Mакедонија има само 450 000 вработени!

  • Креатор на темата Креатор на темата ABC
  • Време на започнување Време на започнување
Не заборавај дека 150 000 од нив се администрација на која оние 300 000 треба да им ги платат и придонесите покрај високите плати.А тоа е и апсурдноста во целата оваа катастрофа,непримерна и невидена барем во Европа,ако не и во целиот свет.Па да бидеме реални бе луѓе дека ни во најстарите системи на општествено уредување не можело да се егзистира како државна форма доколку само 20тина % од населението продуцира капитал за себе но и за останатите 80%.

Aма се измешаа бројките....
Значи, во нашата држава со 2 милиони државјани живеат постојано околу 1,6-1,7 милиони луѓе. Околу 250 - 300 000 претежно (85 %) работоспособно население во Македонија престојува "туристички" односно плаќа даноци и други давачки но не се активни чинители во економската активност. Тие се полначи на буџетот и веројатно еден помал дел од нив се и покрај тоа пријавени како невработени.
Ако кон 450 000 се додадат и оние што работат "на црно" се стигнува до 600 000. Ако се додадат сега и 250 000 кои всушност работат и живеат надвор од Македонија но си ги броиме како наши (спаѓаат во категорија невработени или не бараат работа, но внесуваат девизи - сува пара) се стигнува до 800-900 000 македонски работници. Ако работоспособното население во Македонија (тука ги имаме впредвид и оние што не бараат работа: мрзливци, земјоделци, шалабајзери, студенти...) изнесува околу 1,4 милиони тогаш пак се стигнува до една бројка од околу 30% фактичка невработеност (или 1 рани 2,5).:toe:
Веројатно на тоа се должи издржливоста на нашето "магаренце" кое некако успева да ги на(х)рани "залежаните" во државната администрација.
 
Не е фер да ја разводнувате вака сериозна тема како што е невработеноста во Македонија ебаго,фактите се едноставни и јасни:
-Во Македонија според УЈП има 450 000 вработени кој треба да платат придонеси за да подигнат нето плата.Значи станува кристално јасно дека останатите се невработени или работат на црно што е уште потежок облик на девијација во едно општество или за една држава.Кога на тоа се достават релевантните податоци дека во Македонија има 150 000 вработени административци кој воопшто не го полнат буџетот туку само ја цицаат онаа 1.5 милјарда евра наменета за нивни плати и придонеси,се доаѓа до фактот дека во државава реални и непосредни работници се максимални 300 000 луѓе што представува 20% од работоспособното население во земјава,без разлика дали тоа е на привремена работа во странство или не сака да работи,или оти си има пари за да живее без работа.:toe:
 
Според најновиот систем за бруто плати,во Македонија придонеси треба да платат само 450 000 вработени.Овој податок всушност е реалната вистина со која денес се соочуваме.Можат од владата да мрчорат за сива економија или за скратени работни времиња,ама поразителен факт е дека во Македонија бројката на невработени изнесува окулу 650 000 луѓе,што значи дека невработени се повеќе од 60% работоспособно население.Би било интересно да се прочитаат вашите мислења по оваа тема,и да се продискутира за изнајдување начин како да го решиме овој навистина горлив и најголем проблем за нашата заедничка држава.

П.С.: АКО САКАШ НЕКОМУ ДА МУ ПОМОГНЕШ,ТОГАШ ВРАБОТИ ГО!

Навистина се страшни бројките за стапката на невработеност во земјава. И секогаш некој друг ни е крив за тоа. Не викам дека државата не е виновна за невработеноста, секако дека е .Наместо да инвестира во институции кои ќе отворат работни места, таа инвестира во трговски центри и слични градби каде луѓето ги трошат тешко заработените пари. Но, од друга страна мора да признаеме дека поголемиот дел од невработените со задоволство би седеле дома во мизерија и би кукале како не се тие криви за нивната невработеност, отколку да побараат некоја работа, барем така е со оние кои се наоѓаат во моето опкружување.
 
Никој не сака да остане без работа бе Спирка,никој верувај,проблемот лежи во тоа што ни една влада досега не направи некакви посебни услови да се намали или барем ублажи таквиот горлив и секогаш актуелен проблем.Тоа и беше целта на ваквата тема со која сакав барем малку да ја разбранувам форумската и другата медиумска јавност окулу изнаоѓање решение за оваа своевидна катастрофа од која сме погодени сите,целото општество и државата во целост,а најмногу од сите погодени се и вработените во реалниот сектор кој мораат да работат за 5мина за да ги задоволат мегаломанските побарувања на сите кој се “шлепаат“ на нивни грб,преку фондот за здравство но и преку МЕГА администрацијата која досега требаше да биде барем преполовена ама не е,туку напротив е наградена со повисоки плати и зацементирање на нивните работни места со решенија за заснивање на постојан работен однос.:toe:
 
Епа како што кажав, дур се подигаат на секој чекор трговски центри и се ставаат смешни скулптури на шмизли ништо не правиме. Место да се инвестира во подобро образование, во отворање на нова работни места и се што би придонело за подоцнежен квалитетен кадар и намалување на невработеноста, мора да се купуваат нови фотелји и некој да си го полни џебот за сметка на сите други. А за тоа дека никој не сака да остане без работа, само истакнав пример на еден мој комшија, кој веќе има изгубено волја. Беше 12 години без работа и сега нудат можност за вработување, но на човекот веќе преку глава му е и реши дома да си остане, па жена му да печали.:vozbud:
 
Не е фер да ја разводнувате вака сериозна тема како што е невработеноста во Македонија ебаго,фактите се едноставни и јасни:
...има 450 000 вработени кој треба да платат придонеси за да подигнат нето плата.Значи станува кристално јасно дека останатите се невработени или работат на црно што е уште потежок облик на девијација во едно општество или за една држава.....се доаѓа до фактот дека во државава реални и непосредни работници се максимални 300 000 луѓе што представува 20% од работоспособното население во земјава,без разлика дали тоа е на привремена работа во странство или не сака да работи,или оти си има пари за да живее без работа.:toe:

Немав намера да разводнувам... Верувам дека сите (како прво јас) што ги следеле "комедиите" со бруто платата навистина останале запрепастени од тоа дека 1 издржува или работи за 5-мина :nesum:
Јас само сaкав да укажам на тоа дека Македонците не седат дома и мрзелуваат како што напишаа некои - имаше такви случаи негде до 2002 дури сеуште се трошеа "резервите" - туку работат и на тој начин си обезбедуваат живеачка за себе и за туморот наречен државна администрација. Значи голем дел од работоспособното население на Македонија работи земјоделие, во странство, сива економија а не седи дома и гледа да не му дадат работа... Ако беше така денес во Македонија ќе имавме милион социјални случаи. И, иако за мене Македонија е држава на 1,6 милиони луѓе сепак 450 000 работни места навистина делуваат разочарувачки. Државата треба да направи сериозна ( ми е страв да речам револуционерна) стратегија за некаква позитивна промена. Во однос на државната администрација ќе треба или 1.да се намали, или 2.да се зголеми бројот на вработените во производствениот сектор, или и двете заедно + 3.да се изедначат нивните плати со просечните плати, а не како до сега.. За да се постигне првото изгледа ќе треба првин да се тргне од последното.:toe: Мене лично ме загрижува тоа што никој ( нит ВМРО, нит ЛП, ДУИ, МУИ... СДС не вреди да ги споменувам, поарно ич да не му ја мислат оти ако смислат нешто тешко нас) повеќе не зборува за економскиот развој, демек светска криза остај не, не не чепкај сега...:toe:
 
па добро тоа е скоро пола милион, а пола милион и не е баш малку. ако се земе у обзир дека македонија има 2 милиона а една просечна фамилија се состои од маж, жена и 2 деца, значи испаѓа по 1 вработен од фамилија.
баш како што рече бранко
 
Да дадам отказ, ние сме двајца вработени ?
Ај прашајте го Бранко.
 
Еве го правиот линк.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?itemID=703CD5547598F441BEFEFAE6182FDFBD&arc=1

Незнам што ве чуди

- 450.000 вработени со платени придонеси
- 200.000 вработени по најразличен основ
(вработени на договор - па само во администрацијата знаете колку ги има со договори, земјоделци, пота има еден куп привремено се надвор и сите останати вработени делумно)
 
Епа како што кажав, дур се подигаат на секој чекор трговски центри и се ставаат смешни скулптури на шмизли ништо не правиме. Место да се инвестира во подобро образование, во отворање на нова работни места и се што би придонело за подоцнежен квалитетен кадар и намалување на невработеноста, мора да се купуваат нови фотелји и некој да си го полни џебот за сметка на сите други. А за тоа дека никој не сака да остане без работа, само истакнав пример на еден мој комшија, кој веќе има изгубено волја. Беше 12 години без работа и сега нудат можност за вработување, но на човекот веќе преку глава му е и реши дома да си остане, па жена му да печали.:vozbud:

Aбе има примери,не велам не,проблемот не е во образованието каде се продуцираат кадри како на “штанца“,проблемот лежи во отварање работни места каде би се вработувале тие кадри,кој подоцна би учествувале во подобрување на целокупната економска слика на државава.

Немав намера да разводнувам... Верувам дека сите (како прво јас) што ги следеле "комедиите" со бруто платата навистина останале запрепастени од тоа дека 1 издржува или работи за 5-мина :nesum:
Јас само сaкав да укажам на тоа дека Македонците не седат дома и мрзелуваат како што напишаа некои - имаше такви случаи негде до 2002 дури сеуште се трошеа "резервите" - туку работат и на тој начин си обезбедуваат живеачка за себе и за туморот наречен државна администрација. Значи голем дел од работоспособното население на Македонија работи земјоделие, во странство, сива економија а не седи дома и гледа да не му дадат работа... Ако беше така денес во Македонија ќе имавме милион социјални случаи. И, иако за мене Македонија е држава на 1,6 милиони луѓе сепак 450 000 работни места навистина делуваат разочарувачки. Државата треба да направи сериозна ( ми е страв да речам револуционерна) стратегија за некаква позитивна промена. Во однос на државната администрација ќе треба или 1.да се намали, или 2.да се зголеми бројот на вработените во производствениот сектор, или и двете заедно + 3.да се изедначат нивните плати со просечните плати, а не како до сега.. За да се постигне првото изгледа ќе треба првин да се тргне од последното.:toe: Мене лично ме загрижува тоа што никој ( нит ВМРО, нит ЛП, ДУИ, МУИ... СДС не вреди да ги споменувам, поарно ич да не му ја мислат оти ако смислат нешто тешко нас) повеќе не зборува за економскиот развој, демек светска криза остај не, не не чепкај сега...:toe:

Сепак мораш да признаеш дека владата е таа која треба да створи услови за да се канализираат тие девијантни појави за едно општество или една држава.Да се зголеми процентот на наплата на придонеси,да им се овозможи и на оние кој никогаш не помислиле дека ќе плаќаат да платат здравство и пензиско/инвалидски фонд,со тоа што навистина давачките ќе им се модифицираат според можностите,оти вака имаме само бескорисна армија од кој државата само трпи трошоци но никако нема придонес.:toe:

па добро тоа е скоро пола милион, а пола милион и не е баш малку. ако се земе у обзир дека македонија има 2 милиона а една просечна фамилија се состои од маж, жена и 2 деца, значи испаѓа по 1 вработен од фамилија.
баш како што рече бранко

Да дадам отказ, ние сме двајца вработени ?
Ај прашајте го Бранко.

Остај бе па и ти,Бранко,Манко,20 години кукаме по некој “Бранко“ а не гледаме окулу себе што навистина ни се случува.Па се виде дека Бранко за ништо не го бива и сега што?Да си легнеме на брашното и да чекаме од бога здравје,и само да викаме Бранко е крив?Па крив е колку што е тежок,ама тоа не значи дека треба 100 години да ни биде оправдание за нашиот неуспех и за катастрофата која сеуште трае врз Македонската држава.Бранко ли е крив што во општините нема ефтина индустриска земја каде потенцијалните инвеститори би изградиле објекти во кој ќе се вработат луѓето,Бранко е крив што комуналните давачки,струја,вода и придонеси се премногу скапи за наши услови па дури и за во развиените западноевропски земји?Бранко е крив оти водата во Прилеп е 56 денари од кубик а ја купуваат за 2 денари?Или можеби Бранко е крив оти општината со помош на владата не изнајде 1 милион евра за да изгради пристапен пат со приклучоци за вода,струја и канализација на одредена општинска парцела која ќе им ја продаде на инвеститорите по симболична цена?Можеби Бранко е крив што ги наполнија училиштата со комјутерски (сега веќе одпад) без да го стават во функција а училниците им останаа руинирани заедно со санитарните јазли кој изгледаат како сцени за хорор филмови?
-Бранко,Бранко,Бранко,па дај да го стреламе оти никој од властиве нема мадиња да покрене ни една судска постапка против него за да му се докаже вината.Туку се чудам како не ви се скина тоа лентата едно те исто да “верглате“ 15 години.:toe:
 
Податоците од заводот за статистика и агенцијата за вработување се разликуваат. И двете се државни институции, па се работи за официјални податоци, па малце е чудно да бидат различни.
 
Најверојатно се работи за различни методологии, односно различна е категоријата. За Агенцијата тоа би биле (не сум баш сигурен за ова) оние кои се евидентирани како вработени во фирмите, а според заводот за статистика
Вработени се лицата на возраст од 15 до 79 години кои:
- за време на извештајната недела работеле за пари (во готово или во натура) или профит,
најмалку 1 час;
- за време на извештајната недела привремено (т.е. поради болест, отсуство, студии, прекин на
активноста на деловниот субјект итн.) биле отсутни од работното место, но формално биле
вработени;
- помагале на семејниот имот или во семејното претпријатие без плата.
Но факт е дека разликата е голема
 
Мислам дека најрелевантни сепак би биле податоците од УЈП.
 
УЈП може само да каже колку работници зеле плата, т.е. на колкумина им се платени придонесите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom