Македонија доби препорака за старт на преговорите

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Во момента от народа ништо не зависи.Норода може да седи и да чекса и да се надева,ништо повеке.Преди декември просто нема какво да се направи освен лобиране за да има притисок врз Грциja и самата таа да не стави ново вето по почнуването на преговорите.
.

Проблемот е тоа што нема да има притисок врз Грција.А народот и те како може да има влијание верувај, проблемот е тоа што сме си овци, овци сме си биле овци ќе си останеме.... Секој сака да биде дел од ЕУ, и јас сакам но ти не можеш да бидеш дел од некоја толку моќна унија со празни раце, едноставно немаат интерес од нас и тоа е тоа, да имавме некаква економија можеби, и тоа пак можеби, но проблемот е тоа што ништо немаме да понудиме, и повеќе од јасно е дека таа ЕУ за тој прием ќе бара да се откажеме од нешто; ќе ја испочитуваат Грција, која има што да понуди, и згора на се имаат некаква економија, за разлика од Македонија!
 
Тука има една апсурдна ситуација во која и мојот народ е дел од истата.

90% од Македонците се за влез во ЕУ и НАТО, а истото ЕУ и НАТо сака да им промени име, за кое пак истите тие 90% се да не се менува името.
Тоа драг мој Славјански не се вика апсурд, туку манипулација.
И тоа манипулација сервирана токму од оние кои ви беа најголеми чувари на името во државава.

"Извртувањето на фактите" во интелектуална смисла, може да продолжи бесконечно: единствената брана е што порано или подоцна, лажното убедување ќе се тресне од реалноста. Затоа "е нужен постојан напор да се види она што е пред нашиот нос" - Орвел

Ова го напишав уште пред повеќе од десетина месеци.
Тогаш ретко кој можеше да види што има пред сопствениот нос.
Дојде времето кога "лажното убедување се тресна од реалноста", а тоа за многумина како тебе ќе биде болно.

Одговорноста ќе ја лоцираш кај оној кој заради соствена "слава", лажно те убедувал дека во ЕУ и НАТО ќе можеш со уставното име.
Затоа не е крив народот кој лажно бил убеден, туку манипулаторот кој лажно убедувал.
Чаре ???

Бујрум:

Ditch4Roots.jpg

Мене некако не ми се јадат корења.
 
Реален друже, нигде те нема бе! Поминувај почесто вака да си полемизираме. :)
 
Реален друже, нигде те нема бе! Поминувај почесто вака да си полемизираме. :)
Поздрав и до тебе друже. Одамна не сум заминал.
Се надевам дека ќе скршиме некој конструктивен лаф-муабет :)
 
Проблемот е тоа што нема да има притисок врз Грција.А народот и те како може да има влијание верувај, проблемот е тоа што сме си овци, овци сме си биле овци ќе си останеме.... Секој сака да биде дел од ЕУ, и јас сакам но ти не можеш да бидеш дел од некоја толку моќна унија со празни раце, едноставно немаат интерес од нас и тоа е тоа, да имавме некаква економија можеби, и тоа пак можеби, но проблемот е тоа што ништо немаме да понудиме, и повеќе од јасно е дека таа ЕУ за тој прием ќе бара да се откажеме од нешто; ќе ја испочитуваат Грција, која има што да понуди, и згора на се имаат некаква економија, за разлика од Македонија!
Това зависи и от дипломациjaта и лобито на вашата влада.Еу сака балканската евтина рабонва рака,балканските пазари,а както ти сам рече-тук на балканите немаме икономики цвеке.Но новите пазари и евтината работна рака е примамливо за ЕУ.
 
I den potoa...eve gi...pocnaa!
Neka vi e nazdravje site onie koi svrsuvavte vcera gledajki vesti i pres konferencii...

Јавноста да се подготви на компромис за името

Тања Милевска Коментари (0)
prazno.gif
prazno.gif
15.10.2009 18:35
zoran-taler.jpg
Зоран Талер
Следните неколку недели ќе бидат решавачки за европските амбиции на Македонија. Ентузијазмот сега треба да бидат проследени со силна волја, за крајно решавање на спорот со Грција за да не се дозволи повторно застој во европските интергации.
Вака денеска европратениците, кои се занимаваат со нашата земја во Брисел ја разбираат одлуката на Европската Комисија да и се даде на Македонија прилика да ги започне преговорите.
Известувачот за Македонија, Зоран Талер, е уверен дека Премиерот Груевски јасно ја докажал својата волја уште во неговиот говор на 11-ти октомври. Сега треба да следат конкретни мерки.
„Јас многу внимателно го прочитав говорот на премиерот Груевски по повод празникот 11 Октомври, и мислам дека тоа е многу добар говор. Во говорот вели дека најважна цел на Македонија е да влезе во Европската Унија, и ако до тоа се придржуваме сите, проблемите ќе бидат решени“, вели Талер.
ivo-vajgl1.jpg
Национализмот да се замени со патриотизмот
Ниту Брисел, ниту Атина нема да се задоволат со декларативни заложби. Денешен „Фајненшл тајмс“ пренесува грчки дипломатски извори, кои велат дека ПАСОК нема да ја прифати препораката на ЕК, без претходно решение.
Фактот што Атина не се обиде да ја спречи препораката за членство, покажува нов дух кај јужниот сосед сметаат пратениците во Брисел.
Иво Вајгл, европратеник од Словенија повикува на патриотизам наместо нацонализам.
„Македонија мора да се однесува на начин што нема да ги иритира своите грчки соседи. Националимот не е баш најпрепорачлива состојба на духот, и треба да се разграничи меѓу патриотизмот кој е државотворен, и национализмот кој на истата држава и штети“, рече Вајгл.
evroparlament.jpg
Брисел нема да се задоволи со декларативни заложби
Една од поострите критики во вчерашниот извештај беше преименувањето на автопатот во „Александар Македонски“. Дипломатите овде сугерираат во прво време да се повлечат провокативните иницијативи за антички споменици и преименувања.
Потоа, полека но сигурно да се искористи еуфоријата, за да се подготви јавноста на компромис за името.
Со граѓанска поддршка од 95% за ЕУ и НАТО, со визната либерализација, со силниот мандат на Груевски и конструктивниот пристап на владата на Папандреу, дури и често критикуваниот референдум би поминал без проблем, веруваат бриселските дипломати.
 
Тоа драг мој Славјански не се вика апсурд, туку манипулација.
И тоа манипулација сервирана токму од оние кои ви беа најголеми чувари на името во државава.

"Извртувањето на фактите" во интелектуална смисла, може да продолжи бесконечно: единствената брана е што порано или подоцна, лажното убедување ќе се тресне од реалноста. Затоа "е нужен постојан напор да се види она што е пред нашиот нос" - Орвел

Ова го напишав уште пред повеќе од десетина месеци.
Тогаш ретко кој можеше да види што има пред сопствениот нос.
Дојде времето кога "лажното убедување се тресна од реалноста", а тоа за многумина како тебе ќе биде болно.

Одговорноста ќе ја лоцираш кај оној кој заради соствена "слава", лажно те убедувал дека во ЕУ и НАТО ќе можеш со уставното име.
Затоа не е крив народот кој лажно бил убеден, туку манипулаторот кој лажно убедувал.
Чаре ???

Мене некако не ми се јадат корења.

поздрав реален..од ко ни ја затворија политика дефект останавме.

а сега да се навратам на репликата.

прво што не мора да биде и основно,очекував едно честито за аирлија да спомнеш..нели вчершниот ден е едно убаво признание за нас како Земја.

е сега да сме начисто со тоа вчера јасно е нагласено дека капцитетот на земјата и сработеното дома ( што е континуитет на повеќе гарнитури) добива верификација, а мене пак најмило ми е само заради домашно раскусурување со експертите и известувачи квазиновинари од Брисел кои љубеа и медуимски замараа да кажат дека сме во САМОИЗОЛАЦИЈА. Ние одамна ги знаевме тие експерти колку се далекувиди, само белки после тоа вчера им зазвони свирката дека треба да ја сменат тактиката на дефетизам.

Мило ми е од една страна што натамошното наше не/интергрирање ќе се сведе само на политичка одлука врз насила наметнат проблем над нас од страна на една земја членка.Ова колку да се стесне маневрски простор на една група кои сакаат по секоја цена кичма да се подвитка.

од друга страна на тој што му е битна ``славата`` како што викаш во ниедна ситуација не кажа име со геогравска одредница е прифатливо за него како што еден за среќа бивш ``државник`` и неговата тајфа веќе подолго време отворено го застапува.

формулацијата ``разумен компромис`` можеш да си ја сватиш како куртоазна дипломатија што е наметната во спор прифатен раните 90-ти од страна на ``црвените кмери`` при тоа исклучувајќи го народот како компонента во било која одлука.

желниот за слава имаше до сега 3 години можност името да го смени...ама уште не го сменил...слаб манипулатор.

јас лично сметам дека нема во догледно време да добиеме датум ниту пак ќе влеземе, од веќе познатиот механизам на вето.

признанието за реформска влада со европски поглед е добиено вчера, сосем доволно за ``слава``.

- `` лажното убедување ќе се тресне од реалноста`` е сосем точно и досега видено на неколку последни избори кај нас, жал ми е само поради горчливата желба кај некои структури тоа да му се случи на политичкиот противник за тие да си ја дограбат улогата која ја имаат започното..гробари на Македонија.
 
Severna Makedonija, vo koja ziveat SlavoMakedonci(od koi golem broj so Bugarska Nacionalna svest), i Etnicki Albanci, Srbi, Turci i Vlasi.

Toa se gotvi vo kujnite na EU...samo taka ke vlezeme izgleda...

Koj e ZA???????:smir:
 
..нели вчерашниот ден е едно убаво признание за нас како Земја.

Земја, камења, песок. Признанието беше за БЈРМ, ама ајде, нека ти биде. И Оли Рен вели “земја“ кога му е незгодно да рече FYROM. Мислам дека имаш талент да бидеш добар евро-пратеник, кога ќе не примат.
 
сакаш нешто да ми етикетираш?
 
поздрав реален..од ко ни ја затворија политика дефект останавме.
Поздрав ogledalo.
прво што не мора да биде и основно,очекував едно честито за аирлија да спомнеш..нели вчершниот ден е едно убаво признание за нас како Земја.
Дококу сметаш дека Северана е за аирлија, во ред. Аирлија нека ни е.

е сега да сме начисто со тоа вчера јасно е нагласено дека капцитетот на земјата и сработеното дома ( што е континуитет на повеќе гарнитури) добива верификација, а мене пак најмило ми е само заради домашно раскусурување со експертите и известувачи квазиновинари од Брисел кои љубеа и медуимски замараа да кажат дека сме во САМОИЗОЛАЦИЈА. Ние одамна ги знаевме тие експерти колку се далекувиди, само белки после тоа вчера им зазвони свирката дека треба да ја сменат тактиката на дефетизам.

Мило ми е од една страна што натамошното наше не/интергрирање ќе се сведе само на политичка одлука врз насила наметнат проблем над нас од страна на една земја членка.Ова колку да се стесне маневрски простор на една група кои сакаат по секоја цена кичма да се подвитка.
Мене ми е искрено жал што сеуште мислиш дека пораката за старт на преговорите не е дадена со взаемен договор помеѓу македонската влада и авторитетите во ЕУ, кој во најскоро време треба да се реализира.

Во наредниве неколку месеци и двајцата ќе бидеме сведоци на ова.
од друга страна на тој што му е битна ``славата`` како што викаш во ниедна ситуација не кажа име со геогравска одредница е прифатливо за него како што еден за среќа бивш ``државник`` и неговата тајфа веќе подолго време отворено го застапува.
Па не го кажал токму поради тоа што му е битна "славата".
Каде му е сега двојната формула ?
Каде му се писмата ?
Каде се спомениците ?
Каде е Александар ?
Каде се неговите мегафони кои секојдневно низ Македонија пронаоѓаа по неколкумина грчки платеници ?

Ги нема.
Знаеш зошто ?
Затоа што јавноста се подготвува за компромис.

Еве што вели партиското гласило "Вечер" по објавувањето на наводното реререндумско прашање:

"Доколку се сака да се постигне успех во преговорите со Грција, прашањето за името треба да биде автентичен македонски општествен процес. Тоа нема да се случи со трикови по дипломатски пат за потребите на одредени грчки лоби групи, пласирани во Вест, може да се добие сосема спротивен ефект, а тоа е пропаѓање на референдумот. Тоа исто така може да предизвика и будење на радикалните сили кај Македонците кои на текстот во Вест можат да излезат со своја верзија на референдумско прашање: Дали сте согласни да се откажете од вековното и библиско име Македонија и Македонци, за членство во ЕУ и НАТО, како привремени асоцијации. Колку што е можна верзијата објавена во Вест, толку е можна и оваа."

Што ќе значи дека власта, или партијата на власт, се плашат од будењето, на како што ги оквалификувале "радикалните сили", кои до вчера самите тие ги радикализираа.

Ова е порака друже.
Затоа ценејќи ги твоите ставови, да сум на твое место не би бил толку еуфоричен
формулацијата ``разумен компромис`` можеш да си ја сватиш како куртоазна дипломатија што е наметната во спор прифатен раните 90-ти од страна на ``црвените кмери`` при тоа исклучувајќи го народот како компонента во било која одлука.
Изборот во деведесетите беше прифаќање преговори како возврат за влез во ООН.
Денес изборот е прифаќање компромис, како возврат за влез во НАТО и ЕУ.
Кмери се кмери.
Зарем има разлика дали се црвени или портокалови ?
желниот за слава имаше до сега 3 години можност името да го смени...ама уште не го сменил...слаб манипулатор.
Го знаеш вицот за кокошката која извртела неколку круга +, за да не помисли петелот дека е лесна ?
јас лично сметам дека нема во догледно време да добиеме датум ниту пак ќе влеземе, од веќе познатиот механизам на вето.
Па токму затоа некој ќе мора или да направи компромис, или пак да ги повлече апликациите за влез во овие сојузи.....и конечно да престане да го лаже народот дека може под една мишка, две лубеници да носи, бидејќи и обете се бајаги крупни.

Во спротивно и понатаму во анкетите ќе има 95% кои со уставното име сакаат во евроатланските структури.

Ете доколку ти е за утеха, и јас сакам.
А дали е можно тоа што го сакам, е сосема друго прашање.

признанието за реформска влада со европски поглед е добиено вчера, сосем доволно за ``слава``.
Само два збора:
Пирова победа.
 
Земја, камења, песок. Признанието беше за БЈРМ, ама ајде, нека ти биде. И Оли Рен вели “земја“ кога му е незгодно да рече FYROM. Мислам дека имаш талент да бидеш добар евро-пратеник, кога ќе не примат.
Ами што да правиме кога РМ во ЕУ се нарича така.Човекот е заставен да употребува това име.Извиштаja е и оптимистичен има и критики,но те са градивни.Оттука насетне се е во рацете на дипломациjaта на Скопje и Атина.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom