D_T
Чорбаџи Димко
ЗДРАВСТВЕН БИЛТЕН ВО НАШИОТ ТИМ
И покрај огромната желба, Тодор Гечевски сепак нема да може да настапи на денешниот дуел. Нашиот центар е под постојан надзор на лекарскиот тим, кој според последните испитувања дефинираше дека настапот против Русија е невозможен. Резултатите од испитувањата велат дека станува збор за фрактура во зглобот на левата рака, со што под голем знак прашалник се става и неговиот настап до крајот на Евробаскетот.
Предраг Самарџиски се здоби со силен удар во коленото на натпреварот против Словенија, кој резултираше со голем оток и болка која ги ограничува неговите движења. Лекарскиот тим на репрезентацијата прави големи напори да го оспособи Самарџиски за дуелот вечерва, но неговиот настап е се уште неизвесен.
Лестер Бо Мекејлеб и натаму чувствува болки во пределот на ‘рбетот. Плејмејкерот на Македонија е под постојан надзор од лекарскиот тим за санација на болното место, но не би требало да има проблеми во однос на настапот вечерва против Русија.
Останатите играчи се чувствуваат добро, а како единствен проблем се јавува уморот поради густиот распоред на Првенството. До крајот на шампионатот, Македонија ќе одигра уште четири натпревари.
извор
Последната средба од втората фаза на Евробаскетот се игра вечерва, а пред неа, неколку играчи во македонскиот состав имаат проблеми со повреди