Македонија - Русија, 12.09 - 20:00 ч.

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Тие шо се од Битола вечер на плоштад Магнолија можат да го проследат во живо натпреварот меѓу Македонија - Русија на видео бим ( носете реквизити )....
Од кога вакви работи? :)
 
русите не ни веруваат многу дека сме повредени па селекторот на русија рекол дека сака да игра со литванија, изгледа и ова е некоја патка само...........
 
Тимофеј Мозгов

Роден 16.071986 год. во Санкт Петербург


1:56 мин

Што ти праи Чернобил......

He's Not Human
 
Тимофеј Мозгов

Роден 16.071986 год. во Санкт Петербург


1:56 мин

Што ти праи Чернобил......

He's Not Human

Ништо, детиште, нема да го биде.

Сум видел бољи.
 
Овој Мозгов не уништи на европското у Полска. Сега ќе го имаат плус Кириленко. Ние па од друга страна со повредени играчи мака мачиме. Ќе биде екстремно тешко. Али повеќе ништо не може да ме изненади од нашиве.
И да,убаво рекол Игорче, нека му ја мислат тие против кој ќе ни тргне шутот за 3 :D
 
За влакно се извадија во Полска, ако не се лажам Мираковски промаши положување во последна секунда кога излезе од кош...

Ама, уште се немаат запознаено русите со Борче :)

Само да се изнудат некако брзи фаули од Мозгов и после да си ја играме нашата игра
 
Вечер очекувам уште една сензационална победа,зошто против големите играме и победуваме,а против малите не играме и победуваме :D
Со среќа нека ни е :)
 
Ајде ајде, без коркачење. Ехее на Европски Првак му го најдовме крајот, чим дојдовме до овде можеме значи многу повеќе. Инаку очекувам Владо и Перо да бидат столб на играта денес, поддржани од близнаците, па ќе видиме што ќе биде.
Како и да е, со момците сум 99, 102% :cool:
 
Па и Русите нема дадат максимум денес, и тие се уморни и ќе се чуваат за најважниот дуел, четвртфиналето.

Финтата е кого сакаат Докузовски и рускиот селектор за противник. Ама не верувам дека некој ја посакува Литва така да очекувам да се игра на победа, ама не во некоја многу загреана состојба. Ја барем релаксирано ќе гледам, повеќе возбуден за лисјата шо ќе почнат после. :pos::pos::pos:
 
Реално шансите за победа ни се мали.Со десеткуван состав а и со не така добри високи играчи ќе биде тешко. Русите никогаш не потценуваат никого,ниту па нас.Имаат ептен високи играчи Кириленко,Мозгов,Кријапа се претерано добри играчи.Колку и да ги бодриме нашите освен Антич не гледам никој друг кој може да им парира. Сепак ако ни тргне шутот од три и ако играме во одбраната имаме шанси,бидејќи под кошовите нема шанса да им се земе топка. И на крај ја гледав изјавата на Блат,нивниот трењер кој рече дека Литванија би им одговарала за 1/4 финале но на тоа не треба да се верува. И да надежта последа умира! Напред Македонија сакам да победиме за да им ги затенеме устите на Србите....
 
Линк негде од таа фамозна изјава?
 
Интересно интересно....:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom