Mакедонија има само 450 000 вработени!

  • Креатор на темата Креатор на темата ABC
  • Време на започнување Време на започнување
Па јас студирам во Македонија не во светов.

Би те замолил твоите фрустрации немој дриг пат да ги лечиш на моите постови, без разлика дали ти касни исплата за јадење гомна по форуми или неможност за се заработи нелегално во последниов период:pusk:
Па ако студираш во Македонија, и размислуваш малце со твоја глава, тогаш треба да ти биде јасно дека и студентите треба да имаат право да заработуваат за живот самостојно, односно да можат ЛЕГАЛНО да бидат во работен однос! Впрочем, како што е и насекаде во светот!

А моите фустрации ќе ги лечам кај сакам, кога сакам и врз кого сакам (у последно време омилени ми се партиските војничиња налик тебе и самоубиствениот, без разлика од која пратија доаѓате)! Ќе се повторам: Е*ате простаците:tapp:!
 
Па ако студираш во Македонија, и размислуваш малце со твоја глава, тогаш треба да ти биде јасно дека и студентите треба да имаат право да заработуваат за живот самостојно, односно да можат ЛЕГАЛНО да бидат во работен однос! Впрочем, како што е и насекаде во светот!!

Точно.......но исто така и не треба да бидат дел од државната квота на студенти, постојат и приватни студии.
 
Точно.......но исто така и не треба да бидат дел од државната квота на студенти, постојат и приватни студии.
Па зарем мислиш дека тој што отишол на приватен факултет, ќе работи за 300-500 денари дневница у некој кафич или незнам што, каде што студентите и најчесто работат? Нема шанси.
 
Најголемиот проблем на студентите е токму тоа- праксата.

Кај нас во Македонија фирмите едноставно немаат искуство и доверба во ангажирање на студентите.

Тоа би требало да биде дел од една работна култура и однос кон потенцијалните идни работници, преку нивна обука и припрема веднаш да почнат со работа после студиите.

Значи условите за таа студентска пракса или работа со неполно работно време треба да ги креираат самите фирми, пред се корпорациите, банките, поголемите институции кои имаат потреба од млади особи со добра основа, амбициозни,работливи, кои брзо се учат итн.

Но, реално гледано и нашите млади кои што немаат работа, во голем процент се работо неквалитетни, ретко кој знае во целост да користи МС Офис, реткост е работната дисциплина и способност за работа под стрес.
Обично очекувањата нивни се “да клатат врата“ и да земаат пари, како што обично се случува со оние вработени во преполната администрација.

Затоа и пред да се жалите, прашање е колку од вас ВИСТИНСКИ пробале да најдат работа и колку се способни да одговорите на поголем предизвик од конобари и шанкери.
 
Gledam Brate ti si odgovoril na predizvikot pogolem od kelner i sanker so toa sto si ja napustil Makedonija:smir:
 
Gledam Brate ti si odgovoril na predizvikot pogolem od kelner i sanker so toa sto si ja napustil Makedonija:smir:

И ова треба да биде твоето или нечие оправдување?

Немам јас потреба да се објаснувам, сум имал можност за усовршување и практика во професијата, сум ја искористил.
Не сум плашлив, ниту помалце вредам од некој странец, сум се изборил за се' што сум постигнал.
А сум почнал како шанкер во Скопје уште од средно, за да сменам 3-4 места преку асистент во банка до маркетинг. Она кое су го избрал за професија. И тоа е многу ретка среќна оклност да го работиш она за кое си учел.

Сега успевам да се изборам во конкуренција на Полјаци и да бидам подобар од нивниот просек.
А условите драг мој Фајрвол, се многу потешки отколку што некој кој живее на туѓ грб може да разбере.
Тоа е самиот да си го планираш буџет, за ќирија, за школување, за трошоци од струја до храна и облека.
Ризикот е ако не те бива и ако немаш работа, единствената опција ти е да седиш дома, т.е. да се вратиш назад и да го правиш истото- да дремеш.

Затоа, повели.. искористи ја шансата и докажи се, во вистинска конкуренција каде нема пардон и каде што немаш мама-тато да најдат врски.
Се' зависи од тебе.
 
Па зарем мислиш дека тој што отишол на приватен факултет, ќе работи за 300-500 денари дневница у некој кафич или незнам што, каде што студентите и најчесто работат? Нема шанси.

Не збориме за хонорарна работа на црно заради пополнување на џепарлакот (тешко дека некој дава повеќе од 300 ден во кафич)...разликувај ......а ги има и такви што студираат на приватен и работат како келнери..не се сите од добро ситуирани фамилии.
 
Голем дел ако не и 2/3 студираат на земен кредит од банка. :toe:
 
Голем дел ако не и 2/3 студираат на земен кредит од банка. :toe:

Мислам дека си грешка во врска со ова.Сега високото образование го направија за да може секој кој има желба да оди да студира.200 евра годишно може секој да си дозволи.Ја сум во приватна квота и не сум на кредит а и не сум парајлија.А за приватните не сум информиран многу па неможам да кажам.
 
Затоа, повели.. искористи ја шансата и докажи се, во вистинска конкуренција каде нема пардон и каде што немаш мама-тато да најдат врски.
Се' зависи од тебе

Ризикот е ако не те бива и ако немаш работа, единствената опција ти е да седиш дома, т.е. да се вратиш назад и да го правиш истото- да дремеш.

Vistina i patokaz za drugite.
Go smeniv redosledot na napishanoto.:smir:
 
Дај извор, не туку трескајте луѓе глупости без врска.
Од кај ти е податокот? Или морало да се критикувала владата, па дури и ќе измислуваме негативни работи за ДПМНЕ, ама мора да има критика:pos2: СДСМ Прилеп мора нешто да работи :tapp:
Сите Македонци ќе бидат од ДПМНЕ & сателити, зошто за 2-3 години, СДСМ ќе умре како партија. :toe:
Брзо оди и земај членска книшка на ДПМНЕ :helou:

Aбе знаеш дека никогаш не зборувам џабе ебаго,и пак не веруваш во реалноста,еве ти малку “извор“:

Околу 200.000 граѓани во Македонија работат на црно и за нив не се плаќаат придонеси за пензиско инвалидско и здравствено осигурување. Овој податок произлегува од споредбата на податоците на Управата за јавни приходи, кои покажуваат дека се регистрирани околу 450.000 вработени, за кои треба да се платат придонеси и тие на Заводот за статистика, според кои вработени се 620.000 лица. Разликата покажува дека една третина работат во сивата економија.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3CECB893779930449C4497D232E7CE6B
 
така е абц
еве пример кај нас во Кичево скоро и да нема приватна фирма којашто плаќа придонеси
 
Мислам дека си грешка во врска со ова.Сега високото образование го направија за да може секој кој има желба да оди да студира.200 евра годишно може секој да си дозволи.Ја сум во приватна квота и не сум на кредит а и не сум парајлија.А за приватните не сум информиран многу па неможам да кажам.

На твојот факултет е 200 евра годишно.
Но има државни факултети каде приватната квота е 600-1000 евра. И плус трошоци. И тие на државна квота плаќаат и тие и приватна само различна цена. Правилно тие од државна квота треба да плаќаат партиципација 0 денари.

А инаку има луѓе што се на приватен од стипендии, од кредити од банки и самите студенти си заработуваат.
Финтата кај нас е што најчесто за работа за студент е келнер и шанкер да си. А да најдеш нешто од твоја струка е потешко. Ако некој правник или економист ете сака да учи нешто од своја струка тоа е претешко. Ќе ти рече газдата доаѓај на пракса ама не ти плаќам ич. А ти ги завршуваш поголемиот број од обврските и не ти плаќаат ни денар, а газдата си го вози најновиот модел на мерцедес и живее на Водно. Потоа фирмата ќе ја остави на својот ретардиран син, додека добрите и надежни млади луѓе ќе работат на едно исто место за просечна плата.
Кај нас се е пореметено. Не се цени квалитетот. Се ценат врските и партиската определеност.
Ретки се фирмите каде што може да напредуваш во работата вистински. Најчесто една работа ќе си ја работиш 40 години.

А за држава од 2 милиони жители вработеност од 450 000 е срамота.
Ама секој гледа само за себе што повеќе пари да си земе. Не гледа да успее фирмата и во следните години, таа фирма да опстојува генерации. Него од денес за утре. Земи што можеш повеќе. Зашто да ги пријавиш вработените? Не мора, нека се мачат тие, нека се нервираат. Со тие пари ти ќе си заштедиш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom