Македонија - Русија, 12.09 - 20:00 ч.

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе видиме утре како ќе биде имавме доста поволни екипи најтешко беше со Грузија ама среќата на наша страна посакувам и јас победа ................
 
Гечевски има срце како планина

И покрај тоа што Тодор Гечевски има скршеница на зглобот на левата рака и напукнатина на лактот на десната, тој не сака ниту да слушне да не игра во продолжението на Европското првенство.

on.net.mk_373356.jpg

На натпреварот против Словенија кој нашата репрезентација го доби со 68:59, Тодор Гечевски играше со две бандажирани нозе, но во третата четвртина дојде и до посериозна повреда.

Не давајќи им значење на бандажите на неговите рацеи нозе, Гечевски не сака ниту да помисли дека нема да може да му помогне на својот тим во продолжението од Евробаскетот во Литванија.
Раководството на нашата федерација, потпомогнато од кошаркарската федерација на Литванија, ќе дадат се од себе за да пронајдат вистинска заштита за повредените раце на Гечевски, за тој да продолжи да ја води Македонија на Европското првенство.
Да потсетиме, Гечевски пред последниот натпревар од квалификациите за Евробаскетот против Велика Британија во Скопје, буквално побегна од операцискиот стол за да стигне во арената и да настапи, иако имаше сериозна скршеница на носот.
„Со срце на терен“, во вистинска смисла. Тоше Гечевски е пример кој треба да биде следен од секого.

11. Септември 2011 - 22:58

http://on.net.mk/sportal/kosharka/gechevski-ima-srce-kako-planina
 
Ќе ги тепаме и Русиве, Перо утре ќе биде главна фаца :)
Е сеа ако изгубиме ќе го тепаме Цитро оти е малер.

Citro е крив и што сонцето не се врти околу земјата,туку обратно :P
 
За утре се најавува температурите во Русија да опаднат за некој степен :) Да се влезе со поголема мотивација и со добра игра, мислам дека и 7-мата победа во низа не ни бега :)
 
Гечевски има срце како планина

И покрај тоа што Тодор Гечевски има скршеница на зглобот на левата рака и напукнатина на лактот на десната, тој не сака ниту да слушне да не игра во продолжението на Европското првенство.

on.net.mk_373356.jpg

На натпреварот против Словенија кој нашата репрезентација го доби со 68:59, Тодор Гечевски играше со две бандажирани нозе, но во третата четвртина дојде и до посериозна повреда.

Не давајќи им значење на бандажите на неговите рацеи нозе, Гечевски не сака ниту да помисли дека нема да може да му помогне на својот тим во продолжението од Евробаскетот во Литванија.
Раководството на нашата федерација, потпомогнато од кошаркарската федерација на Литванија, ќе дадат се од себе за да пронајдат вистинска заштита за повредените раце на Гечевски, за тој да продолжи да ја води Македонија на Европското првенство.
Да потсетиме, Гечевски пред последниот натпревар од квалификациите за Евробаскетот против Велика Британија во Скопје, буквално побегна од операцискиот стол за да стигне во арената и да настапи, иако имаше сериозна скршеница на носот.
„Со срце на терен“, во вистинска смисла. Тоше Гечевски е пример кој треба да биде следен од секого.

11. Септември 2011 - 22:58

http://on.net.mk/sportal/kosharka/gechevski-ima-srce-kako-planina

Во која смисла буквално побегнал.... Побегнал од болницата? :)
 
А што е и со Пеџа? Кога он се повредил? :(
 
Се допродолжија коментарите... Ова е на една страна на фејсбук...
Прегледај го приврзокот 33882
Овие копиљаците некако се многу самоуверени. Дечково Томас повеќе свршува на Русија отколку на Литванија. Па нека им се падне Русија во тој случај па нека дрка тогаш
 
Браво за Гечевски, играше и на квалификациите со скршен нос, и сега пак повреден, но човеков е вистински спортист и пример како треба да се игра за репрезентација. Не е веќе битен резултатот, дечкиве заслужија огромна почит, Гечевски посебно.
 
Нека се самоуверени, Антич кажа дека против секоја екипа играат исто и даваат максимум тоа ќе биде и со Русија.
И не ја заборавајте пораката на капитенот со која се обрати до Европа: "Нека дојде кој сака!" Дури и пораз не е страшно но добро е да се победи за да се продолжи серијата и полесен противник во 1/4 финале.
 
Дајте линк од профил на Јанкаускас.
 
Новата заедничка химна на Хрватска, Грција, Финска, БиХ,Грузија и Словенија
А можевме повеќе да имаме сега
но МекКејлеб пак ни бега
... ... ... Перо Антич лупа рампи
Самарџиски пак ни влета
... ... Војдан пак ни краде топки
Илиевски дава тројки
И кога не ебеше
тој ни се смееше
Јас маку ја корегирав со повеќе рима
Новата заедничка химна на Хрватска, Грција, Финска, БиХ,Грузија и Словенија
А можевме повеќе да имаме сега
но МекКејлеб пак ни бега
... ... ... Перо Антич блокади мава
... ... Војдан топката не ја дава
......Илиевски тројки става
..... Самарџиски пак не замара
На семафорот чудни бројки ох колку се добри овие момци!
 
Овие копиљаците некако се многу самоуверени. Дечково Томас повеќе свршува на Русија отколку на Литванија. Па нека им се падне Русија во тој случај па нека дрка тогаш

Кога не нема никаде, сите не мразат...
Кога тепаме, сите пак не мразат........само непријатели во овој светот. :)

(ама оваа втората варијанта некако по ми лежи ;) )

Силно против следните.
МАКЕДОНИЈА!!!
 
Кога не нема никаде, сите не мразат...
Кога тепаме, сите пак не мразат........само непријатели во овој светот. :)

(ама оваа втората варијанта некако по ми лежи ;) )

Силно против следните.
МАКЕДОНИЈА!!!
Та тепале та губеле ќе не мразат. Затоа подобро е да тепаме се живо диво и мртво, па нека не мразат. Нека имаат зошто :coffee:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom