Famozniot KONSENZUS vo EU, koj sluzi za ucenuvanje na Makedonija, izgleda im se treska od glava i na nivna teritorija...Bas mi e milo sto go citam ova..kako se davat vo sopstvenite GOVNA:pos2:
БРИСЕЛ ГО ГУБИ ТРПЕНИЕТО СО ЧЕШКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ
Клаус недостапен за ЕУ Чешкиот претседател Вацлав Клаус почна кампања за да го сопре развојот на Европа со тоа што ќе го урне Лисабонскиот договор, со што ќе паднат во вода осумте години тешки преговори, но и иднината на Унијата, оценуваат европските аналитичари за британски „Гардијан“. За човек кој се осмели да застане сам меѓу Европа и нејзината иднина, Вацлав Клаус во последниов период претера со ролјата на тешкодостапен. Минатата недела беше во Албанија, оваа во Русија: чешкиот претседател, како врвен магионичар, успешно ја изведува точката со исчезнување, токму кога ја натера цела Европа да игра по неговата музика. И додека во сите европски центри е во тек панична кампања за да се доведе во ред најголемиот европски одметник, тој се фокусира на продажбата на својата најнова книга „Сината планета и зелените пранги“, па така додека Европа е во паника, тој смирено вечераше крај прекрасниот албански јадрански брег. Како врв на дрскоста, Клаус пет дена не возвраќа на телефонските повици од шведскиот премиер Фредрик Рајнфелд, моменталниот претседавач со Унијата. Кутриот Јан Фишер, вршителот на должноста премиер на Чешка, има уште понеблагодарна задача да биде посредник меѓу тврдоглавиот Клаус и остатокот од Европа. А Клаус не му олеснува. Во изминатава недела тој успеал само еднаш на кратко да го добие на телефон, но не и да договори средба. Промоцијата на својот трактат, во кој тврди дека единствен придонес на човештвото за глобалното затоплување е создавањето на митот дека тоа воопшто постои, Клаус ја продолжи во Москва. На средбата со рускиот претседател Дмитри Медведев, тој му ги објасни во детали своите позиции за Лисабонскиот договор. Уште една шлаканица за европските лидери, кои не сака да ги удостои ниту со тоа што ќе им одговори на телефонските повици. - Се плашам од продлабочената интеграција на Европската унија. За мене тоа е од животна важност и не сакам да го негирам тоа што сум го рекол - изјави тој во Москва. Чешката јавност, исто така, е многу загрижена од однесувањето на нејзиниот претседател, кој почна да претставува сериозна закана за политичката иднина на земјата. - Ова веќе не е политичко, ова е лично. Претседателот целосно ги занемарува интересите на својата земја и се однесува како некој ориентален деспот! Двата дома на чешкиот парламент, Уставниот суд и владите на 27. членки на ЕУ го поддржаа договорот. Но, претставниците на 500 милиони луѓе грешат, а тој бил во право! Тој навистина е убеден дека го држи монополот на вистината - револтирано објаснува Јири Пехе, истакнат чешки политички научник. Јавното мислење и натаму е поделено околу намерите на Клаус затоа што тој е целосно непредвидлив. Дали на самитот на ЕУ кон крајот на месецов ќе бара формула што ќе му го спаси образот? Или, пак, неговите барања се намерно толку максималистички за да не можат да бидат исполнети и договорот да остане непотпишан. Чии интереси сега застапува претседателот, на кого, очигледно, многу помил му е Владимир Путин од Жозе Мануел Баросо?
Како и да е, ако чешкиот Уставен суд по вторпат одлучи дека Лисабонскиот договор не го крши Уставот на земјата, Клаус веќе ќе нема оправдувања да не го потпишеше договорот. Претходно, по успешниот референдум во Ирска, му пропадна и „вадењето“ на ирското одбивање. Но, ако и натаму одбива да потпишеше, ќе дојде до уставна криза. Клаус во тој случај ќе се соочи со отповикување или ќе биде прогласен за неспособен да ја врши својата должност и суспендиран од функцијата. Овие опции бараат многу време, со што Лисабонскиот договор останува ранлив поради можниот британски референдум, ако на изборите во април идната година во таа земја на власт дојдат конзервативците на Дејвид Камерон.
Обложување за дуелот Клаус - Лисабон
Чесите од вчера имаат можност да заработат во обложилниците ако го погодат одговорот на прашањето дали нивниот претседател Клаус ќе го потпишеше Лисабонскиот договор.
Квотите засега се изедначени: 1,7 дека Клаус ќе потпишеше, а 1,9 дека нема. Многу обложилници, сепак, не ги прифаќаат овие обложувања поради тоа што сметаат дека Клаус е непредвидлив.