Македонија - Русија, 12.09 - 20:00 ч.

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
WTF? Шо му се деси на Самарџиски?

Уствари како ќе играме без центар?:eek::sick:

Дајте сигурен извор и да одам да се збогатам.
Пеџа имаше повреда, тродупла му била едната нога ама денес многу болки чуствувал и не е дефинитивно дека нема да игра ама со отечена нога тешко да скока и да ни е од помош.
Вечерва искрено не се ни надевам на победа
 
Искрено никој не се ни надеваше дека Македонија со Русија ќе игра за прво место во 1/8 финална група. И на нас ни се уарни ова со победите, па сеа сакаме сите да ги совладаме.
Поарно е кога не очекуваме и не се надеваме на ништо.
 
И штом цитро френч лузер ја отвори темава, нема ни на што да се надеваме.

Денес очекувам Антиќ да изигра центар, а Дамјан да игра power forward. :D Барем у одбрана јаки ќе сме.
 
ама со отечена нога тешко да скока
А он па еден скок што има, кога ќе скокне можеш 2 листа хартија да му ставиш под нога - од 3 ќе се сопне.
 
Што му е па на Самарџиски :tapp:
Зет за прва братучеда. :D

Незнам што сте се уплашиле, Чековски уште по мотивиран ќе го стартува натпреварот, а дали ќе го заврши ќе видиме. :unsure::D
 
Реакцијата на просечен Македонец кој следи Евробаскет, кога дозна за раката на Гечевски.

michael-scott-no.gif
 
Хмм, и онака не верувам дека Самарџиски ќе го сопреше Мозгов под кошевите. Оваа ситуација само ќе не натера да играме и конечно да мора да проработиме од далечина.

Според мене натпреваров ќе го реши нашиот шут за 3, доколку конечно дојдеме на солидни 13-15 тројки со 45% шут, се е можно, во спротивно нема да поминеме ни 65 поена и го јадеме 10 и поввеќе разлика.
 
Пеџа имаше повреда, тродупла му била едната нога ама денес многу болки чуствувал и не е дефинитивно дека нема да игра ама со отечена нога тешко да скока и да ни е од помош.
Вечерва искрено не се ни надевам на победа
1. Човекот е 5 метра висок доволно е да ги испружи тие негови раце
2.Ионака никогаш не скокал - како што рекоа погоре. Самарџиски не верува во скокање така да не гледам тука проблем
 
Мозгов се разболел, некој вирусен пролив го стегнал од сабајле, ќе биде слаб и нема да може да скока од страв да не прдне.
 
Што ако не скока, и Владе Дивац во Лејкерс скокаше колку да ставиш лист хартија под него :)
 
Како и да е ќе играме од 20 часот. Доколку изгубиме кје играме на 14 - ти (среда) против Литванија, а доколку победиме ќе играме на 15 - ти (четврток) против Србија. Со победа ќе имаме и повеќе време за одмор.

Србите секаде пишуваат дека нас не сакале и со нас ја гледале шансата за полуфинале. Е стварно ги сакам Србиве за мезе!
 
Што и да се случи, јас сум презадоволен. Ова што се случуваше досега е најпријатното изненадување. Плус, на многумина им ги затнавме муцките, и отсега натаму, кога и да го напуштиме првенствово, тоа слободно можеме да го направиме со кренати глави. Криво ми е за повредите, но тоа е речиси неизбежна појава.
Оптимист сум за натпреварот со Русија, но како и да заврши не е крај на светот. Ретко сум бил вака среќен и воодушевен кога се работи за наша репрезентација. :cuc:
 
Мозгов се разболел, некој вирусен пролив го стегнал од сабајле, ќе биде слаб и нема да може да скока од страв да не прдне.

Кај е сега Македонец да те прочита и да се згрози од твојот речник :icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom