски.Толку ли е добар?
Според мене еден од најнадежните играчи! Во него и во Дарко Велковски (фудбал) ги гледам нашите идни ѕвезди што ке ја дрмаат ЕВРОПА!!
 
Перо Антиќ, Бо Мекејлеб и Владо Илиевски се најдоа на списокот од 12 играчи кои конкурираат за најдобриот состав, а за кој може да гласаат спортските новинари кои известуваа за натпреварите.

Заслужуваат момците! Само напред!

:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
Дај линк да видам. :)
 
Не е битно дали ќе освоиме бронза, и без медал ќе владее чувство на обединетост, заедништво, среќа, гордост... нешта кои толку многу ни недостасуваат овие 20 години! Сите репрезентации играа за слава, пари и медал, а само нашите јунаци покажаа како се игра за својот народ, за својата држава гордо, машки , храбро, со лавовско срце!

 
Според мене еден од најнадежните играчи! Во него и во Дарко Велковски (фудбал) ги гледам нашите идни ѕвезди што ке ја дрмаат ЕВРОПА!!

Кај игра детево не го знам гледам и со другари зборував го спомнуваа требало да го земеле..
 
Денес ќе јадам само Руска салата...
и тоа
Made in MACEDONIA :D
--- надополнето: Sep 18, 2011 11:15 AM ---
Не е битно дали ќе освоиме бронза, и без медал ќе владее чувство на обединетост, заедништво, среќа, гордост... нешта кои толку многу ни недостасуваат овие 20 години! Сите репрезентации играа за слава, пари и медал, а само нашите јунаци покажаа како се игра за својот народ, за својата држава гордо, машки , храбро, со лавовско срце!

Еии камо среќа да бевме обединети вака на сите полиња,ќе бевме многу побогата нација и никој ништо не ќе ни може. Ама јас сум оптимист и мислам дека последниве години работите се менуваат,свеста сега е на повисоко ниво за разлика од пред 10 -15 години.. И тоа ме прави среќен
 
Без разлика дали ќе го освоиме третото место или не,сепак ќе бидеме горди на нашите момци кои не преставија во најдобро светло.Можеби немаме историја во европски победи,ниту пак НБА играчи, ама имаме срце колку што имаат сите репрезентации заедно!Напред Македонијааааа:love:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom