Не знам што кренавте толку паника. Искрено се на се гледано јас мислам дека ова ни беше најдобар натпревар на првенството. Тоа што изгубивме, а имаме победа и пораз е затоа што Исланд е многу посилна репрезентација од Австрија и Чешка а не затоа што игравме лошо.
Имаше 3-4 исклучително глупави и неискусни потези (само ние можиме да правиме неискусни потези со 2/3 од репрезетација која игра во ЛШ и во СЕХА

) - примениот гол во пооследна секунда на прво полувреме, примениот гол по "контрата" на Борко и 2те минути за погрешна замена. И за жал тие ја направија разликата меѓу победа и пораз.
Останатото беше релативно добро и функционираше. Левата страна на Исланѓаните им беше комплетно отсечена без разлика што концентрацијата на играчи таму доведе до неколку гола на десниот бек Халмгринсон и десното крило Олафсон. Имаше акции и преку крило и преку пикер. Во прво полувреме добар беше и Лазаров. Ангеловски даде некој гол.
Борко стандардно слаб ама не ме изненадува воопшто се знаеше дека имаме најслаби голмани на првенството и дека тоа реално ни е најслаба алка во тимот. Обрван веројатно требаше да го смени со Диви, ама искрено Диви делува како да е на друга планета на првенствово така што којзнае дали ќе сменеше нешто.
И од Обрван сум денес задоволен, за разлика од на пример против Чешка. Мислам дека тактички солидно бевме поставени во одбрана и беа умртвени целосно исланѓаните, а и во напад се проигруваа разни акции макар што имаше и технички грешки, ама кога се оди со многу ризични додавања до пикери и влезови секогаш ги има. А мора да се оди така оти немаме шутери од 9-10 метри.
Судењето беше во рамки на нормала макар што во последните 2 минути не осакатија со непостоечкото исклучување на Миркуловски, а имаше и неколку сомнителни пробивања на Стоилов.
Тоа е тоа,
мислам дека имаме шанси за 9то место против Белорусија или Русија (освен ако направат чудо австријците со Шпанија).