karan
бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Не заборавај дека 150 000 од нив се администрација на која оние 300 000 треба да им ги платат и придонесите покрај високите плати.А тоа е и апсурдноста во целата оваа катастрофа,непримерна и невидена барем во Европа,ако не и во целиот свет.Па да бидеме реални бе луѓе дека ни во најстарите системи на општествено уредување не можело да се егзистира како државна форма доколку само 20тина % од населението продуцира капитал за себе но и за останатите 80%.
Aма се измешаа бројките....
Значи, во нашата држава со 2 милиони државјани живеат постојано околу 1,6-1,7 милиони луѓе. Околу 250 - 300 000 претежно (85 %) работоспособно население во Македонија престојува "туристички" односно плаќа даноци и други давачки но не се активни чинители во економската активност. Тие се полначи на буџетот и веројатно еден помал дел од нив се и покрај тоа пријавени како невработени.
Ако кон 450 000 се додадат и оние што работат "на црно" се стигнува до 600 000. Ако се додадат сега и 250 000 кои всушност работат и живеат надвор од Македонија но си ги броиме како наши (спаѓаат во категорија невработени или не бараат работа, но внесуваат девизи - сува пара) се стигнува до 800-900 000 македонски работници. Ако работоспособното население во Македонија (тука ги имаме впредвид и оние што не бараат работа: мрзливци, земјоделци, шалабајзери, студенти...) изнесува околу 1,4 милиони тогаш пак се стигнува до една бројка од околу 30% фактичка невработеност (или 1 рани 2,5).

Веројатно на тоа се должи издржливоста на нашето "магаренце" кое некако успева да ги на(х)рани "залежаните" во државната администрација.