Мaкедонија - Исланд [ 20.01.2014 - 16.00 часот ]

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување

Каков ќе биде конечниот исход?


  • Вкупно гласачи
    136
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Јас сепак мислам дека Борко ја напрај главната грешка и го изгубивме натпреварот. Се изглупира со контрата, демек ќе асистира за Гоце и ете ти еден лесно примен гол.
Толку ни е силата со овие играчи, то е то.
Денес барем не се предадоја пред време.
 
Што се глупира бе Бранче?
Или бара алиби за неуспехот со тоа шо ќе им наметне вина на "странците" кои играа за нас, иако реално ова не може да се нарече неуспех со оглед на ростерот на играчи со кои располагавме и никој не ни очекуваше нешто повеќе од поминување на група.
Ако му сметало нешто, требало да каже на почеток на подготовки и вакви несогласувања да си решаваат интерно, а не вака ко пичкица да квичи по медиуми.
У сите репрезентации имаш несогласувања и сите си кажуваат што им смета на почеток, само кај нас искачаат гомната од после :D
 
Не знам што кренавте толку паника. Искрено се на се гледано јас мислам дека ова ни беше најдобар натпревар на првенството. Тоа што изгубивме, а имаме победа и пораз е затоа што Исланд е многу посилна репрезентација од Австрија и Чешка а не затоа што игравме лошо.

Имаше 3-4 исклучително глупави и неискусни потези (само ние можиме да правиме неискусни потези со 2/3 од репрезетација која игра во ЛШ и во СЕХА :facepalm:) - примениот гол во пооследна секунда на прво полувреме, примениот гол по "контрата" на Борко и 2те минути за погрешна замена. И за жал тие ја направија разликата меѓу победа и пораз.

Останатото беше релативно добро и функционираше. Левата страна на Исланѓаните им беше комплетно отсечена без разлика што концентрацијата на играчи таму доведе до неколку гола на десниот бек Халмгринсон и десното крило Олафсон. Имаше акции и преку крило и преку пикер. Во прво полувреме добар беше и Лазаров. Ангеловски даде некој гол.

Борко стандардно слаб ама не ме изненадува воопшто се знаеше дека имаме најслаби голмани на првенството и дека тоа реално ни е најслаба алка во тимот. Обрван веројатно требаше да го смени со Диви, ама искрено Диви делува како да е на друга планета на првенствово така што којзнае дали ќе сменеше нешто.

И од Обрван сум денес задоволен, за разлика од на пример против Чешка. Мислам дека тактички солидно бевме поставени во одбрана и беа умртвени целосно исланѓаните, а и во напад се проигруваа разни акции макар што имаше и технички грешки, ама кога се оди со многу ризични додавања до пикери и влезови секогаш ги има. А мора да се оди така оти немаме шутери од 9-10 метри.

Судењето беше во рамки на нормала макар што во последните 2 минути не осакатија со непостоечкото исклучување на Миркуловски, а имаше и неколку сомнителни пробивања на Стоилов.

Тоа е тоа, мислам дека имаме шанси за 9то место против Белорусија или Русија (освен ако направат чудо австријците со Шпанија).
 
Не го гледав мечот затоа што не бев дома, разочаран сум но не премногу. Мислам дека ние шансата за повисок пласман ја испуштивме против Унгарија. Но и вака треба да им се оддаде почит на момците и не треба да се бара виновник зошто треба да се биде реален и да се констатира дека со повредите кои ги имавме, туѓиот терен и без подршка од публиката горе доле го достигнавме максимумот. Сума сумарум јас сум задоволен од оваа првенство иако се разбира дека очекував повеќе. Важно е да одржиме континуитет и да се квалификуваме и на наредното светско. Исто така е важно полека да ги интегрираме младите играчи. А моја прогноза е дека следниот тренер на Македонија ќе биде Лино Червар , се разбира ако РФМ паметно изигра и успее да ја договори работата.
 
Јас сепак мислам дека Борко ја напрај главната грешка и го изгубивме натпреварот. Се изглупира со контрата, демек ќе асистира за Гоце и ете ти еден лесно примен гол.
Толку ни е силата со овие играчи, то е то.
Денес барем не се предадоја пред време.
Дајте малку размислувајте и анализирајте, дојдете до поентата, не туку само пазарџиски муабети дека тоа ти било причина , најголем проблем е реков е поставеноста на одбраната ,примаме голови како луди , очекуваш да ти брани Борко кога цело време му фрчат топки од центар и најголем дел од таму примивме , пак ќе речам целосна утка во формацијата 6-0 , никаков ефект , па се чудиш зошто противничкиот голман имал супер ден со добри одбрани ,ај размисли ,која формација они форсираа во сите натпревари досега , Унгарија,5-1,Исланд,5-1,Австрија,5-1, Чешка да не зборам ,они ти беа нераштиман оркестар , никаква игра ,а не растури ја во одбрана ,БОРКО ИМАЛ лош ден , молим те .... Данска исто 5-1 .... реков сто пати ,забележав нема агресивност ни пресинг никаква во одбраната цело време уше од старт на Европсково , вие мене будала ме праевте дека да не бидам напорен .... па после ,јас сум крив што едно сте кажале ,а друго е ...
 
Ај бе борко го браните уште :tapp:
Од 10 метри од место ому шутираат 100 пати и ниедна не фати за тоа одбраната е крива ? сите над 9 метри се топки на голманот а овај ОДИ НА ПРОЦЕНКА СЕКОЈ ЕБАН ПАТ КАКОВ ГОЛМАН Е ТОА КОГА ПРЕД ВРЕМЕ ИМА ОДРЕДЕНО НА КОЈА СТРАНА ЌЕ ПОКРИВА ???? Не е ова футбал пенал рулет па пред време ќе бира голманот кај ќе се фрли .ОЧАЈ
Одбраната имам замерка само што не играа поагресивно на 9 метри и дозволуваа лесни шутеви ивлезови...никако не ја запиравме исландската акција со некој прешок и да ги врати на 9
 
Дајте малку размислувајте и анализирајте, дојдете до поентата, не туку само пазарџиски муабети дека тоа ти било причина , најголем проблем е реков е поставеноста на одбраната ,примаме голови како луди , очекуваш да ти брани Борко кога цело време му фрчат топки од центар и најголем дел од таму примивме , пак ќе речам целосна утка во формацијата 6-0 , никаков ефект , па се чудиш зошто противничкиот голман имал супер ден со добри одбрани ,ај размисли ,која формација они форсираа во сите натпревари досега , Унгарија,5-1,Исланд,5-1,Австрија,5-1, Чешка да не зборам ,они ти беа нераштиман оркестар , никаква игра ,а не растури ја во одбрана ,БОРКО ИМАЛ лош ден , молим те .... Данска исто 5-1 .... реков сто пати ,забележав нема агресивност ни пресинг никаква во одбраната цело време уше од старт на Европсково , вие мене будала ме праевте дека да не бидам напорен .... па после ,јас сум крив што едно сте кажале ,а друго е ...

Dafuq did i just read !?
Кој рече дека Борко имал лош ден? Кој рече дека играме јака одбрана?
 
Де бе кај може земја со 300.000 жители да биде сила во ракометот, како тоа малку луѓе а победија со земја со 2милиона, е ова ви е истото кога губиме од помали нации по бројност и кога викаат некои кај ние имаме ракомет земја од 2милиона и толку било, еми Исланд медали има носено дома....и доста со такви дефетизми

Многу глупо ми е кога некој вака ќе се изјасни, ај види ја Словенија, земјата е 100 години понапред од нас во секој поглед а сепак е помала од нас, и во територија и во население, ова твоево не држи вода ама ич.
 
Не знам што кренавте толку паника. Искрено се на се гледано јас мислам дека ова ни беше најдобар натпревар на првенството. Тоа што изгубивме, а имаме победа и пораз е затоа што Исланд е многу посилна репрезентација од Австрија и Чешка а не затоа што игравме лошо.

Имаше 3-4 исклучително глупави и неискусни потези (само ние можиме да правиме неискусни потези со 2/3 од репрезетација која игра во ЛШ и во СЕХА :facepalm:) - примениот гол во пооследна секунда на прво полувреме, примениот гол по "контрата" на Борко и 2те минути за погрешна замена. И за жал тие ја направија разликата меѓу победа и пораз.

Останатото беше релативно добро и функционираше. Левата страна на Исланѓаните им беше комплетно отсечена без разлика што концентрацијата на играчи таму доведе до неколку гола на десниот бек Халмгринсон и десното крило Олафсон. Имаше акции и преку крило и преку пикер. Во прво полувреме добар беше и Лазаров. Ангеловски даде некој гол.

Борко стандардно слаб ама не ме изненадува воопшто се знаеше дека имаме најслаби голмани на првенството и дека тоа реално ни е најслаба алка во тимот. Обрван веројатно требаше да го смени со Диви, ама искрено Диви делува како да е на друга планета на првенствово така што којзнае дали ќе сменеше нешто.

И од Обрван сум денес задоволен, за разлика од на пример против Чешка. Мислам дека тактички солидно бевме поставени во одбрана и беа умртвени целосно исланѓаните, а и во напад се проигруваа разни акции макар што имаше и технички грешки, ама кога се оди со многу ризични додавања до пикери и влезови секогаш ги има. А мора да се оди така оти немаме шутери од 9-10 метри.

Судењето беше во рамки на нормала макар што во последните 2 минути не осакатија со непостоечкото исклучување на Миркуловски, а имаше и неколку сомнителни пробивања на Стоилов.

Тоа е тоа, мислам дека имаме шанси за 9то место против Белорусија или Русија (освен ако направат чудо австријците со Шпанија).

Се согласувам со се што си напишал само уште ќе додадам дека испушти уште еден детал а тоа е слабата концентрација после и оние малку одбрани на Борко,мислам дека ниту една одбиена топка не прифативме.
На европско нема разигрување за пласман освен за 3 и 5 место така да другите места ќе се еаспоредат според резултатите по групи.
 
Не го гледав мечот затоа што не бев дома, разочаран сум но не премногу. Мислам дека ние шансата за повисок пласман ја испуштивме против Унгарија. Но и вака треба да им се оддаде почит на момците и не треба да се бара виновник зошто треба да се биде реален и да се констатира дека со повредите кои ги имавме, туѓиот терен и без подршка од публиката горе доле го достигнавме максимумот. Сума сумарум јас сум задоволен од оваа првенство иако се разбира дека очекував повеќе. Важно е да одржиме континуитет и да се квалификуваме и на наредното светско. Исто така е важно полека да ги интегрираме младите играчи. А моја прогноза е дека следниот тренер на Македонија ќе биде Лино Червар , се разбира ако РФМ паметно изигра и успее да ја договори работата.
бро добар е и Обрван , ми се допаѓа,тајм аут навреме, да укаже грешки , но како и да е ,направи грешка со одбраната , но му треба време,мислам е одличен за тренер наш , треба континуитет на игра да се наметне ,треба да остане подолго време ги синхронизира ... Најголема грешка исто правевме со мењавање цело време тренери а очекувате резултати ... Пр ви е Хрватска ,иста ситуација,го остави ја човекот , видете кај се на ова Европско во Данска ,супер се ... треба да му се помогне , оставете го ,има грешки,сепак кратко време е на позиција , ја подобри репрезантацијата мислам , само шо замерка реков , формација на одбрана , како и да е ... :)
 
Многу глупо ми е кога некој вака ќе се изјасни, ај види ја Словенија, земјата е 100 години понапред од нас во секој поглед а сепак е помала од нас, и во територија и во население, ова твоево не држи вода ама ич.

Па тоа се обидува да ви каже бе човекот, само не го разбравте... :)

Де бе кај може земја со 300.000 жители да биде сила во ракометот, како тоа малку луѓе а победија со земја со 2милиона, е ова ви е истото кога губиме од помали нации по бројност и кога викаат некои кај ние имаме ракомет земја од 2милиона и толку било, еми Исланд медали има носено дома....и доста со такви дефетизми
 
Не го гледав натпреварот, но го следев на работа преку live ticker.Веќе напишаа некои, најголемата шанса ја испуштивме против Унгарија; тие нè торпедираа од било која позиција на тој натпревар.Сега вие очекувате да добиеме натпревар против Исланд или пак Данска, против земји од каде и потекнува самиот спорт.Тој спорт им е врежан во нивната ДНК.Не дека ги потценувам со ова останатите земји.Инаку не ми паѓа толку тешко на душата фактот дека изгубивме колку што ми паѓа тешко на душата фактот дека ние секогаш мора да ги поправаме работите во „пет до дванаесет“.Па толку ли не разбраа дека секој натпревар е важен, уште не можам да разберам како можеа да дозволат да служат како топовско месо против Унгарија.Во генерала сум задоволен од селекторот, кај овој нема барем „клавајте голови“, на паузите секогаш се обидува преку стратегија возот да го врати на шини и секогаш се обидува да направи тој да се движи повторно.Реално и во репрезентацијава вреди само Кире, иако и тој прави грешки, ама само Кире вреди, сам не може да игра, овие другиве тешки дрва и сега вие очекувате Кире сам да ја води целата игра?Па како да ја води Кире сам целата игра ако нема хемија со останатите играчи?Не е возможно тоа.

Овој синдром на поправање грешки кога е пет до дванаесет мора да се смени во нашата репрезентација и мора, едноставно мора да разберат сите дека секој натпревар е важен.
Имам инаку само забелешка до Обрван тоа што не се обидува да спроведе некои тактики со брзи контри и не ги ни притиска играчите тоа да го прават.
 
бро добар е и Обрван , ми се допаѓа,тајм аут навреме, да укаже грешки , но како и да е ,направи грешка со одбраната , но му треба време,мислам е одличен за тренер наш , треба континуитет на игра да се наметне ,треба да остане подолго време ги синхронизира ... Најголема грешка исто правевме со мењавање цело време тренери а очекувате резултати ... Пр ви е Хрватска ,иста ситуација,го остави ја човекот , видете кај се на ова Европско во Данска ,супер се ... треба да му се помогне , оставете го ,има грешки,сепак кратко време е на позиција , ја подобри репрезантацијата мислам , само шо замерка реков , формација на одбрана , како и да е ... :)

Добар е Обрван не викам не. Работата е што Червар е многу подлабоко навлезен во работа со млади играчи од Металург и мислам дека подобро би ги интегрирал во репрезентацијата
освен тоа го познава подобро нашиот менталитет. Затоа ако се гледа на подолги патеки мислам дека Червар е човекот. Мене некако ми стои дека тој сега се обидува во Металург да произведе здрава школа за млади и да извади неколку таленти кои би биле евентуални носачи на игра во иднина и потоа да ја превземе репрезентацијата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom